Државни стипендии за студирање во странство (Шангајска листа)

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
Р. Македонија и Министерството за Образование и Наука даваат целосни стипендии за студирање во странство, доколку лицето што аплицира за стипендија е примено на првите 100 универзитети од Шангајската листа, односно првите 200 во областа на техничките науки.

Но, лицето што ќе добие стипендија, се обврзува за секоја година помината во странство, да работи 2 години во Македонија. ( пример, за додипломски, поминати 4 год. во странство, лицето треба да работи 8 години во Р.М. )

stipendii.mon.gov

Па сакам да прашам за ваше мислење, дали мислите дека ова е добар избор, да се избере студирање во странство, но после тоа да ги работиш тие 8 години во Р.М. ?

Фала. :)
 
Зависи што ќе работи тие 8 години, ако е како волонтер за 100 е во државна служба не вреди.
 
можно е да се продолжат само студиите на еден од овие ? ( на пример ако си трета година 4та да ја продолжиш таму )
 
можно е да се продолжат само студиите на еден од овие ? ( на пример ако си трета година 4та да ја продолжиш таму )
јас прашав истово лани, ми рекоја не.. можи годинава се примислиле.
@UrbanSamurai не се фаќај во оро со владата, че наебиш гадно.
 
јас прашав истово лани, ми рекоја не.. можи годинава се примислиле.
@UrbanSamurai не се фаќај во оро со владата, че наебиш гадно.
Зошто ?
___________________________________________________________________________
И дали мислите дека би било подобро да се заврши факултет овде, па да се најде работа во странство,
или да се студира во странство, а после тоа да се остане во Македонија ?
Која алтернатива ви изгледа подобра ?
 
Првата опција е подобра јас така направив.

Ќе треба најмалку 8 години да работиш во државни институции. За 4 години не се завршува мислам дека 5-6 ќе фати додека да се земе дипломата.
Нема поглупо од тоа да ги поминеш најубавите години во таква институција, а да имаш диплома од странски универзитет.
 
Другар доби стипендија за на Berklee music school и уште ми е нејасно што ќе работи тука кога ќе се врати, дека опциите му се или да работи во Македонија 8 години или да исплати 750 000 долари што е три пати поголема вредност од таа што му ја дале. Choose wisely...
 
Најпријателски совет: Не си го ставај газот под кирија на држават за некакви мочани 100.000 евра. Подобро земи кредит, и после дипломирање за 2-3 години ќе го отплатиш.
Плус ќе си слободен и горд затоа што сам си успеал.
 
Одбери земја каде можеш да емигрираш - Австралија, Канада, УСА. Дур студираш бркај како да емигрираш таму. Најди си работа и ич не му ја мисли за враќање назад. Назад откако ќе добиеш државјанство со нивен пасош како странец. :icon_mrgr: Ако ги тераат твојте да потпишуваат некакви гаранции пред да дипломираш продајте све и инвестирај кај што си, во МКД што ќе им прават? Нема душата да им ја земат... За некоја година повлечи ги сите таму.

Ебате државата што субвенцира студии во странство место да си ги среди универзитетите и да донесе асални професори со асални плати.
 
тешко тоа, подобро да завршам факс. овде, па понатаму да мислам за емиграција, Австралија, Канада, УСА :)
 
тешко тоа, подобро да завршам факс. овде, па понатаму да мислам за емиграција, Австралија, Канада, УСА :)

Samo ke si go izgubis vremeto so studii vo mkd. Zimaj dur nudat jas neznam kako oni ova uopste ima da go kontoliraat. So stranska diploma lesno ke emigriras so nasa se potesko pogotovo nadvor od EU
 
Едноставно е. Ако имаш бугарски пасош нема да плаќаш високи школарини. Оди после средно одработи ги неколку години штеди јако и запиши се на добар факултет-колку што може да е добар со средно училиште од македонија. Таму докажи се јако тие три години да фатиш нешто подобар мастерс. Шкотска е одлична дестинација, ем ефтина ем на англиски.
После три години со дипломата наоѓаш работа по струка па мастерс уз работа или уште некоја година на друг начин одработи ја и плати си мастерс. Малку подолго е наместо на 24 ко и сите нормални ќе дипломираш на 28, но слободен си ко птица. На мастерсот е пожелно некоја женска да си најдиш староседелка и си на коња.
Кај сакаш после тоа одиш и немаш долгови кон никој. Македонска диплома освен во многу ретки случаи повеќе нема никаква вредност. Знаејќи каков добар кадар со одлични и современи знаења има од Чешка, Полска, а и другите нови членки кои истотака во голем број конкурираат насекаде со македонска диплома си една обична 0.
А ако учиш надвор за да се враќаш назад е мошне глупава одлука. Прво ќе си вечно незадоволен ако не ти успее да се издигнеш, а второ научен ќе си на западњачки стил и тешко ќе се вклопиш во околина со Балкански сељаци. Плус дел од времето ќе треба да се ебаваш по партии наместо со струката.[DOUBLEPOST=1410849583][/DOUBLEPOST]
Одбери земја каде можеш да емигрираш - Австралија, Канада, УСА. Дур студираш бркај како да емигрираш таму. Најди си работа и ич не му ја мисли за враќање назад. Назад откако ќе добиеш државјанство со нивен пасош како странец. :icon_mrgr: Ако ги тераат твојте да потпишуваат некакви гаранции пред да дипломираш продајте све и инвестирај кај што си, во МКД што ќе им прават? Нема душата да им ја земат... За некоја година повлечи ги сите таму.

Ебате државата што субвенцира студии во странство место да си ги среди универзитетите и да донесе асални професори со асални плати.
Во меѓувреме треба да живеат некаде и од нешто. Најдобро е човек да си ги одработи неколку години и да не е зависен од никој за ништо.[DOUBLEPOST=1410849812][/DOUBLEPOST]
тешко тоа, подобро да завршам факс. овде, па понатаму да мислам за емиграција, Австралија, Канада, УСА :)
Џабе ти е, најверојатно.
Ако си со намера да одиш некаде секоја година тука ти е изгубена година. Ако си цврсто решен да одиш надвор и да се пробиваш се оди што порано. По можност уште во средно школо, но тоа е најчесто неизведливо.
Затоа што никој не може да ти гарантира дека за 5 години ќе бараат луѓе со такви дипломи. Не секогаш има прилики. Првата прилика што ќе ти се укаже мора одма да ја фатиш.
 
Последно уредено:
Има овде некој што аплицирал, добил, бил одбиен, слушнал за некој што добил/бил одбиен... за стипендија за мастер студии во странство?

Ако исполниш услови дават стипендија без проблем или како и за повеќето конкурси кај нас врски се фаќаат? Сакав да аплицирам, па да знам дали воопшто има некои шанси.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom