Споменик/Тврдина кај Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Локација
Middle of nowhere
На излезот од Скопје кон Велес, малку после тунелот од десна странат, на височинка се наоѓа една кула со останати ѕидови како фортификација. Барав по интернет ама ми излегува само Скопското Кале, дали некој има информација дали е ова споменик подигнат во тој стил или е остаток од тврдина. Колку што успеав да погледнам на брзина изгледаше како тврдина?
 
За тоа во клисурата после Катланово ли мислиш?
 
Да, да фала многу јас сум на историја и археологија и ме интересираше пошто прв пат ја забележувам.
 
На ова ли мислиш?

Кожле (меѓу Скопје и Велес)

8.jpg


2.jpg


3.jpg


4.jpg


7.jpg


5.jpg


6.jpg


im_134_291.jpg

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=736&PID=179871#179871
 
https://www.google.com/maps/place/K...2!3m1!1s0x1354308fa40d3081:0x4cde9bdfcf25d357

Бидејќи е кај село Кожле, најверојатно се работи за ова:
Град Кожле, гранична стража.Месноста „Маркови Кули” лежи 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Се издига 70 м над реката. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини; денес преку тоа седло поминува автопатот од Скопје кон Титов Велес. Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајќи ги двете антички траси на Вардарската магистрала (и денес тука водат два еднонасочни автопата) западно и источно од Маркови Кули.

im_134_291.jpg

via Build.[DOUBLEPOST=1410019134][/DOUBLEPOST]Ете некој бил побрз.
 
И дали има некаква историска вредност и значења оти кога читам википедија нешто не ми е веродостојно ???
 
Во ова место да се среди наместо златните јајца на Букефал, да направеа ресторанче нешо у византиски стил, одмаралиште за патници, па да го обновеа замокот, видикот е прекрасен од таму, ќе имаше сигурно уше една историска туристичка атракција, секако на тој автопат одат сите шо одат накај Грција/Турција. Ама не, барокната вртелешка и античките сплавови се побитни.

Со тоа антиката се претера, најверојатно после диносаурите македонците се први на планетата... само да не завршиме како нив.
 
Последно уредено:
https://www.google.com/maps/place/K...2!3m1!1s0x1354308fa40d3081:0x4cde9bdfcf25d357

Бидејќи е кај село Кожле, најверојатно се работи за ова:
Град Кожле, гранична стража.Месноста „Маркови Кули” лежи 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Се издига 70 м над реката. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини; денес преку тоа седло поминува автопатот од Скопје кон Титов Велес. Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајќи ги двете антички траси на Вардарската магистрала (и денес тука водат два еднонасочни автопата) западно и источно од Маркови Кули.

im_134_291.jpg

via Build.[DOUBLEPOST=1410019134][/DOUBLEPOST]Ете некој бил побрз.
Пчиња
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom