Оглас за вработување во МВР

  • Креатор на темата Креатор на темата Wyatt Earp
  • Време на започнување Време на започнување
колку обиди ?
Прв обид ми беше ова за во МВР. Имав отворено тема за тоа како е вработена личност во ЕЛЕМ иако нема факултет завршено, дека личноста е роднина на загинат во Смилковско езеро, сум немал шанси на тој конкурс.
Моментално пред неколку дена бев на интервју за работа во една државна институција но немам очекувања од тоа интервју од причина што интервјуто не траеше ниту 5 минути, само кусо ме прашаа за моето високо образование, јазици познавање, иако тоа го имаат се во документите со кои аплицирав.
Иако позитивно е што напамет знаеја колкав ми е просекот на факултет барем ми ги читале претходно документите од факултет.[DOUBLEPOST=1449305006][/DOUBLEPOST]Инаку да, ако некој има човек од партија што може да го прогура тој може да се вработи. Нема врска со приказните од типот требало да се биде член повеќе години во партија.
Знам лик што се вработи во државна администрација, а ликот на неколку последни избори гласаше за опозицијата, и активно ја плукаше власта, дури на фејсбук се до неодамна имаше лајкови ставано за политичари и опозициската партија а сега ги повлече тие лајкови.
Но велам типот нашол врски, татко му и некои негови роднини со децении работат во секакви државни установи уште од времето на социјалистичка Југославија, ете иако тие луѓе повеќе ја преферираат опозицијата отколку власта, се вработуваат во државни установи кога знаат да најдат врски.
Така да со вистинска врска може да се дојде до работа.
Типот иако никогаш ниту гласал за ВМРО ДПМНЕ ниту одел на нивни митинзи, дури и гласал за СДСМ пак се вработил, а колку само луѓе што овие последни години лепеле плакати за власта и оделе на митинзи и обезбедувале гласови пак останале со куси ракави.
Јас не сум одел на митинзи ниту сум лепел плакати а како им е на луѓето што се извисени самите си знаат.
 
Последно уредено:
не е мој штаб,да беше мој штаб како што кажуваш ќе влезев.Не сум трчал нит за партија,нит имам јак човек.Нит се потрудија моите да најдат,пошто мислеа дека би прошол регуларно,дека не е до толку како што се кажува,искрено и јас мислев така,ама испадна дека не е.Стигнав до интервју и ме бутнаа :D

ти кажувам,од штаб на мои другари,многу деца што беа први на листа,не ни влегоа,а други што од нигде никаде(односно со 1-2 луѓе) влегоа,благодарение на позицијата на тие луѓе во партијата.Тоа сакам да ти кажам,дека и тие твои другари,имале ЧОВЕК во партијата што ги вработил,без разлика дали трчале или не.
Мислев на штабот во мало,кај што биле другарите. Иначе нормално и таму си има хиреархија,тој што ги праел списоците може да е никаков фактор па затоа.
Али сигурен сум дека не треба којзнае каква врска у споредба со другите работи во администрација :)
 
не треба...ама треба да САКА да помогне...тоа ен јаголемиот проблем во денешницава,ќе фатат некоја солидна позиција и кур лади,дур не му се изналигавиш или па не му завршиш услуга 3 пати поголема од таа што он ќе ти ја направи...
 
Требаше да поднесат нови реални огласи,а не 95% со врски. Дознав дека и тој што бараа Правници, Економски по 5 илјади Евра плаќано.
Само може да замислиме како му било на техничкиот министер да држи говор во чест на примените полицајци а сите се кадри на позицијата. Морал техничкиот министер со свилен гајтан да ги дочекува :)
Работата за тие 5 илјади евра што ги спомнуваш има луѓе што без проблем ќе ги платат тие пари бидејќи се добива добро работно место и добра плата, но работата е што човек не е на сигурно каде на кого да ги даде парите, бидејќи ќе дадеш пари а може да те изработат и да останеш и без пари и без работа.
Многумина би ги дале тие пари но не е сигурно на кого да се плати треба.
 
Само може да замислиме како му било на техничкиот министер да држи говор во чест на примените полицајци а сите се кадри на позицијата.

Да речеме дека се кадрите тие. Што дека? Гледаш дека тоа што нимродот на функција ќе им нареди, тоа го прават. Видовме и дека луѓе летаа од своите работни места (и се уште летаат) пошто не им се свиѓале на техничариве. Тоа е океј за споредба?
 
многу работи не се океј.Не е океј ни што многу деца кои заслужуваа(вклучително и јас) не влегоа ради тоа што не биле активни партиски.Не е океј ни тоа што СДСМ уште не дојдена на власт,ја игра истата игра како и ДПМНЕ.Излезот е или да бидеш цел живот избедиран,или да бегаш од државава,или да играш по нивни правила дур да постигнеш целта,четврто нема.
 
Потполно се слагам. И ти и ред други заради вакви глупости трпите.
 
Не се само врските и книшките проблем,коа глеам кој се влезе со конкурсиве се мислам дали се полоши они или тие што ќе ги бркаат:unsure:
 
Не се само врските и книшките проблем,коа глеам кој се влезе со конкурсиве се мислам дали се полоши они или тие што ќе ги бркаат:unsure:
4 години го пратам процесов,и лично знам дечки што се стварно спремни,нО мораа да бркаат врски по партија и по МВР за да влезат.Некој влегуваа и од 3ти пат,но сепак има солиден број(кога ќе ги собереш сите 4 конкурси) на дечки кои заслужуваат да се таму,но тие не можеш да ги видиш у плава униформа :)
 
Да речеме дека се кадрите тие. Што дека? Гледаш дека тоа што нимродот на функција ќе им нареди, тоа го прават. Видовме и дека луѓе летаа од своите работни места (и се уште летаат) пошто не им се свиѓале на техничариве. Тоа е океј за споредба?
Не е во ред за споредба секако. Како и да е, и ако некои летаат сега овој период од работа како што имаш напишано само потсети се дека можеби баш дошле на работни позиции можеби на токму истиот начин во 2006 година и годините потоа. Им било убаво кога се примале тие тогаш, а летале можеби други луѓе од работа за да се ослободи место за нив, сега го чувствуваат стапот на своја кожа.
 
razbrav deka ke ima uste eden konkurs, znae li nekoj dali e tocna informacijata i ako ima dali ke go pustat pred izbori ili posle izbori?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom