Начин на плаќање и примање на факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата MUTANT
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2012
Мислења
131
Поени од реакции
27
1.Некој што знае повеќе да ми објасни разликата помеѓу Државна квота и Кофинансирање?
2.Дали има разлика во минималниот бр. поени во 3те приемни рока (пр. во прв уписен рок да ти е минимум 80поени за да те примат, дали во вториот ова бр се намалува или не?)
3. Како да се запишеш на оној факултет кој си го замислил ако немаш доволно поени.. т.е дали има разлика Државна квота и Кофинансирање и поените зошто како што знам Државна квота треба да имаш поени дали тоа значи дека со Кофинансирање те примат иако немаш доволно поени или пак ти ги гледаат поените?
 
1.Меѓу државна и приватна квота нема некоја разлика, освен во тоа што се плаќа повеќе односно наместо 200 евра годишно плаќаш 400, а си ги слушаш предавањата со оние кои платиле 200 евра за истите предавања да ги слушаат. Во кратки црти, плаќаш повеќе пари, а не добиваш ништо повеќе од оние што платиле по 200 евра.
2. На факултет и со 40 поена се запишуваат веќе, освен ако си заинтересиран за ФЕИТ/ФИНКИ, таму мислам дека бараат просек 80 или како и да е...
3. Мое пријателче ми има кажано дека ради 1 оцена (4-ка) од средно што ја имал, тогаш 2008-ма година, кога се запишал на факултет му рекле дека во државна не го примаат, треба да плати тродупло повеќе од останатите (како и тие ко него) за да се упишат на факултет, затоа што сеуште го немаше она, 200 евра за државна квота и 400 евра за кофинансирање. Кога веќе го усвоија тој закон, му се намали партиципацијата од 800 евра на 400, и ништо друго не му се смени. Предавањата си ги слуша со оние кои платиле помалце, и нема никакви додатни привилегии. Така да мислам дека и ти би можел да влезеш на тој факултет али ќе треба секоја година да одвојуваш по 400 евра само за партиципација + додатни трошоци кои не влегуваат во таа сума.
 
Последно уредено:

Фала ти брат многу. Мене ми беше целта да дознаам дали може со кофинансирање да се влезе на факултет иако немаш доволно поени... Е сега здравје догодина ке видиме како ке биде...
 
Фала ти брат многу. Мене ми беше целта да дознаам дали може со кофинансирање да се влезе на факултет иако немаш доволно поени... Е сега здравје догодина ке видиме како ке биде...

Што планираш да запишеш? Ако би запишал факс годинава
 
Медицина/Стоматологија али во Штип зошто знам дека Скопје нема шанси..
 
Не можеш со сигурно да знаеш дали ќе се запишеш, ако имаш некои 40 поени а пред тебе сите се со повеќе и се пополние квотата со конфинансирање остануваш на дното на списокот и нема да те примат. Се зависи колкав е интересот на подобрите ученици за тој смер, ако пример примаат 40 студенти и сите тие с со над 70 поени а ти имаш помалку значи дека нема да те примат. За разлика во роковите секако дека има, можно е да се наполнат квотите на првиот и воопшто да нема слободни места за втор и трет.

Сега го погледнав сајтот за уписите ( upisi.ugd.edu.mk ) и гледам има еден со кофинансирање со 84.77 бода, штом овој отишол со кофинансирање. Гледам има одбиени кандидати о по 70 поени.

Со среќа.
 
Јас немам 40 поени туку кога рачунав така нешто од тепка би требало да имам околу 75+ ..
Мене ми е битно да влезам таму кај што сакам а не е битно дали кофинансирање или нешто трето..
 
zdravo, sakam da prasam dali imaat prednost deca na braniteli za upis na fakultet, no dokolku ne gi ispolnuvaat kriteriumite za upis t.e nemaat dovolno poeni za upis na fakultet. i dali moze (bidejki ne gi ispolnuvaat kriteriumite vo privatna kvota da se zapisat) da gi primat?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom