Претерана дебелина кај децата од предшколска и рана школска возраст

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ја отварам овде, ако треба нека биде преместена во Здравје или Општи.

Живеам на улица која води и до градинка и до Основно школо. Забележувам дека децава кое од кое по буце. Не да речам апла, ама со вакво темпо Америка не ни бега. Башка гледам наслов денеска:

КИСЕЛА ВОДА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ДЕБЕЛИНА КАЈ ДЕЦАТА

НУТРИЦИОНИСТ ЌЕ ГО ПРАВИ МЕНИТО НА ШКОЛСКИТЕ КУЈНИ
Наместо брза храна, во училишните кујни ќе се сервираат традиционални македонски јадења со многу овошје и зеленчук

Нутриционист ќе учествува во подготовката на храната за децата од основните школи во Општина Кисела Вода. Наместо брза храна, во училишните кујни ќе се сервираат традиционални македонски јадења со многу овошје и зеленчук.
Во училиштата каде што има кујни, храната ќе се приготвува на самото место, а онаму каде што нема, ќе се транспортира по сите стандарди пропишани од Агенцијата за храна и ветеринарство.... повеќе на линкот: http://grid.mk/read/news/508516591/8479351/nutricionist-ke-go-pravi-menito-na-shkolskite-kujni

Дали сакате да кажете дека Министерството за Образование и Министерството за Здравство до сега по ни една точка нема разговарано за ова што е и баш сериозно прашање?

А гледам дека ни игралиштата не се полни како во наше време со деца. Иако деца има! Седење дома или премногу допуштање од родителите?
 
Многу седење пред комп. а воедно и храната не е таква каква што беше порано. Сега имаат од се и сешто а многу голем дел од тоа е инстант направено со вештачки вкусови за да биде по вкусно итн итн итн... Значи земи пример пилешкото, пред 25-30 години кога јас бев дете, е тогаш се правеше од кокошки одгледувани дома или на фарма хранети со тоа што треба да се хранат итн итн итн... а сега за 3 дена од јајце пораснува у пиле па у кокошка и веке 4-тиот ден е на колење однесена и се продава како стек а ус пат ги клукаат со 300 конзерванси за да добијат на маса и сл.... итн итн итн...

барем јас мислам дека е ова само еден од причинителите, а верувам дека ги има 1 000 000 ако не и повеке.
 
Одамна го имам приметено ова, мали деца во основно школо, претерано дебели за нивна возраст, физички неактивни но најмногу лошо хранети, нездрава храна, фастфудови, скари, прженици, поховани работи, многу малку овошје и зеленчук.

Но јас не го обвинувам школото туку родителите најмногу, често децата го следат нивниот пример на исхрана, најлесно за родителот е да порача пица или скара или на детето да му даде 100 денара да си купи хамбурегер или тост.

Истиот проблем е и во средните школи, особено кај девојчињата, морам да бидам вулгарен но такви газови на 14, 15, 16 години се срамота, какви ќе бидат тие жени на во 20-тите или тек во 30-тите кога ќе родат и деца.

Тоа е болеста на модерното време и за жал не гледам решение за тоа, ќе пробаат од министерствот и нема да успеат, треба многу работа, а они немаат ни концепт, но пак ќе кажам ако родителот не го воспита детето за здрава храна, тешко школото дека ќе може многу да промени.

А онаа „традицонално македонско јадење“ од текстот погоре, и тоа треба да се дефинира, не секое наше јадење е здрава храна, пинџур на бел леб, пржени рибанки или некои мрсни манџи не се повеќе здрави од хамбурегер или сл. фастфуд.
 
Кај мене во населба не сум приметил ваков проблем. Има чат-пат некое дебело дете, чии родители исто така биле крмаци. Децава се како бијафра сите, плус секој ден спортуваат (фудбал/баскет) :icon_mrgr:
Не гледам некоја битна разликс во мојата исхрана пред 10-тина години и нивната сегашна исхрана...
Божем ние во основно сме носеле канче боранија од дома и сме ја јаделе, се знаело што јадеме, ѓеврек, перек, кроасан со шунка и кашкавал или сирење, парче пица, тост, хамбургер, пирошка, бурек итн.
 
Овој дел

КИСЕЛА ВОДА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ДЕБЕЛИНА КАЈ ДЕЦАТА

НУТРИЦИОНИСТ ЌЕ ГО ПРАВИ МЕНИТО НА ШКОЛСКИТЕ КУЈНИ
Наместо брза храна, во училишните кујни ќе се сервираат традиционални македонски јадења со многу овошје и зеленчук

И доаѓа детето дома, и ги гледаш родителиве...

-"Што ти дадоа денес за јадење"

-"А бе ништо, малце зеленчук, малце овошје, и тоа..."

-"Леле сине на мајка ми те прегладнеле... чекај сега мама ќе ти зготви ќебапи :place:"
 
Се супер али џабе ако и дома не се смени навиката. Во школо ете ќе јадат овошје и зеленчук, ќе дојдат дома и како што кажа @Scirea ,,...чекај сега мама ке ти зготви ќебапи" Тие 5-7 саати ништо нема да сменат.
 
Немам приметено по улицава ама другар одеше кај нутриционист за да ослабе за операција и вика оделе деца 5-6то одделение :facepalm: Додека родителите не ги запишуваат децата на спорт, ќе гледаме вакви појави. "Ама не може детето да ми плива во ваква ладна вода ве молам, дали сте нормални?" Ама затоа нас ненормалните грип еднаш не нема фатено, ниту сме имале некоја болест на плуќа колку и да било ладно, за болки во телото и дебелина па да не правам муабет. Пицајзли родители, пушти го да се челичи, да му се развие и циркулација и метаболизам, па нека седи после на компјутер колку сака, ќе видиш како ќе стане здраво право. А не ко шо кажаа погоре девојчињава газишта со сало на 15 години и машкиве цицки поголеми од женски.
 
Си носел да, ама квалитетот на начинот на производство на истата таа боранија пред 20 години и сега не е ни приближно иста. Денеска со сите тие индустриски прозводњи и гмо и шо ти ја знам, конзерванси итн итн итн.... не е исто како порано. Пред 20 години се знаеше кога за што е сезона и што и кога има, сега одиш у декември и купуваш јагоди или лубеници, е тие дефинитивно не се природни и верувам дека се по штетни да и јадеш него ли да не ги јадеш... Ама пуст народ, стрвни се до даска.... Фала богу јас не сум а и мојата фамилија, али сите други у фамилија т.е. фамилија од кај мајка ми татко ми сестра ми и сл. кај мене.... страв да те фати.

Не гледам некоја битна разликс во мојата исхрана пред 10-тина години и нивната сегашна исхрана...
Божем ние во основно сме носеле канче боранија од дома и сме ја јаделе, се знаело што јадеме, ѓеврек, перек, кроасан со шунка и кашкавал или сирење, парче пица, тост, хамбургер, пирошка, бурек итн.
 
Нема ништо лошо во то да си дебел и среќен, вака ме дискриминираат да видиш ти јас шо дебелуцкаст патуљак бев во детството.:X3:
:)
 
Дебело дете е НЕПРИФАТЛИВО!!!
Кривицата е на РОДИТЕЛИТЕ!!!
99% од децата се деца кои немаат некаков здравствен проблем или хендикеп, па од таа причина занимавањето со спорт е МОРА. И за кошарка, и за ракомет си има тренинзи за деца. Ги спомнав овие две, од причина што топката за кошарка е поголема од нив, а ракометот е груб. Но, Тренинзите се прилагодени за нивна возраст. Кај што идам на кошарка со колегите, има дечиња од .......... и од 5 год. А моето почна од 3год. не знаеше да оди како што треба, ама ............ тоа истрчување, изморување, насмеаност не нешто непроценливо. Му дале топче во рака и му викаат да оди со отворена дланка .............. кое цепки биле:pos:
Со занимавањето со спорт, ќе се развие и осетот/потребата за здрава храна. Која храна, во кој дел од денот, дали пред тернинг или после, крем-бананче ЗА време на тренинг, ......
Плус, на кеј, ролери, трчање, точак, ....... се' се ова работи кои не чинат многу.
 
И јас бев на времето огромен па се средив по моја лична иницијатива..немав толку лоша исхрана дома ден денес тоа го јадам едноставно требаше само да воведам контрола што дефинтивно ја немаат новиве генерации не само за јадење туку за се што прават...друга работа е што се послабо се запишуваат децава на било каков спорт, а дремат пред пц(барем нешто да научеа од компјутериве)...макар оделе 3 тренинга вреди да се проба и тоа што го збореа погоре на ладново надвор ќе тренираат, водата е ладна, тренерот ги пцуел не знам што, па што ако мене тренерот во 2ро одд ми пцуеше од прво до последно колено па никому ништо...денешниве ги глеам сите стаклени и со тоа ранците нагрнати искривени згрбавени како загубени германци одат без никако став...
 
Бреееј, со толку спортски сали и спортски игралишта кои ги гради нашава влада пвеводбеничка, децата се дебели ?

Домашната храна треба да преовладува како дома, така и во училиштата, а не храната од менза, од бифе или било која друга брза храна.

Брзата храна, а не домашните ќебапи или не знам кои други домашни специјалитети, е главниот виновник за дебелината.

И немањето физичка активност, се разбира.

Проблемот е во тоа што под физичка активност многумина подразбираат теретана или тренирање фудбал, кошарка, ракомет, одбојка или некој друг спорт, додека во реалност, физичката активност може да биде многу рекреативна и исполнувачка, како на пример прошетка на Водно.

Нека ги носат децата еднаш неделно на настава во природа, на пример на Водно и за веќе месец дена ќе видат позитивни резултати. Откако децата ќе стекнат кондиција, ќе сакаат и за викенд да шетаат во природа.

Кога и онака 8 месеци децата ќе одат на училиште, ништо нема да ги чини даскалите да одделат 1 (ЕДЕН) ден од неделата за прошетка во природа, па и тие да се ослободат од топлиот воздух во нивните даскалски тикви на кои им фалат повеќе даски отколку на сите ученици во училиштето.

Или возење велосипед или ролерки покрај Вардар, или било која друга активност која ќе троши енергија на рекреативен начин, а не на начин од типот билдање на мускули и слични тормозења.

Мускулите треба да се чуваат за цел живот, а не да се трошат во младоста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom