Иницијатива за воведување Македонски во Google Now и останатите Google сервиси

Член од
10 март 2014
Мислења
110
Поени од реакции
19
Возраст
30
Дечки, (се надевам дека темава е на добро место поставена ако не е админите нека ја преместат)

Ајде да смислиме добра идеја да отпочнеме некоја иницијатива за воведување Македонски во сервисите на гугл кои овозможуваат гласовно препознавање. Во денешно време сите новости од Гугл на некој начин се најистакнати преку нивните гласовни интеграции, почнувајќи од самите телефони па до android wear/google glasses/автомобилските конзоли.

Има наши соседи кои веќе го имаат тоа, и почнувајќи од сличноста на јазиците можам да закључам дека не би им било огромен проблем да го овозможат тоа.

Предлагам да најдеме начин да им укажеме дека сме заинтересирани, има побарувања, маркетот во Македонија на Андроид е релативно голем(барем процентуално).

Што предлагате? Може да почнеме петиција, да се обидеме да контактираме некои од Македонците вработени во Гугл за да колку толку извршат внатрешно лобирање и слично.

Ајде заедно да исковаме еден план па можеби и ќе успееме.

За почеток пронајдов каде може да се даваат идеи/фидбек. Отворив suggestion каде што другите можат да го подржат барањето.

Линк: https://productforums.google.com/forum/#!category-topic/websearch/feedback-search/z8jJqunCpJc
Инструкции: Пишете и вие мислење или кликнете на "me too" линкот.

Исто така би бил благодарен ако споделите со пријателите на социјалнтие мрежи.

Превземено од член на it.com.mk форумот.
 
GgGw2EU.png

А што ќе превземеме во врска со тоа дека сите сајтови на гугл ни се отвараат на бугарски кога македонскиот е ставен за primary language?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom