Како надополнување на претходниот пост, еве едно од “изненадувањата“ кои се подготвуваат со предлог на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата :
Член 7
(
1) Општините и Градот Скопје го уредуваат сообраќајот на локалните патишта и улици на своето подрачје, согласно со одредбите на овој закон.
(2) Уредувањето на сообраќајот од ставот (1) на овој член, опфаќа:
-утврдување на техничкото уредување на сообраќајот преку воспоставување на електронски систем за видео назор,
-поставување на блокатори на возила на места што не се наменети за паркирање, како и отстранување на блокаторите од возилата,
-поставување и одржување на заштитни огради за пешаци на опасни места,
-отстранување на дотраени, оштетени и напуштени возила,
-надзор и преместување на непрописно запрени и паркирани возила,
- надзор над трактори, запрежни возила и возила што се вклучуваат во сообраќајот на патиштата од градилишта,
-надзор на сообраќајот во пешачките зони,
- определување на зони со ниски емисии на штетни гасови од возилата и условите за сообраќај на возила во истите и
-надзор над паркирање на возила на места на кои паркирањето е временски ограничено.
(3) За движење на возила во пешачки зони, зони од посебно значење заради доставување на стока, како и во зони со ниски емисии на штетни гасови, општината односно Градот Скопје издава одобрение.
http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=331&Show=1&itemID=98