Поскапување на патарините!?

  • Креатор на темата Креатор на темата uggrin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јули 2014
Мислења
65
Поени од реакции
30
Возраст
45
Додека народот е зафатен со луцидноста на Албанците во Македонија, некој реши да ја искористи гужвата и да види аир од целата работа.

http://makfax.com.mk/ekonomija/makedonija/poskapea-patarinite

Ќе се побуни некој на ова или ќе си помине како се друго?
 
Уште којзнае што друго поскапе овие неколку дена. Честитки на тие што ќе го издржат ова.
 
Нешто да се поефтини можи ?
И едно не ми е јасно, зошто се плаќа ова патна такса шо е? Која е логиката да се плаќа ?
 
Логиката е, возиш автомобил значи ги користиш патиштата, значи патиштата се оштетуваат и им треба одржување. Или во Македонски превод, на владата (на сите влади немора да биде актуелната) и требаат пари.

А дека и треба пари на владата најголем доказ е најдобрата идеја за фискализација. Како да ги натераш фирмите да куцаат се на фискална? Ќе го натераш народот да бара фискални. Оп, наградна игра!?
Ми кажаа дека финта било ако купиш два или повеќе производи, да побараш да ти ги куцнат на различни сметки, за повеќе шанси да имаш за добивка...
 
Точно, ама прашањето е како да се побуниме?
Или ќе бидеш етикитиран како соросоид или како патриот ( знаете што се крие зад секое :) ). Подршка од политичарите нема да добиеш од никој затоа што и самите си кажуваат: "Знаете кај нас како не фаќаат покачувањата, имаме високи плати и примања така да не чуствуваме ништо". Значи, само народот да се побуни без од тие говеда да се упикува за ситни политички поени. Ако немам ауто или камион не значи дека тоа не влијае на мене. Влијае на транспортот на продуктите и сакал или неќел се е поврзано така да ќе се качи нешто што јас користам. Тоа се вика економија.
 
Каква сака нека биде етикетата, факт е дека без организатор многу е тешко да се преземе било што. Кој е тој поединец што може да биде толку „гласен“ што ќе натера луѓе да излезат на протест?
Проблемот е во тоа што соросоидите или патриотите кога организираат било што, тоа има цел да се добијат поени, да се зацврсти позицијата, да се размрда позиција итн.

Но, кога би имало вистинска цел за доброто на народот, тогаш на никого нема да му биде гајле за етикетата...
 
Ама што ве гледам чудни, па знаете ли колку пари отидоа на избори? И верувајте нема да запре тука.
 
pa i onaka bea eftini paterinite,sega neka gi pokacat so 10-20 den
sega sto da ocekuvame sledno za pokacuvanje
 
^^ некој данок, казни, давачки за фирмите. Ехе и те како има каде да се удри.
 
Сега треба да почнат да наплаќаат на Македонски државјани излез од државата. При излегување на граница еднократно по некој 1200 денари и за секој ден надвор од Македонија по 600 денари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom