Вселенска револуција

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola.b
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби никогаш нема да откриеме ворп погон како на Стар Трек. Што треба да правиме во меѓувреме? Да вртиме палци? Нормално е да пробаме нешто со технологијата која ни е достапна. Научениме сме на инстант резултати, човечката психологија не може да калкулира на дистанци поголеми од еден животен век на индивидуа. Ако сакаме да станеме вселенски вид, ќе мораме да се научиме да градиме/придонесуваме/планираме на ептен долговременски дистанци.

Вселенски мисии на толку долг временски рок со денешната, па и со технологијата за 2-30 години се мисии со мала шанса за успех. Скоро невозможна. Прво се работи за функционалноста на технологијата. Дали сите инструменти би функционирале 50 години после лансирањето? Најстарата функционална сонда што ја имаме е Војаџер, кој е едвај функционален после 35 години во вселената.

Второ потребен е извор на енергија што ќе го напојува леталото половина век. Плутониумот што се користи кај мисиите во длабока вселена може да се користи едвај 40 години. Веќе после 20 години, енергијата продуцирана од плутониумот е неколкупати помала отколку на почетокот на мисијата. Соларни панели не идат во предвид, бидејќи нивното функционирање е ограничено на десетина астрономски единици од ѕвезда како Сонцето или Алфа Кентаури Б. Исто и идејата ласер да ги напојува соларните панели паѓа во вода бидејќи после неколку милијарди километри светлината и од најдобриот ласер се дисперзира на радиус од илјадници километри. За комуникација би било одлично, меѓутоа за напојување тешко...

Друг посебен проблем е забрзувањето на леталото до брзина од 10% од таа на светлината (за да се достигне Алфа Кентаури системот за 50 години). Се работи за брзина од 30 000 километри во секунда. Најголемата брзина што ја има достигнато некоја вселенска сонда е 17-18 километри во секунда. Би било фантастично добро да се достигне брзина од 0,1% од таа на светлината.(300км/с) .

Потребна е неверојатно голема инфраструктура за изградба на целиот систем кој би ја поддржувал таа мисија, која со оглед на денешната (па и идната) технологија за лансирање би чинела од десетици па до стотина милијарди долари. (најскапиот телескоп кој уште е во развој треба да чини 9 милијарди долари, што е екстремно висока цена за една мисија). Настрана развојот на леталото. Треба да биде лансиран ласерот кој треба да се најди во близина на Сонцето (дури и во орбита на Меркур, треба да има огромни соларни панели), да биде конструирано целото летало чии соларни едра би имале површина од стотици квадратни километри (најверојатно) што ќе бара конструкција во вселената.

Постојат и еден куп други проблеми, како комуникација, корекција на патеката (како би се изведила со закаснета комуникација од 5-8 години?), заштита на леталото од метеори (сепак се работи за површина на леталото од стотици квадратни километри) и сл.

Побрзо би ја претвориле темната страна на Месечината во телескоп отколку вакво нешто некогаш да стане реалност.

Јас сум за ваква мисијам но сегашните можности се ограничени.

И комплетно сум несигурен во врска со тоа да не чекаме нова технологија туку да работиме со постоечката. Ако ништо друго, чекавме долго време, откритијата за соседниот соларен систем, ќе почекаат уште малку. Несомнено fly by мисијата би обезбедила огромни откритија, но за тоа подоцна.
 
За ворп погони и црвоточини почекајте да имаме дестинација вредна за истражување прво. Новите генерации телескопи би требало да создадат листа на интересни планети како кандидати или за егзобиолошки студии или потенцијални колонијални светови. Најрано 2018та.

Ја викам и 3018та нека биде, само асална дестинација да се најде. Би било крајно разочарувачки да напраиме ворпои и црвоточини, и да излеме на другата страна во Паљурци.
 
Ја викам и 3018та нека биде, само асална дестинација да се најде. Би било крајно разочарувачки да напраиме ворпои и црвоточини, и да излеме на другата страна во Паљурци.

Амори Саро ти врска си немала од путна инфраструктура. Па ни самиот гугл мапс не може да го најде Паљурци од што е неприступачно. Изнаоѓање на ваква варијанта за стигнување до Паљурци ќе биде наградено со нобелова ем за физика, ем за икономија па здравје боже од мерак и за мир ќе добиеме.
 
Амори Саро ти врска си немала од путна инфраструктура. Па ни самиот гугл мапс не може да го најде Паљурци од што е неприступачно. Изнаоѓање на ваква варијанта за стигнување до Паљурци ќе биде наградено со нобелова ем за физика, ем за икономија па здравје боже од мерак и за мир ќе добиеме.
bravoseobjasnisega.seniejasno.fala
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom