Светско првенство - Шпанија 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Старо/нов Светски владетел?

  • САД без дрим тимот

    Гласови: 37 62,7%
  • Шпанија

    Гласови: 12 20,3%
  • Франција

    Гласови: 3 5,1%
  • Аргентина

    Гласови: 1 1,7%
  • Литванија

    Гласови: 2 3,4%
  • Бразил

    Гласови: 0 0,0%
  • Словенија

    Гласови: 4 6,8%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 март 2010
Мислења
17.046
Поени од реакции
16.576
Spain_2014_FIBA_Basketball_World_Cup_logo.jpg


Составите и подготовките на репрезентациите веќе започнаа да се крчкаат, па мислам дека е време да се има и тема на Кајгана.

За околу месец дена, поточно од 30 август, па се до 14 септември, во 6 градови низ Шпанија ќе започне 17то Светско првенство во кошарка, под организација на ФИБА.
Ова ќе биде последно првенство кое се одржува на секои 4 години, наредните ќе се одржуваат на секои 5 години, почнувајќи од 2019 година.

На првенството учествувааат 24 репрезентации, Шпанија како домаќин на првенството имаше директен пласман, САД учеството на шампионатот го обезбедија со освојување на Олимпискиот турнир во Лондон, а четири репрезентации учеството на шампионатот го обезбедија преку вајлд карта, на огромно изненадување на сите една од тие репрезентации е и Финска, останатите се Бразил, Турција и Грција. Со овие четири репрезентации се затвора кругот од вкупно 24.

Репрезентациите се поделени во 4 групи од по 6 тимови. Секоја група ќе се игра во различен град.

Во А групата ќе се:
Шпанија
Србија
Египет
Франција
Бразил
Иран

Дербито во оваа група ќе е меѓу Шпанија и Франција, тој натпревар е на програмата на 3 септември.
Шпанија е во комплетен состав, и се очекува да гледаме одлична игра од нив, па зошто да не им се спротистават и на Американците.
Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во Гранада, во Паласио Мунисипал де Депортес, која е со капацитет од 7.500 седишта.

Група Б
Аргентина
Грција
Порто Рико
Филипини
Сенегал
Хрватска

Аргентина и без Џинобили, кој поради повреда нема да настапи на мундобаскетот, пак е прв фаворит за освојување на првата позиција во оваа група, клучен меч ќе е тој измеѓу нив и Грција, другите репрезентации се за класа послаби од овие две, тука може да се вброи и Хрватска.
Мечот Аргентина - Грција ќе се одигра на 4 септември, кога на програмата е последното коло од групната фаза.
Оваа група своите натпревари ќе ги игра во Севиља, во Сан Пабло, со капацитет од 10.200 седишта.

Група Ц
САД
Турција
Доминиканска Република
Финска
Украина
Нов Зеланд

Нема дилема кој е прв фаворит во оваа група, а и воедно на целиот шампионат, и без своите најголеми ѕвезди, јенките се најголеми фаворити за освојување на шампионатот, па оваа група ќе им биде само загревање за она што претстои, а се очекува дуел во финале против домаќинот Шпанија, ако се оди според планираното.
Турција ќе има шанса после дебаклот на првенството во Словенија, да се извадат со добри настапи на првенството, па со мал ризик, типувам на нив за втората позиција во оваа група.

Групата Ц, натпреварите ќе ги одигра во градот Баракалдо, на северот од Шпанија, во Бизкаиа Арена, со капацитет од 15.414 седишта.

Група Д
Литванија
Словенија
Ангола
Јужна Кореа
Мексико
Австралија

Група во која нема некој изразит фаворит, можеби и најнеатрактивна група од сите четири, но на крајот битката за тоа прво место би требало да ја бијат европските репрезентации, Литванија и Словенија, тој натпревар е на програмата токму во последното коло, на 4 септември.
Дуелите од оваа група ќе се играат во Гран Канариа Арена, во Лас Палмас, на Канарските острови, капацитетот на арената е со 11.500 седишта.


Најдобрите четири репрезентации, од сите четири групи ќе ги сочинуваат осминафиналните двојки, група А ќе вкрсти со група Б, групата Ц со група Д, за нас добро познат систем, па нема потреба од дополнително објаснување, оваа втора фаза ќе се игра во два града, едната половина во Барселона, а другата во Мадрид. Воедно во Мадрид ќе се одигра и завршницата на првенството.

ТВ права: не сум баш сигурен, но мислам дека Сител има склучено договор со ФИБА за пренесување на натпреварите од овој шампионат, ако не, ќе бараме друго чаре.

Официјална страна на првенството: http://www.fiba.com/basketballworldcup/2014

Па се надевам дека пола од тоа што се искоментира за Светското првенство во фудбал, ќе се искоментира и на оваа тема.
 
Максимум 40 страни :D
 
Ќе навивам за шпанците, ова ќе им биде последна шанса со старата гарда(По, Наваро, Калдерон, Рејес и други) да ги победат американците и тоа дома.
Ама искрено се сомневам. Премногу се јаки за нив и без Леброн, КД и другите.
 
Почнаа полека да се откажват Американците.. најпрво Вестбрук па Грифин па сега и Лав гледам..
 
САД има состав да ги победи сите екипи со 20 разлика. Толку.
 
а зошто понатака светското ќе се одржува на пет години, знам дека и еуробаскетот ќе се одржува на четири години. некако несиметрично.
 
"САД без дрим тимот"

Ова прави да звучи како САД да бидат составени од играчи што редовно греат клупа во НБА а не со играчи што се релативно главен дел од своите екипи.

САД си е дрим тим се додека ќе биде составена од НБА играчи од најдобрите екипи. Така да мој тип е САД за титула, ќе навивам за Шпанија како и секогаш ама дефинитивно ќе има интересни дуели на светсково помеѓу останатите екипи (т.е. земјите што не се Америка)
 
а зошто понатака светското ќе се одржува на пет години, знам дека и еуробаскетот ќе се одржува на четири години. некако несиметрично.
Да не се во иста година со Светското првенство во фудбал.
"САД без дрим тимот"

Ова прави да звучи како САД да бидат составени од играчи што редовно греат клупа во НБА а не со играчи што се релативно главен дел од своите екипи.

САД си е дрим тим се додека ќе биде составена од НБА играчи од најдобрите екипи. Така да мој тип е САД за титула, ќе навивам за Шпанија како и секогаш ама дефинитивно ќе има интересни дуели на светсково помеѓу останатите екипи (т.е. земјите што не се Америка)
Фактички САД со кои играчи да настапат на наредните СП, ќе го немаат „дрим тимот“, ако се разбираме, ама очигледно не..
 
Мејсон Пламли изгледа ќе биди третиот центар покрај Дејвис и Драмонд.. Очигледно Казнс пак некој проблеми прави..


Дејвис
Дурант
Џорџ
Харден

овие се сигурно стартери, Кари двојка ќе игра така да за плеј ќе биди измеѓу Роуз, Вол, Лилард и Ирвинг..
 
Американците и со состав од руки играчите шо се моментално во НБА и на тие шо им е втора сезона ќе бидат фаворити за освојување титула.Толку.
 
Иначе се знае која од нашиве телевизии ќе пренесува ?
 
Иначе се знае која од нашиве телевизии ќе пренесува ?
Сеа за сеа нема никаква најава ниту од ниедна наша телевизија. Последното во Турција го пренесуваше Сител, па за тоа во првичниот пост пишав дека тие имаат најголеми шанси за пренос, дали уште им траи договорот ќе видиме набрзо.

Инаку дресовите на САД..:drk:


Да не бидам целосно оф топик, кај Србите на овој мундобаскет ќе фали Немања Недовиќ.
 
Да не има шанси спорт клуб да пренесува или слична тв без ретард коментатори?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom