Си изгубила многу време и нерви на грозниот уким, жал ми е. А, ќе ме зезнеа и мене. И мене ми беше залутано досието. Сега на 14ти август ми дадоа исписница и документите, па се запишав на УГД, a им ги имам однесено индексот, молбата и вирманчето за платени 1000 ден. за испис уште претходниот месец. И морав да бидам малце груб да ми завршат работа, инаку ќе требаше на втор уписен да се запишам овде. Не сум ти кажал, освен 1ва година научена за на факултетот, jас имам и средно економско завршено, одамна си ја стекнав основата за економијата. Проблем ми беше математиката, ама сега морав да ја научам и неа и покрај тоа што Драге ме бутна.
Ми останаа математика и статистика од прва, тие што морам да си ги платам. Другите ги положив, ама криво ми е кога знам и очекувам да добијам некоја добра оценка и на крај ми стави 6ка во индекс. Дома по цели недели учев. 2-3пати бев на врвот на листите по поени дека сум положен и кога го направев рангот каков што би требало да биде 50% за 6ка, а остатокот од поените се делат на 5... излегуваше дека треба да имам 8мици и 9ки. И кога одев по оценки само 6ки цело време. Економисти сме, многу сме, ако не се докажеме со просек ќе треба да сонуваме за работа. Пошто прво просекот ти го гледаат, а после како се снаоѓаш практично. А, изборни ми беа Деловна етика и Организациско однесување, само организациско го има на студиските програми при УГД. Фактички јас имам 5 од 7 положено на уким, од кои ќе ми бидат признаени 4. Ама јас се запишав одново редовен и во 1ва год. и сакам да ги преполагам предметите за да (се надевам) бидам реално оценет. А, за материјалот и неговиот обем, велат дека помал бил на УГД, се надевам дека нема да биде.
Олеснително е што студентот има заеднички јазик и комуникација со асистентот/професорот, што не се корумпирани крвопијци, што ти помагаат кога заглавиш.. Се надевам дека ќе ми се исчистат негативната енергија и стравот прибрани од уким, на овој друг универзитет. И баш ми е драго што се најдовме напатени од уким, па да си разговараме за овој наш смер банкарски. Поздрав и имај убав ден.