Истражувачки дела: што сакаaт/не сакаат мажите и жените

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е по напален ?


  • Вкупно гласачи
    3
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Најчестите причини зошто мажите не се успешни со жените и како да ги избегнете

Грешка 1: Премногу фин со неа

-Си заприметил ли некогаш дека најатрактивните женски никогаш не се привлчени од „фини“ момци?
Се разбира дека си заприметил
-Можеби како и повеќето имаш по некоја атрактивна девојка како своја пријателка, која секогаш завршува со некоја „будала“, но никогаш не била сексуално заинтересирана за тебе.
-Си се запрашал ли што се слушува?​
-Всушност цела работа е едноставна...​
Жените не избираат поради тоа колку е фин некој, Го избираат тој што го избираат бидејки чуствуваат привлечност кон тој, а и неможат да објаснат зошто баш тој што го избрале им е атрактивен.
И знаеш што? Фин дечко не им буди ЧУСТВА на моќна привлечност.
Тоа што ќе се трудите да бидете фин, кај неа не преизвикува привлечност.
- Знам дека ова нема некоја смисла но ТАКА Е, и не се замарајте повеќе со „да се биде фин“.
Се додека не го прифатите овој ФАКТ, никогаш нема да бидете успешни со жените.

Грешка 2: Обидување да ја натерате неа да ве сака.

-Што повеќето момци прават кога ќе сретнат некоја девојка што НАВИСТИНА им се допаѓа, но не е заинтересирана?
Се обидуваат да ја „натераат“ девојката да се чуствува поинаку спрема нив.
Е па еве новост за вас: НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ МИСЛЕЊЕТО НА ДЕВОЈКАТА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРИВЛЕЧНОСТА.
Ама никогаш, никогаш, НИКОГАШ. Ако не и сте привлечен што и да правите џабе е.
Не можете да и го промените размислувањето со „логичко расудување“.
Размислете, доколку девојката „не чуствува ништо спрема вас“ како мислите воопшто дека ќе го промените тоа со логика и расудување.
Но сепак сите го правиме тоа, молиме, „бркаме“, убедуваме на овој или оној начин.
Лоша идеја, која никогаш не проработува.

Грешка 3: Барање на одобрување или дозвола од неа

-Во желба да ги задоволиме женските секогаш бараме нивно одобрување или дозвола за нешто. Пример:„Сакаш ли да одиме ...ваму или таму “ ..„Може ли да зборуваме за ова или она ...“ ..
Е ова е уште една лоша идеја за да ја придобиете женската.
Треба да знаете една голема вистина: Жените никогаш не се ПРИВЛЕЧЕНИ од оние кои им одат по газот.
Немој да се сваќаме погрешно. Не треба да се однесувате како ИДИОТ за да бидете атрактивен за женските. Вистината е една, доколку се претворите во оној кој го прави нејзиниот збор „алфа и омега“ тогаш никоја нема да биде привлечена од вас. Верувајте ниедна не е сексуално прилечена од ПАПУЧАР, освен доколку е „настрана“.

Грешка 4: Обид да го „купите“ нејзиното внимание со плаќање вечери и купување подароци

Колку пати сте биле одбиени од некоја на која сте и ги плаќале вечерите и сте и купувале цвеќина и подароци поради некој кој не се однесува со неа ни половина отколку вие што се однесувате?
Да ова го имам искусено неколку пати, сигурно ви се случило и вас.
Знаете што, тоа што ве одбила и покрај сите тие работи што ги правите за неа сепак е НОРМАЛНО, бидејки не е природно да ги правите овие работи.
-Знаете ли што „и зборувате “ кога се однесувате вака : „Мислам дека не ти се допаѓам онаков каков што сум па ќе се обидам да го купам твоето внимание со подароци и плаќање на пијалоци и слично...“

Грешка 5: И кажувате како се чуствувате спрема неа премногу рано

-Оваа е една од најчестите и непроценливо лоши грешки што ги прават мажите,...споделување на чуствата за тоа како се чуствувате спрема неа. (Премногу рано сметам 4-5 месеци :) одкога сте заедно).
Сите сакаме атрактивни девојки, но знаете што, на таквите девојки и пристапуваат неколку души дневно, па можете да изброите колку души и пристапуваат неделно или месечно. Она што сакам да го кажам е дека тие се полни со ИСКУСТВО и знаат што ќе очекуваат.
Па кога само по неколку состаноци им кажете нешто како:„Знаеш што, навистина, ама навистина ми се допаѓаш“, ќе ве сметаат само како еден од многуте кои многу рано „се издрискал“ па нема да и бидете многу интересен понатаму.
Нема ама буквално никаква потреба да зборувате такви работи, повлечетесе од такви тензии, опуштете се, уживајте прво малце со неа.

Грешка 6: Не добивате секс. Како привлечноста работи кај жеите?

Додека вие можете да почуствувате привлечност кон некоја женска само со тоа што ќе го здогледате нејзиниот секси задник, кај женските тоа не е случај. Треба што побрзо да го прифатите овој факт. На женските и требаат чуства. Доколку сте способни да ги предизвикате вистинските чуства во неа, тогаш може да се зборува дека таа осеќа привлечност кон вас. Скоро пет години се обидував да си ја разјаснам оваа работа и едно е сигурно: Жените не се „палат“ многу , (најчесто многу малку) на вашиот физички изглед.
Единствена работа што може да ја „запали“ девојката е вашата личност или карактер. Доколку ги поседувате потребните црти од карактерот ВИЕ ќе ги привлекувате сите атрактивни девојки.
Не значи дека доколку сте само богат и убав жените ќе ве сакаат.
Многу е важно да го знаете секој чекор што треба да се направи со женската и тоа од првиот состанок до спалната.

Грешка 7: Размислување дека се е до парите или изгледот

Една од најголемите грешки што ги прават момците е одкажувањето од некоја атрактивна девојка размислувајки дека се е до парите или изгледот и дека таа никогаш не би сакала да биде со тип како него.
Ок, има и такви што само тоа ги интересира, ама тие не ни се приоритет.
Но 85% од женските, верувајте, се заинтересирани во личноста или карактерот а не до парите или изгледот.
Знаете што, јас немав ни кола, и знаам многу како мене кои имале повеке женски од било кој богат тип.​
Еве една вистина колку за споредба: Доколку знаете добро да го презентирате говорот на вашето тело и да знаете да ја одвивате комуникацијата со било која женска , можете да предизвикате онолкаво сексуално привлекување колку што вие би почуствувале доклку здогледате гола девојка во поза 'DOGGY STYLE'.

Грешка 8: Предавање на цела ваша моќ на женската​
Предходно спомнав дека е гршка да барате дозвола од женската за било што.
Слично на оваа грешка е да ја предадете цела ваша моќ на вашата девојка или „пријателка“.
Најголемата вистина е дека девојките не се привлечени од „папучари“, колку и да тоа изгледа поинаку.

Грешка 9: Незнаење што да се прави во секоја спечифична ситуација

Сега подгответе се за еден интересен факт: „Жените скоро секогаш знаат што мислите“ . Женските се 10 (десет) пати подобри во читање на говорот на телото од нас. Значи вашата единица 1x10 па нивната 10-ка :) Знам дека е тешко за верување но така е. Пример, доколку сте излезени со неа и сакате да ја бакните таа веќе го знае тоа :) .
Доколку не сте сигурни во себе и не знаете кога е моментот, таа само ќе ве посматра и никогаш нема да ви помогне :) . Така е и во сите работи со женските , пристапот, земањето на нејзиниот број, бакнежот, сексот, доколку не знаете таа нема да ви помогне :).
Значи доколку не знаете како во секоја сетуација највероватно ќе ја оплескате. И знаете дека е така.​
Многу е важно да знаете како да се справите во „ секој чекор“ со женските, од првиот состанок до креветот.

Грешка 10: Не ангажирање или небарање помош

Оваа е најголемата грешка од сите. Оваа гршка ги држи машките од тоа да бидат успешни со женските онака како што тоа од секогаш го сакале. Знам, машките не треба да покажуват слабост, не треба да бараат помош, такви сме сите нели. И јас бев таков , ама се сменав а и животот ми се смена од тогаш.
Да ви зборуваме малце повеќе за нас или за еден од нас, пример јас.
Пред околу 8-9 години јас бев толку непрактичен со женските што дојдов до фрустрирање. Ја паметам таа случка како вчера, пред мене стоеше најпрекрасната девојка за мене во тоа време и знаете што јас само седев таму(го паметам и местото) и незнаев што треба да направам и ненаправив ништо. Тогаш беше моментот на мојата преродба си ветив дека ќе направам се' ако треба „ќе одам до крајот на светот“, ама ќе го дознаам се' она што те прави успешен со жените. Ок, поминаа години, од почетокот сум правел „повеќе глупирања“, но тоа не ме спречуваше бидејки знаете што „Јас ја имав желбата да се променам“ и така и беше. Сега можам да и пристапан на било која женска, а и ми станало тоа како рутина, не имам некои преголеми чуства околу тоа, но знам дека ми е мило што “никогаш повеќе не се чуствувам како што се чуствував пред да се променам“. Еј, сега се ми е прекрасно, бидејки знаете која работа потсвесно ве одржува во живот : тоа е желбата за сексуално задоволување, потоа следува желбата за лична величина. Знаете што се случува кога успешно ќе ги задоволите двете: станувате среќна личност, независно дали сте свесен за таа состојба или ви е гајле :)
 
Што не сакаат жените?

Ако досегашното искуство со жените не ви открило кои карактеристики тие навистина не ги сакаат и за кое ретко сакаат да разговараат кога се во машко друштво, би требало да се запрашате.​
Жена не треба да прашате за нејзините години и тежината, особено не при запознавање. Препорачливо е да се избегнуваат прашања кои се однесуваат на нејзиниот претходен емотивен и интимен живот. Таквите прашања се премногу лични и не се за прв состанок. Одговорите на нив можете да ги побарате нешто подоцна кога врската ќе зајакне малку.​
Жените не сакаат скржавци. Кај нив не палат проѕирните изговори од типот: “Заборавив да го земам паричникот”. Мислите дека е во ред ако и предложите да ја поделите сметката? Баш и е. Но доколку вие сте инсистирале да одите на одредено место каде што цените не се баш „ниски“ ви останува да бидете галнатни, барем онолку колку ви дозволува џебот.​
Жените не сакаат ни фалбаџии. Не мора уште на првиот состанок да и зборувате за тоа колку заработувате, дека возите скап автомобил или дека сте успешен спортист.​
Не вртете се и не ѕверете се по други жени ако сте во женско друштво. Тие навистина го мразат тоа. Исклучете го мобилниот телефон ако сте излегле со жена која ви се допаѓа. Таа не мора да ги слуша вашите долги професионални разговори или приватните приказни за резултатите од спортската кладилница уште на првиот состанок.​
Доколку само малку водите сметка за тоа што правите во женско друштво, ќе дојдете до заклучок дека спротивниот пол и не е толку комплициран како што ви се чини.​
 
...доста добри совети кои држат вода
 
Прекинете сите сместа.
Назад на тема ако има некој да прокоментира нешто во врска со неа.
 
Se do zbor e tocno. Bravo G e G o
bi.gif
 
Интересно ... браво
 
zenite ne sakaat nesigurnost kaj mazite , nemanje izgraden karakter , i nestoenje na sopstvenite stavovi i uveruvanja , isto taka nekat mazi koi nemaat muda
 
10 совети за однесување со жените

Се трудите најдобро за да оставите позитивни импресии. Се однесувате на начин за кој мислите дека ќе и се допадне, а потоа ќе и кажете што сака да слушне. Но, некако и најдобрите ваши намери не се доволно добри. Ви звучи познато?

Сепак многу мажи се однесуваат на одреден начин бидејќи мислат дека тоа ќе им помогне. Тие плачат и глумат нешто што не се, само за да добијат неколку екстра поени. Но, кога ќе се однесат работите во крајност, овие однесувања знаат да бидат работи кои ќе ја изнервираат најмногу.

Следното е листа на 10 такви навреди кои мажите ги прават редовно. Тоа се однесувања кои жените наводно ги сакаат, но за жал, користени прекумерно може и да бидат навредливи. Па, не дозволувајте вашата врска да пропадне поради неколку недоразбирања. Прочитајте ги овие 10 работи за тоа што треба да сторите, или поточно - што не треба, за да останете со неа.


1. Ја барате по телефон премногу често

Не само што ова ве прави да изгледате посесивен и зависен, туку и дополнително ја нервира. Ако сте постојано зад телефонот, ја губите вашата аура на мистерија и независноста која знае да биде интригантна.

Наместо тоа: За секои 2-3 пати кога ќе и се јавите, таа нека се јави барем еднаш за да се обезбедите дека повиците се двонасочни.


2. Не плачете

Слушате повремено како сака чувствителен маж, па почнувате со солзи кога сте емотивен. Грешка. Плачењето ве прави премногу емоционален, па дури и нестабилен. Таа сака да биде со некој силен, некој со капацитет да ја заштити. Да не го спомнуваме плачењето во јавност: тежок срам за неа, а тоа е една од најголемите навреди.

Наместо тоа: Освен ако нешто навистина трагично се случило и вашите солзи се вистински, одбегнувајте да плачете пред неа. Да се биде чувствителен на нејзините потреби е важно, солзите не се.


3. И покажувате премногу внимание во јавност

Правило бр.1: Никогаш не срамете ја во јавност. Серенади, гушкања и слично пред луѓе може да го направат токму тоа. Ќе размислува да прекине со вас, а тука е и екстра притисокот од пријателите и фамилијата дека сте посесивен, несериозен и обичен глупак.

Наместо тоа: Некои жени навистина сакаат да им обрнувате внимание во јавност, но правете го тоа деликатно одејќи по тенката линија. Започнете со мало пецкање и обрнете внимание на нејзината реакција пред да започнете со серенадите.


4. Користите бебешки јазик за да бидете допадливи

Лигаво е, кич е, глупаво и вртоглаво. Треба ли да се каже повеќе? Бебешкиот јазик е за бебиња, вие сте возрасен маж.

Наместо тоа: Дозволено е да имате чудни прекари и слатки интерни шеги, но престанете тука. Освен ако таа не почне да зборува бебешки прва и ви даде силна индикација дека го сака тој тон на комуникација, направете си услуга и заборавете на бебешкото однесување.


5. Премногу се приспособувате на неа

Да, важно е да и дадете да одбере филм од време на време, но забога немојте да го гледате Dirty Dancing по 11-ти пат! Треба да се приспособите до некој степен, меѓутоа да останете со 'рбетот на тело. Не ја прашувајте за дозволи бидејќи тоа предизвикува еден вид мајка-дете динамика, што сигурно не е она што таа го бара во врската.

Наместо тоа: Земете си го 'рбетот и покажете и дека сте способни сами да решавате. Одберете филм, ресторан или ТВ шоу повремено, без жалење за изборот. Всушност тоа е основата на компромисот - некогаш таа одлучува, некогаш вие.


6. Преблиски сте со нејзиното семејство и пријатели

Нормално е дека таа сака да бидете блиски со нејзиното семејство и пријателите, меѓутоа не да играте ластик со сестра и или пак да правите торта со мајка и - особено во раниот период од врската.

Наместо тоа: Вашата врска со нејзиното семејство и пријателите е нешто што треба да се развие со време. Бидете блиски од дистанца и полека ќе влезете во кругот.


7. Премногу долго се дотерувате

Една жена генерално не сака мажот да поминува повеќе време во дотерување од неа. А и повеќе дотерување најверојатно ќе влијае негативно на вашата сексуална привлечност.

Наместо тоа: Бидете чист, испеглан и мирисајте убаво, но олабавете со третманите за лице и маникирот.


8. Ја изразувате вашата љубов прерано или пречесто

Знаеме дека можеби мислите дека патот до женското срце е преку „Те сакам“. Е, тука сте комплетно надвор од колосек. Таква декларација кажана прерано(или пречесто) само ќе ја исплаши, а најверојатно ќе ве стави и во крајно ранлива позиција ако не ви возврати.

Наместо тоа: Има време и место за се. Не го кажувајте затоа што мислите дека ќе ја импресионира, туку само кога навистина ќе го мислите. И ве молиме, лимитирајте се себеси да го кажувате 2-3 пати неделно.


9. Знаете да се изнаиграте

Дали кажувате работи како „Сакам да играм“ или „Ајде да одиме да играме вечерва“? Или кога треба да си одите од ноќниот клуб и велите „Само уште една песна“? Ако се наоѓате во некоја од овие реченици тогаш дефинитивно се преигрувате кога сте со неа. Вие сте екстремната спротивност на „Јас не играм“ типот на мажи и ризикувате да не бидете сфатен серизно. Таа може да помисли дека избегнувате да и купите пијалак или да направите муабет со неа покрај барот. Освен тоа, по долговечерното играње, најверојатно ќе бидете жива вода испотени. А да, и ќе мирисате лошо.

Наместо тоа: Не изгледајте толку возбуден. Таа евентуално ќе сака да поиграте малку, но немојте секогаш вие да бидете иницијаторот. Пробајте да разберете кога таа сака да игра и играјте со неа при секоја втора желба. И не заборавајте да направите пауза за да и купите Мартини.


10. Премногу зборувате

Не не интересира колку добар говорник сте, бидејќи ако понекогаш не знаете да молчите кога сте со неа, тоа скапо ќе ве чини. Вашето ломотење со време ќе и здосади. По волку напишан текст мислам дека веќе ја нервира.

Наместо тоа: Добро сте научиле дека жените сакаат некого кој ќе биде добар говорник и ќе го сподели тоа, но понекогаш оставете го гласот на маса и направете простор за неа. Поставувајте прашања и не заборавајте да слушате. И запомнете: Тишината е злато.


Можеби ќе ви треба време и ментално приспособување за да ги откачите сите овие стереотипни навики, меѓутоа клучот е во умереноста. Не мора да напуштате целосно било кое од овие однесувања. Едноставно држете ги под контрола и повремено направете некоја непредвидлива работа за која со сигурност знаете дека ќе и се допадне.
 
Drzi voda postot na Gego!
:zver:
Ali ipak...sekoja e razlicna!
I najvazno e da si postavis target,da naucis nekoi raboti za nea...
I da probas!
Moze da bide...mozebi i nema!!
Ama nikogas nema da znaes ako ne probas,neli?:kez:
Priodot ne e trening za da moze da go naucis napamet i da igras isto sekoj pat...I sekogas treba da bides spontan,i da se vodis od prethodnite dobri i losi iskustva!
 
bravos za postovive bas mi trebaa :) zaso vcera se izbrukav...sea mozam da si kazam deka sum se a ustvari najgolem PAPUCAR :S falaa za postovive :)
 
druze od zbor do zbor tocno i alal da ti e za temava,i da se e do iskustvoto a i do toa kolku porano prestanes da se optovaruvas so sitnici okolu nekoi raboti :bravo: :bravo: :bravo:
 
...sve sto si rekao je tacno i to je tako zalosno.neke devojke ne shvataju koliko su srecne kad imaju finog decka pored sebe i ne znaju to da cene.ali,takodje ima devojaka koje cekaju i zele tako fine momke sa kojima ce provoditi romanticne veceri uz svece baladice.ja sam jedna od tih devojaka...zbog toga sam i posebna.pozzz za tebe.
 
Браво Гего, одлична тема, а цуриве нека прочитаат некој ствари, зошто после машките се вакви такви, некој срциња, некој сељаци, и на крај ке речат сите сте исти,
исти гомна сме, поради добрината према вас, и еднаш ако ја скокнеме или затаиме таа добрина вас притисокот ви е 200 и тогаш сме гомна во вашите очи :)
 
Се од горе наведеното е точно.Мажите понекогаш навистина не знаат како треба да се однесуваат.темава ви е супер!

Посебно поради тоа што некои девојки навистина не заслужуваат внимание,љубов,нежности.Само што додека да сватиш каква е може се да се случи.И потоа повредените дечки се однесувааат исто и со таа што не заслужува.и навистина има некои дечки што се префини и не се сите исти!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom