Помош околу поврзување на таблет во автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата pepimk2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јуни 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Значи да ве прашам нешто..имам опел астра 1.4 95год ми се расипа радиото и целосно го извадив па планирам наместо радио да купам таблет од 7инчи и на него да пуштам музика + има повеќе опции,навигација,интернет, но не ми е јасно како да го поврзам со звучниците од колата кога пуштам музика на него да свири на звучниците од колата?
 
Не бива тоа, ке биде преслабо, најдобро земи си некое мало појачало за во кола и преку него ги поврзи звучниците. иначе за излез на таблетот е 3.5мм-от џек за слушалките.
 
до колку може да се најде некое најмало најслабо појачало, најевтино што може, и како се поврзува сето тоа?
 
најевтино ке ти биде ти да си направиш, можеш некое со тда1516bq има 2х11 вати а работи на 12в. ке те фати околку 150-200ден. и потоа иде вака, излез за слушалки----->влез на појачало----појачало----> Излез кон звучниците. тда1516 можеш да го напојуваш директно од каблите коишто биле за радиото.
 
Се некако се мислам дека нивото на техничко познавање потребно за реализација на последниов одговор, и тоа на ОП, се во сериозен диспаритет! :)

ОП, земи си најевтино можно радивце за кола, со вграден MP3 плеер, и USB и слот за мемориска карта. Имаше пред нецела година баш такво некое Акаи во СЕТ за пар илјади денари. Или било каде по продавниците за слична цена ќе најдеш Роадстар и слични кинези... кои ќе ти вршат работа неспоредливо покомфорно од таблет поврзан за појачало што исто треба да го купуваш (а ќе кошта колку радивце за кола, со вграден MP3 плеер).

Замисли кабли ќе висат од таблети до појачала ќе ти се троши батеријата од таблетот, ќе се клати лево десно во кола... не ти ја бива идејата. :)
 
немора да значи дека ке се гледаат кабли и други глупости, баш пред скоро време гледав еден на instructables имаше направено така слично со мобилен, истотака може да се напојува од акумулаторот преку регулатор. а едно солидно радио со мп3 и USB како што кажа кошта 2 000, ама тоа минимум, и секако иако пиша дека се 4Х50вати, тие се само по 10 вати, најчесто и помалку
 
има на пазар кај мене гледав радио со цд и усб 1800 најевтино, тоа е лесно за радио ама сакам да пробам со таблет, кабли и така имав многу обесени со електричната антена..и знам да го поврзам со појачало не сум па до толку, само што шеми колку толку разбирам што пиша на нив но јас да правам според шемата нема шанси затова барам некоја готова....инаку нели има полначи во кола за таблети цело време ќе е на полнач каблите ќе се сокријат колку толку а за клатењето лево десно незнам,можеби подобар држач и нема клатење
 
Чим мислиш дека можеш да го го средиш со држачи и со полначи, тогаш само напред и со среќа! ;)

П.С. За да не се маткаа каблите, таблетот планираш внатре позади „појачалото„ да го наместиш?

има на пазар кај мене гледав радио со цд и усб 1800 најевтино, тоа е лесно за радио ама сакам да пробам со таблет, кабли и така имав многу обесени со електричната антена..
 
Најдов едно мало појачало го поврзав и работи и го ставив таму внатре дека беше радиото и така да нема многу кабли само еден за полначот и еден за излезот за слушалки , а това што велиш зад појачалото се мислам и јас ама тоа е тешко да се намести ќе има луфта.. еве на едно видео како го местат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom