Толстој
екс Бомбастичен

Годинава финалето од Европа Лига ќе се игра во Варшава на националниот стадион кој има капацитет од 56.826 седишта и изградбата на овој стадион започнала во 2008 година а стадионот комплетно бил завршен во 2011 година.

Во Европа Лигата и оваа сезона ќе стартуваат 48 тимови кои се поделени во 12 групи по 4 тимови.
Годинава најдобар наш тим во елитното натрепварување беше Металург кој стигна до третото квалификациско коло каде што отпадна од Кипарскиот гигант Омониа со вкупен резултат 4:0, а пред тоа поминаа преку Железничар и Санта Колома. Турново и Шкендија пак не успеаа да го поминат ни првото коло каде што отпаднаа од Чикура (Грузија) и Зимбру (Молдавија). Повеќе среќа догодина.

Сите овогодишни учесници во ЛЕ можете да ги погледнете на мапата погоре. Нација со најмногу учесници е Италија која оваа година има 4 екипи во ЛЕ.
Еве ги и групите кои беа извлечени денеска попладне.

За мене лично групата Х ќе биде најжешка и воедно најинтересна за гледање.