Ме наместија да бидам кај една учителка по Биологија, демек класна им била на сестра ми, братучеда ми, братучед ми, па ај и мене.
И не читаат така, се качуваме еден по еден по скали и влегуваме во училницата. Влегувам и јас, ко гледам околу мене, абе еден да се погодеше од основното училиште од кое доаѓав, ЕДЕН. Сето непознато, со ретки 2-3 исклучоци кои сум ги знаел онака по видување и толку. Дури и едно дебелко дете немаше место кај да седни, па се потпре на масата, при што ја свитка ногарката, и за малку ќе зануркаше по подот. Подоцна истото дебелко дете ми стана најдобро другарче.

Потоа си одам дома и им велам на домашните-Ќе се преместам. Онаму никој не знам, вака и вака, ко странец сум, сето непознато, дали ќе се прилагодам, а, у, ова она. И ми се испули татко ми со поглед кој значеше крц, па замолчив во тишина ко песнана. Се прилагодив за некој ден, заживеав со сите тие фацки, и сметам дека до ден денешен можеби е подобро и така што испадна. Ем нови лица-пријателства, ем старите си останаа горе долу.
Средно е жими к.. То шо игравмe пинг понг до ниедно време во гимназијата, е најдобро потрошното време од тој период. Добри беа служителите за тоа, не оставаа и по неколку часа по официјалното завршување на 6-ти час во 18:40.