Разликата помеѓу сунитскиот и шиитскиот Ислам

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
nema sto da se veli brojkite kazuvaat sunitite se vistinskite muslimani, a tie shiitite ne gi smetame za muslimani, tie ustvari sakaat vo sto poloso svetlo da go prikazuvaat islamot, sto nema vrska so islamot.
tie se od najgadnite luge vo planetata. povikuvaat vo omraza i smrt.[DOUBLEPOST=1402832702][/DOUBLEPOST]dokaz za toa e Sirija zname sto pravi nivniniot shiitski diktator asad so rusija i iran na celo. bez milost pravi masakri na deca zeni i nevini luge.
Не сме експерти и не веруваме во се што се прикажува на тв,има луѓе што шетале,живееле и работеле на блискиот исток.На пример во страшниот Иран има цркви и никој не дава изјави еврејските жени да се стерилизираат-ова ги прави Шиитите едни од најгадните луѓе на планетава или?Па и они Сунитите не ги сметаат за прави муслимани.Еве ти како Суна муслиман кажи нешто повеке од каде е тоа непријателство-духовно,политичко?
 
Za drugite, suni shii se e toa isto, a oni medju sebe vikaat deka ne e isto. Geopliticki gledano suni ili bas suni se Saudijska Arabija koja e vaka so USA i sea koj e bolji musliman? Tagutskata ulema ili Iran?
 
Незнам во што се разликуваат ама заедничка им е глупоста (мислам на оние што одат на пазар со базука..). И едните и другите многу малку имаат мрднато напред во цивилизацијата дури мислам и дека цивилизациски назадуваат. И за едните и за другите човечкиот живот не вреди ни пет пари, колат луѓе, деца, жени како да колат кокошки, ич око не им трепнува. И едните и другите немаат појма од вера ниту пак може да собере нешто такво во нивните глави кои не разликуваат вера од држава. Проста раја со која америка и израел си играат курташак, дрн дупка, спие или не спие..... ако не им дојде паметот за кратко време меѓусебно ке се истребат. Секој ден од меѓусебните убивања се по едно 1000 помалку. Тоа им е заедничкото.
 
Поделбата настанува веднаш по смртта на Пратеникот. Причината е иста како и денешните случувања во политиката...борба за власт и доминација. Шиитите во своите религиски пракси се поблиски до Христијаните, а Сунитите до Ортодоксниот Јудеизам. Поради тоа што шиитскиот ислам пуштил корени во цивилизирани земји и култури (Иран, дел од Ирак, Сирија, Либан, дел од Индија), овие култури влијаеле врз шиитскиот ислам и го издигнале на едно повисоко цивилизациско и културно ниво, за разлика од сунитскиот ислам кој сеуште е масовно контролиран од СА.

Додека шиитите немаат никаков проблем да коогзистираат со христијаните, евреите и другите религиски пракси, во СА и земјите под нивно влијание се што не е во согласност со сунитскиот ислам е осудено на уништување и исчезнување.

Во минатото многу христијански или еврејски храмови биле претворени во џамии. Но во шиитските делови не е невообичаено истиот објект да го користат и шиити и христијани за извршување на своите религиозни пракси. Некој погоре го нарече Асад диктатор и убиец.....не навлегувам во тоа....но трупите на Асад не палеја цркви, не рушеа синагоги, не обезглавуваа луѓе само затоа што не се муслимани. Во Иран сеуште христијаните, муслиманите и преостанатите зороатристи можат слободно да ги извршуваат своите религиски пракси.

Џиновските статуи на Буда во Авганистан не ги рушеа шиити.

И кај сунитите не е се така црно. Сунитите во Турција, на Балканот и други цивилизирани земји научиле да живеат заедно со немуслиманското население.
Но сунитите од СА и сунитите под дирекно влијание на СА не признаваат ништо друго осем своето. Цивилизациски се заглавени во среден век и се однесуваат како христијанската црка и инквизиција во средниот век.

Не постојат вистински и невистински муслимани, како што не постојат ни вистински и невистински христијани. Секој се држи за својата вистина и своето верување.

За мене шиити, сунити, православни, католици, протестанти, евреи, хиндуси, будисти, атеисти и сите останати исти се ИСТИ се додека се луѓе и го почитуваат верувањето и животот на другите. Баграта со испрани мозоци (христијанска, муслиманска, будистичка, атеистичка....) ќе си остане багра без разлика дали верува во Буда, во Алах или Маркс.

Пред многу лета Диоген со фенерче го бараше ЧОВЕКОТ, денес и најјакиот рефлектор би му бил џабе, има многу двоножни верници и неверници кои се шетаат по светов, но ретко кој од нив е ЧОВЕК.
 
auu pravi eksperti ste.. se si znaete bravo! se sto gledate na tv u toa veruvate. abe takov narod ste ne ste ni izlegle od granicite pa da vidite sto se slucuva nadvor od mk.
Emi posto ti ne gledas TV i si izlegol nadvor od granicite aj prosvetli ne...dokazi ni deka TV propagandata e laga....
PS: Bez bombi i naslini metodi!
 
Бектешите и дервишите произлегле од Шиизмот или Сунизмот?
 
ајде некој од поупатените нека ми каже

1,зошто и на кој начин е различен езанот кај овие две поделби
2,зошто имаат икони шиите?
3,зошто се самоповредуваат ( дали е според некое исламско правило)?
4,зошто не ја сакаат ајша?
5,кој кого убил после смртта на мухамед и зошто?
6,дали ги почитуваат сите курански правила и пропоси или само одредени?
7,дали и мухамед го сметаат како светост или само како пророк?
8,дали различно клањаат и ако е така зошто?
иам уште прашања ама ај доста се и овие за малку да ни се разјасни
фала многу
 
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ: САЕИД САДЕГХ МОХАММАДИ, АМБАСАДОР НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН ВО МАКЕДОНИЈА

Иранскиот поглед на светот и официјалната перспектива на Техеран врз безбедносната слика на Блискиот Исток преку случувањата во граѓанските војни во Сирија и во Ирак, а во тие рамки и дејствувањето на милитантната радикалната исламска организација Исламска држава во Ирак и во Левантот (ИДИЛ), е тема на која говори во интервју за нашиот весник амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Саеид Садегх Мохаммади. Дипломатот од Техеран, пред да ја преземе мисијата во Скопје, бил заменик-амбасадор на Иран во Индонезија и во Австрија, советник во Одделот за меѓународно право на иранското министерство за надворешни работи, како и претседател на Одделот за мултилатерални политички работи.

Како гледа Иран на случувањата на Блискиот Исток и на екстремистичките милитантни групи во Ирак и во Сирија?
- Во самиот почеток морам да напоменам дека Исламската Република Иран има јасно одредена политика, која вели дека таа е против секаков вид тероризам каде било во светот и во чие било име. Како што знаете, за жал, од друга страна, пак, постоењето на тероризмот во нашиот регион има длабоки и стари корени и почнува од времето на окупирање на палестинските територии од страна на ционистите. Ако сакаме да ја разбереме актуелната ситуација во која во моментов се наоѓаат регионот и терористичките групи, јас би рекол дека треба да се навратиме многу наназад, можеби уште од времето на советската окупација на Авганистан, за да ги разбереме предусловите. За време на советското присуство во Авганистан, со помошта на западните земји од секаков вид, на Блискиот Исток се формираа милитантни екстремистички групи чија основна цел беше да се избркаат Русите од овој дел на светот, а особено од Авганистан. Подоцна една ваква, најверојатно не доволно добро промислена политика, која ги создаде овие групи, лошо им се врати на основачите. Токму овие терористи и милитанти што беа создадени од Западот беа истите луѓе што се противеа на американската интервенција и окупација на Авганистан.
За жал, овие екстремистички и терористички групи денес се проширија во регионот, особено во Сирија и во Ирак. Натаму, со почнување на кризата во Сирија, и комплетно непромислената поддршка на западните земји кон широката опозиција и противниците на Башар Ал Асад, се создадоа предуслови во оваа земја да пристигнат и да функционираат добро познатите терористичките групи. Токму овие милитантни групи, составени од борци од различни земји во светот, придонесоа да се разгори војната во Сирија и таа да прерасне во епицентар на тероризмот и крвопролевањето на Блискиот Исток.
Верувам дека доколку Западот размислеше подобро навреме за Сирија и не се вмешаше во внатрешните работи на оваа земја, сега можеби немаше таму да беснее граѓанска војна и сѐ можеше да се реши мирно и демократски преку преговори. Сепак, најголемата стратегиска грешка на западните земји беше што тие веруваа дека со поддршката за сириската опозиција и терористичките групи за кратко време ќе успеат да ја соборат сириската влада. Сепак овие предвидувања и лоши политики на Западот и на некои арапски земји во регионот не се остварија и сега имаме ситуација каде што на овие простори слободно дејствуваат терористите што со себе шират несигурност и крвопролевање.
НЕМА ДА СЕ ОСТВАРАТ ЖЕЛБИТЕ ЗА КАЛИФАТ НА ИДИЛ

Дали е можно прекројување на границите на Блискиот Исток, со оглед на тоа дека терористичката група Исламска држава во Ирак и во Левантот (ИДИЛ) сака да создаде калифат на територијата на денешните Ирак и Сирија?
- Групата ИДИЛ е одговорна за многу терористички акти и насилства на Блискиот Исток, па токму затоа со сигурност можам да кажам дека не е признаена од никого од исламскиот свет. ИДИЛ не ја поддржуваат ниту сунитите ниту шиитите и можам да кажам дека оваа група не ужива генерално никаква поддршка меѓу муслиманите во регионот. Токму затоа што немаат поддршка не верувам дека терористите можат да си ги остварат своите цели.
Терористите на ИДИЛ во своите редови, според нашите сознанија, имаат меѓу 5.000 и 10.000 борци. Ние мислиме дека оваа група функционира во Ирак, бидејќи ја има поддршката од припадниците на претходната власт од режимот на партијата БААС на Садам Хусеин и од некои поранешни команданти, воени лица и екстремни селефисти. Овие центри на моќ ја поддржуваат оваа милитантна група единствено поради фактот дека приврзаниците на БААС реално не нашле начин како да станат составен дел од модерната држава Ирак и да се дел од актуелната сегашна власт.
Дополнително, верувам дека виновник до одредена граница за настанатата лоша ситуација во Ирак можеби е и сегашниот ирачки естаблишмент. Владата во Багдад можеби со недоволно промислени политики и лоши потези во одредени сунитски провинции ја подгреа дополнително ситуацијата на теренот. Ние веруваме дека со креирањето нова влада во Ирак, која ќе треба да се формира идната недела и ќе биде широка и сеопфатна и во која ќе влезат сите засегнати страни, ќе можеме да се надеваме на решавање на настанатата ситуација.

Иран мисли дека со навремена интервенција на ирачката влада, проследена со добра организирана фатва добиена од поддршката на тамошните верските лидери, можно е отпорот против оваа група да биде подобар. Натаму, регионот верува во Владата во Багдад, која е демократски избрана и е способна да го реши својот внатрешен проблем. Ние сме сведоци дека сето ова што го говорам практично веќе се случува на терен и веќе почнува одлучна политика за соборување на овие групи.

Како гледа Техеран на барањата на ирачките власти за воена помош од страна на Иран за справување со радикалните исламисти што му се закануваат на Багдад?
- Владата во Иран негува политика што е против мешањето во внатрешните работи на суверените држави. Поради оваа констатација, Техеран силно верува дека ниту Иран ниту, пак, која било друга земја нема право и не би требало да се вмеша во внатрешните работи и случувања на другите земји. Ние мислиме дека Владата на Нури Ал Малики, проследена со поддршката на верските лидери на Ирак и на сунитите и на шиитите, има капацитет да се справи со сите безбедносни предизвици и екстремизмот.
Јас верувам дека ситуацијата во Ирак може дополнително да се подобри ако меѓународната заедница, изразена преку ОН и организацијата за исламска соработка, е поактивна во случувањата и тие навреме ѝ дадат поддршка со конкретни механизми на ирачката актуелна власт. Надоврзувајќи се на ова, доколку ирачката влада од нас побара помош што не би подразбирала воени активности, ние би се одзвале позитивно на барањето на нашиот сосед и би помогнале советодавно или во некоја друга форма.
НОВО СОЈУЗНИШТВО НА БЛИСКИОТ ИСТОК?

Првпат интересите на Вашингтон и на Техеран во поновата историја се наоѓаат на иста страна кога станува збор за кризата во Ирак. Можно ли е некое идно ново американско-иранско сојузништво?
- Важната улога што Иран ја има на Блискиот Исток е геополитички факт, што многу земји во светот го прифатија навреме во изминативе години. Од друга страна, неразбирањето на оваа важна улога во регионот на мојата земја беше видливо пред сѐ во кризата во Сирија. Па, кога се решаваа, условно кажано, проблемите на земјата во Женева, Иран не беше поканет да присуствува на преговорите. За жал, ова наше маргинализирање во овие збиднувања доведе до неуспех, а Иран можеби ќе можеше да помогне да не се влоши кризата во Сирија. Сегашното прифаќање на Западот на оваа важна улога што ја има Иран на Блискиот Исток можеби ќе помогне подобро да се решат збиднувањата во Ирак.
Како што знаете, по исламската револуција во Иран, односите меѓу Техеран и Вашингтон беа многу нарушени, па може слободно да се каже дека и во одредени ситуации тие беа сосема непријателски. Меѓутоа, сега можам да заклучам дека има помрднување од овие односи кон подобро, а негативните тензии се намалија, особено откога на власт во САД дојде американскиот претседател Барак Обама. Сега, кога сите заедно сме исправени пред нови предизвици, можеби може да се каже дека е можно да се роди едно такво ново партнерство меѓу Иран и САД. Но додавам дека треба многу да се работи за да се стекне меѓусебната доверба меѓу властите во двете земји и да се гледаме од иста позиција, со заемно почитување и еднакви права.

bauuu.jpg


Војните во регионот ја истераа толеранцијата и соживотот


Што значат војните во Ирак и во Сирија за односите меѓу сунитите и шиитите во муслиманскиот свет?
- Јас верувам дека активноста на оваа екстремистичка група и војните во Сирија и во Ирак не се резултат од постоењето на недоразбирањата меѓу сунитите и шиитите во исламскиот свет. Доказ за ова мое тврдење е постоењето на толеранцијата и соживотот пред да се разгорат војните во овие земји. За пример може да се земе и самиот Ирак уште од времето на претходниот режим на Садам Хусеин, кога во таква една земја без проблем заедно живееја сунитите и шиитите. Ние мислиме дека виновник за денешните немили случувања во Ирак и во Сирија пред сѐ се некои екстремистички струи на Западот и на ционистите. Токму овие центри на моќ што ги споменав, особено последните, секогаш се во потрага во регионот на Блискиот Исток да постојат недоразбирања и конфликти меѓу земјите за да ги покриваат нивните злосторства. Затоа велам дека меѓу завојуваните никој реално нема никаква придобивка, а целата полза е кај оние што успеале да ги испровоцираат овие случувања, а тоа е пред сѐ ционистичкиот режим. Ова наше тврдење е поддржано од фактот дека една од главните цели на сите верски исламски лидери од целиот регион е да се поддржат процеси за спојување и да се направат напори за да се зближат, а не да се раздвојат муслиманите. Токму затоа верувам дека обединувањето и соработката меѓу исламските земји е главната цел на сите на Блискиот Исток и сигурен сум дека секој од нас сака да живее во еден стабилен, мирен, силен и позитивен регион. Во ова мое тврдење дополнително сум уверен бидејќи знам дека исламот е вера на мирот, вера на соработката, толеранцијата и на соживотот со сите луѓе. А токму овие постулати на исламот не им одговараат на непријателите на мирот и стабилноста на регионот и се обидуваат преку војни и безредија со поддржување на екстремистички групи да го нарушат имиџот на исламот. Овие екстремисти или терористи свесно или несвесно ги остваруваат целите на ционистите, бидејќи во својата основа тие војуваат нечесно. Доколку ги погледнете снимките на ИДИЛ што ги ставаат на Интернет, ќе видите дека тие вршат масакри врз недолжни цивили и убиваат невини жени, млади и деца. Па затоа со сигурност велам дека оној што себеси се нарекува муслиман, без разлика дали е шиит или сунит, едноставно не може да ги извршува овие недела. Ваквите акти против човештвото, не само од муслиманите, се осудени од сите вери во светот.
 
Расколот меѓу муслиманите доаѓа со смртта на Мухамед,едните викаат дека треба да биде негов наследник Алија а другие Абу бакир.... и еве денеска се колат.. НА НАША НЕИЗМЕРНА РАДОСТ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom