Португалија

  • Креатор на темата Креатор на темата Макелеле
  • Време на започнување Време на започнување
Прошетав летово низ Португалија, па еве еден пост што може да им биде од помош на сите што планираат да одат таму на одмор. :)

Прво бев во Лисабон на два дена пред да тргнам накај Алгарве, каде поминав една недела. Во Порто не отидовме, пошто е северно од Лисабон и многу пат ќе дојдеше од Порто до Алгарве после тоа. Бевме до Синтра, преубаво планинско место до Лисабон, ама бевме ограничени на време, па направивме само еден круг по планината, но не влеговме ниту на Пења Палас, ниту во замокот, ниту во градините. Така да, еден совет, ако веќе планирате да одите на Синтра испланирајте си еден цел ден за таму.

За Алгарве конкретно, бевме сместени во Албуфеира. Топ туристично место, преполно со Британци. :D По кафичи и ресторани е релативно евтино, можеш убаво да се најадеш и да пиеш пиво/вино/сангрија за 10тина евра. Имаат happy hours и разни промоции нон стоп, плус има ноќен живот, од рок свирки, акустик свирки, до диџеи и традиционална Фадо музика.

Maлце облачно е на сликава, па затоа е малце потемна, плус неам кој знае каква камера. :D

20190704_121954.jpg


20190704_183047.jpg

20190706_125727.jpg

Е сеа погоре на првата слика е главната плажа во Албуфеира, Praia dos Pescadores. На втората слика поглед кон Praia do Inatel - источно од Пескадореш, на третата слика имае поглед од Praia do Peneco кон Пескадореш и Инател најдоле.

Еден ден бевме до Praia do Oura, некои си пола саат пеш од стариот град, кај што бевме сместени. Поинтересен дел од градот у секој случај, пошто има многу мали заливчиња и плажички, кои излегуваат на површина кога се повлекува водата, а на вечер при плимата поголем дел од нив е под вода.

20190705_144850.jpg

20190705_144445.jpg

Последните 3 дена изнајмивме кола и го прошетавме скоро цел регион. Eден ден бевме до Мариња и Бенажил, на некои си 25-30 километри од Албуфеира - must visit се местава, па и ден-два да поминете на нив, посебно на Мариња.

20190708_111106.jpg

20190708_111315.jpg

20190708_160505.jpg

Тука бевме до Benagil Caves, така и ми е сликана плажата. Ама неам убава слика од пештерата. Може да пробате да пливате, 200 метри е од плажата ама водата е ептен немирна пошто нон стоп поминуваат бродови па не е препорачливо. Имате опција и со кајак ако сте двајца, така пак малце ќе се измачите ама бар ќе може да се симнете во пештерата, кај што исто така има мала плажичка, може да изгуглате слободно, ама ние бевме 3ца па затоа отидовме со бродче. Пола саат тура за 15 евра, не однесоа до уште некоја пештера и до Мариња по океанот, што беше интересно како искуство.

Нареден ден бевме прво до Лагош, кај што посетивме неколку места и до Кабо де Сао Висенте - нај југо-западната точка да гледаме зајдисонце демек, ама имаше облаци, па ништо не видовме. :D

Ponta da Piedade
20190709_102220.jpg

Paia do Camilo
20190709_113237.jpg

20190709_112713.jpg

Praia Dona Ana
20190709_153359.jpg

Cabo de Sao Vicente
20190709_195828.jpg

Последен ден бевме накај Фаро, источно од Албуфеира има послаби плажи. Од денешна перспектива, пошто последен ден ни беше можда попаметно ќе беше да одиме пак до Мариња или да останеме на Пенеко плажата, ама небитно, секако имавме у план да одиме на исток. Бевме до една мало местенце Тавириа, и посетивме 2-3 плажи од кои Praia do Barril ми остави најмногу впечаток.

20190710_144242.jpg

25-6 степени беше температурата во главно, така да водата беше прилично ладна. Мислам дека 10тина минути најмногу издржав, влегуваш онака колку да се разладиш и тоа е тоа, нема плавање како на Хакидики. :D
 
Последно уредено:
Прошетав летово низ Португалија, па еве еден пост што може да им биде од помош на сите што планираат да одат таму на одмор. :)

Прво бев во Лисабон на два дена пред да тргнам накај Алгарве, каде поминав една недела. Во Порто не отидовме, пошто е северно од Лисабон и многу пат ќе дојдеше од Порто до Алгарве после тоа. Бевме до Синтра, преубаво планинско место до Лисабон, ама бевме ограничени на време, па направивме само еден круг по планината, но не влеговме ниту на Пења Палас, ниту во замокот, ниту во градините. Така да, еден совет, ако веќе планирате да одите на Синтра испланирајте си еден цел ден за таму.

За Алгарве конкретно, бевме сместени во Албуфеира. Топ туристично место, преполно со Британци. :D По кафичи и ресторани е релативно евтино, можеш убаво да се најадеш и да пиеш пиво/вино/сангрија за 10тина евра. Имаат happy hours и разни промоции нон стоп, плус има ноќен живот, од рок свирки, акустик свирки, до диџеи и традиционална Фадо музика.

Maлце облачно е на сликава, па затоа е малце потемна, плус неам кој знае каква камера. :D

Прегледај го приврзокот 213137


Прегледај го приврзокот 213138

Прегледај го приврзокот 213140

Е сеа погоре на првата слика е главната плажа во Албуфеира, Praia dos Pescadores. На втората слика поглед кон Praia do Inatel - источно од Пескадореш, на третата слика имае поглед од Praia do Peneco кон Пескадореш и Инател најдоле.

Еден ден бевме до Praia do Oura, некои си пола саат пеш од стариот град, кај што бевме сместени. Поинтересен дел од градот у секој случај, пошто има многу мали заливчиња и плажички, кои излегуваат на површина кога се повлекува водата, а на вечер при плимата поголем дел од нив е под вода.


Последните 3 дена изнајмивме кола и го прошетавме скоро цел регион. Eден ден бевме до Мариња и Бенажил, на некои си 25-30 километри од Албуфеира - must visit се местава, па и ден-два да поминете на нив, посебно на Мариња.



Тука бевме до Benagil Caves, така и ми е сликана плажата. Ама неам убава слика од пештерата. Може да пробате да пливате, 200 метри е од плажата ама водата е ептен немирна пошто нон стоп поминуваат бродови па не е препорачливо. Имате опција и со кајак ако сте двајца, така пак малце ќе се измачите ама бар ќе може да се симнете во пештерата, кај што исто така има мала плажичка, може да изгуглате слободно, ама ние бевме 3ца па затоа отидовме со бродче. Пола саат тура за 15 евра, не однесоа до уште некоја пештера и до Мариња по океанот, што беше интересно како искуство.

Нареден ден бевме прво до Лагош, кај што посетивме неколку места и до Кабо де Сао Висенте - нај југо-западната точка да гледаме зајдисонце демек, ама имаше облаци, па ништо не видовме. :D


Последен ден бевме накај Фаро, источно од Албуфеира има послаби плажи. Од денешна перспектива, пошто последен ден ни беше можда попаметно ќе беше да одиме пак до Мариња или да останеме на Пенеко плажата, ама небитно, секако имавме у план да одиме на исток. Бевме до една мало местенце Тавириа, и посетивме 2-3 плажи од кои Praia do Barril ми остави најмногу впечаток.


25-6 степени беше температурата во главно, така да водата беше прилично ладна. Мислам дека 10тина минути најмногу издржав, влегуваш онака колку да се разладиш и тоа е тоа, нема плавање како на Хакидики. :D

Џабе се плаживе. Ништо, како во Дојран да се бањаш. Грчка си е Грчка.
 
И јас бев во Португалија, па во продолжение ќе споделам искуството, може ќе му се најде некому.

Превоз

Договорот за Португалија падна откако начекавме карти по багатела цени, 80 евра повратна преку Болоња, односно 2 лета менуваш во правец. За одење летовите беа Скопје->Болоња (Wizz), Болоња ->Лисабон (Ryan), за враќање беа Порто->Болоња (Ryan), Болоња -> Скопје (Wizz). По 20 евра карта излегуваше, ги начекав некаде 3 месеца пред патувањето. Лошата страна е тоа што за одење денот ти пропаѓа, некаде во Лисабон околу 9 вечер слетавме, а за враќање рано во 6:30 сабјале е летот до Болоња, така да испаѓа дека си 6 дена, а 7 ноќи. За одење имавме луфте од 2 часа и 50 минути меѓу двата авиона (ни беше малку шубе), за враќање повеќе од 5 часа. Вреди да се напомене дека и во Порто и во Лисабон има метро конекција до аеродромот, ако случајно патувате надвор од работното време на метрото, има автобуски линии до аеродромот. Би спомнал и дека опцијата со менување превоз преку Болоња и другпат сум ја користел, генерално најефтини летови имаме до Болоња, терминот доста одговара за менување лет бидејќи не е вечерен, а Болоња е доста опремена со летови до примамливи дестинации.


Агенда

Земавме Lisboa Card така да ова доста влијаеше да ја креираме агендата на движебе за Лисабон. Со оваа картичка за 1,2 или 3 дена имаш бесплатно влез во повеќето музеи, замоци и други знаменитости (во некои ко аквариумот има попуст само, не се бесплатни), имаш бесплатен јавен превоз (метро, трамвај, бус), како и бесплатни возови до Каскаис, Синтра, Сетубал. Ја земавме опцијата за 3 дена, со online порачка имаш 5% па наместо 54 евра плативме 51 евро. На крај правевме пресметки и наместо да платиме 84евра колку што би чинеле сите билети вкупно што ги земавме за време на престојот, плативме 51 евро (заштеда од 33 евра), па од овој аспект вреди. Но, сепак направете си математика дали тие знаменитости би ги посетиле ако не е картичката или би оделе само бидејќи ја имате, може и да не ви вреди ако не сте тип на човек што сака музеи, замоци. Вреди да се напомене дека важи 72h од моментот кога ќе ја куцнете (ако ја куцнете понеделник во 21:00, ви важи до четврток до 21:00).

Прв ден: Лисабон и цел да се посетат најмногу знаменитости што може
Втор ден: Каскаис + Сетубал
Трет ден: Синтра (National Palace of Pena и Quinta da Regaleira)
Четврти ден: Шетање центарот Лисабон, населбите Alfama, Graca
Петти ден: Порто едната страна на реката + зајдисонце чекање на Jardim do Morro
Шести ден: Дргата страна на реката + зајдисонце чекање со музиче на Jardim do Morro


Смештај

Да не пишувам премногу детално тука, бидејќи некој ќе треба и да го чита ова. Лисабон не фати 266 за двајца за 5 ноќи, 133 од човек. Смештајот беше на 2км од центарот, на мирна локација, апартманче одлично опремено со кујна со се комплет. Порто не фати 122 евра за 2 ноќи, 61е од човек, во сам центар, без кујничка, друго се опремено супер. И во Лисабон не дека ја користевме кујната, таква беше набиена агендата, што само за спиење се прибиравме дома.


Храна

Гледав да пробам што е можно повеќе португалска храна, си реков дека нема да заборавам имињата на се што пробав, ама тешко таа работа... Ќе ставам во спојлер сликите од храната, не се некој уметнички слики, ама морам така да не затекнам некој гладен. Најмногу ми се допадна бакалау (codfish) во тафче со топено сирење, 14евра е по ресторани. Пастел де ната колку и да ви звучи чудно ама најдобра вредност за пари е во Лидл, 6 добивате за 1.94е. Имаше уште едни други благи, предобри беа. Во Порто Франчесина исто доста добро беше. И да не заборавма пробајте го ликерот Ginja послужен во чоколадца, можете и некое винце во Порто. Им го пробавме и пивото Super Bock, просек беше.
Паеља + бакалау во топено сирење (штета немам подобра слика од него). Паељата е со морски плодови, но е повеќе шпански специјалитет.

20240529_185211.jpg

Ликерот Ginja во бело чоколадо, 1евро е чоколадцето + малку од ликерчето. Да си го купите најмало шишенце мислам беше 3.8е (50ml), секако поисплатлива опција ако ви се допаднало (мене ми се допадна)

20240531_181418.jpg

Првово е некое свинско месо со школки, а второто е пак бакалау рибата (се имаат со неа), нешто беше во мешавина од јајца и ориз. Убаво беше ама поубаво ми беше со топеното сирење.

20240531_185600.jpg

Не ми текнува на името, лево е со крем, десно е со намаз од лешници, ги имате на главното шеталиште во Лисабон, убави беа

20240601_232101.jpg

Франчесина (ова во Порто само го гледав, мислам дека е локално на градот) и лазања

20240602_162321.jpg

Лисабон

Планот ни беше во првиот ден да посетиме што е можно повеќе знаменитости, вториот ден да е резевиран за Каскаис и Сетубал, а третиот ден за Синтра. Во оваа турбо набиена агенда во првиот ден ги посетивме во Лисабон: National Tile Museum, Mosteiro dos Jeronimos, Belem Tower, National Coach Museum, Castelo de São Jorge и лифтот Santa Justa. National Tile Museum 8 евра е регуларен влез, со пасот ни е бесплатен. Иксрено ако немате пас не знам колку ви вреди, бидејќи целата архитектура е со тие плочките сини, ги има насекаде, а целиот музеј е за нивниот развој, дистрибуција во Португалија, целата уметност околу нив. Беше интересно да се види, се задржавме 40 минути. Понатаму Jeronimos и Belem Tower, за секое од нив имавме по 1 саат и 40 минути чекање надвор во ред, и тоа со купен билет, едноставно се чека влез и гужвите се огромни. Jeronimos е 12 евра влез, но бесплатно со Lisboa card, додека Belem tower е 8 евра, исто така бесплатно со пасот. Jeremonio освен што е интересно и фотогенично местото, стварно не вреди за толку чекање, ниту пак за 12 евра ако немате пас. Белем исто така e интересно да се види, ама не вреди за чекањето. Кога ќе споредам чекањето за Пена и за Quinta da Regaleira, кои вредеа секоја секунда чекање, овие беа во најмала рака просечни, но кога ти се бесплатни ќе си чекаш ко попче за да ги видиш. :D На истата страна од градот беше и National Coach Museum. Ова е 4 евра, бесплатно со пасот, тука не се задржуваш многу, бидејќи е музеј на кочии низ историјата и се што гледаш се кочии со различни дизајни. Стигаме до нештото што ми беше најинтересно од овие знаменитостите а тоа е замокот, кој регуларно е 15 евра, но бесплатно со Lisboa card. Мене од сите тиа знаменитости што беа бесплатно вклучени ми беше најинтересен, имаше доста што да се види, да се качува по стрмни скали, слика, фазани на сите страни, погледи на сите страни од градот, убаво паркче составен дел од замокот и тврдината. За крај на првиот ден бевме на лифтот Santa Justa и не откорнаа ветрови, 6 евра е регуларно. Тука бевме само дека е бесплатно, нема поента да давате пари, бидејќи имате друг начин пешки да си се качите на истото место одоколу, а и не е ништо посебно погледот, има многу подобри погледи (од замокот, од Alfama и Graca населбите). Вториот и третиот ден беа резервирани за Синтра, Каскаис и Сетубал, само навечер шетавме во Лисабон и тоа само низ центарот. Четвртиот го резервиравме да ги прошетаме Алфама и Грака населбите (голем дел од сликите со трамвај се низ овие улички), односно на рутата нагоре од Sé de Lisboa, нагоре има 2 видиковци од цркви кои ги гледавме од замокот првиот ден и се чудевме како да стигнеме до нив. Ептен убави и фотогенични се маалава, раздвижени се, си имаат многу продавнички, како уште еден центар делуваат. Многу убав впечаток ми остави се.

Mosteiro dos Jeronimos
20240529_134507.jpg

Belem Ttower
20240529_154915.jpg

Castelo de São Jorge
20240529_203107.jpg

Alfama
20240601_132749.jpg

20240601_131905.jpg


Синтра

Ова е како во светот на бајките. Се оди со воз, самото градче не е ништо посебно, брзо ќе го прошетате, но тука се двата замоци Пена и Quinta da Regaleira, што се феноменални, бар за мене вредеа за секоја пара. Со Lisboa Card имавме пак бесплатен превоз со воз, кој инаку чини 2.4 евра во правец, како и влез во некои понебитни музеи ко News Museum, но за главните атракции имате само попуст со Lisboa Card, не и бесплатно влез. За Quinta da Regaleira попустот беше 20% од 12 евра на 9.6е, додека пак за Синтра Online земавме однапред билет (3 дена однапред ќе мора за попуст), па наместо 20е се фати 17е, пишуваше дека регулар попуст со пасот е 10% (што е помал попуст од тој што го добивме). Внимавајте за Пена мора да одредите time slot на посетата и да бидете точни, па темпирајте го времето. Од градот имаше некои што одеа со бус, ама ние тргнавме пешки лесно планинарење низ паркот, мене барем ми беше преубаво искуство. Некаде околу 1h одвојте ако планирате пешки, може и за многу побрзо, ама да си сликате, уживате во глеткате, природата.

Pena
20240531_120034.jpg

20240531_132507.jpg

Quinta da Regaleira
20240531_174257.jpg


Каскаис

Местово е преубаво. Како Монако некој впечаток ми остави, ама со свој посебен португалски шарм. Идејата ни беше тука да се бањаме, ама водата во океан крај на мај месец е критично ладна, јас влегов и после 1 минута излегов. Веројатно крај август, почеток септември е најтопло и има повеќе што се бањаат, ние кога бевме плажите беа фул, ама вака за бањање само во плиткото што си подаваа со топка. Грото мислат дека има големи бранови, но ова се мали заливчиња и водата тука е писта мирна, не е во директен допир со океанот. Ние го поделивме времето за 2 часа шетање, 2 часа плажа (Praia da Rainha), една мала симпатична песочна плажа во близина на центарот, ептен ми беше погодена, дури и сенка си најдовме накај карпите лево. Не можевме подолго, бидeјќи планиравме во ист ден и Сетубал. Превоз со воз е 42 минути во правец, со Lisboa Card е бесплатно, а без неа билетот е 2.4 евра (плус ќе треба еднократно да купите картичка од 0.5е на која би додавале возења отпосле).

20240530_125148.jpg

20240530_121135.jpg


Сетубал

Ова ми беше најголемо разочарување искрено. Во центарот во 5-6 поручек скоро и да немаше нешто отворено, ни за јадење ресторани немаше отворени, изборот меѓу 2-3 на крај се сведе. Очекував многу повеќе за град со 100к+ жители, на море, тоа и ми е единствена утка во патувањето, не дека ми е криво, баш сакав да го видам, ама ако ме послушате можете да се одлучите или да посетите нешто друго во денот искомбиниран со Каскаис (пример отсабајле да појдете до Mafra National Palace во која имате исто бесплатен влез), или пак да си посетите некоја плажа во Сетубал (Albarquel е најблиску). Ние доста касно појдовме и само време ни остана за да свртиме неколку круга низ центарот и да каснеме нешто.

20240530_200049.jpg


Порто

Можеби и најмногу ми се допадна од целото патување, очекував да е некако како скалило под Лисабон, ама Порто беше град буквално како створен за мене. Убава енергија насекаде, млади луѓе спонтано си се собираат на брдото на Jardim do Morro да аплаудираат на зајдисонцето, па улични уметници си свират за бакшиш, сите весели и расположени. Тука се е горе доле на купче околу центарот и најдобро според мене ви е да си ги мапирате на Google Maps сите места (па со локација вклучена, можете и офлајн) да си ги поминувте паралелно по реката како одат, гледајте да си ги групирате по иста линија дека угорниците им се доста хардкот, да не качувате за џабе натака-навака. Ако уличката е заемно нормална со реката значи е тешка угорница/удолница, ако е паралелна добри се шансите да е права, така да мудро напрвете план. Ми се допадна многу и тоа што на 2 нивоа е главниот мост, па има како горен центар и долен центар, имате и лифт за да не морате пешки да качувате се ова од горе до доле, но не се возевме со него. Исто така скроз може да ви се случи да тргнете некаде, па да улетате во некое интересно место, едно такво беше WOW - Cultural District, луѓе насекаде играат, танцуваат, штандови со коктели, јадења, па и заборавивме по што тргнавме да бараме. Тука исто така се беше прекрасно.


20240603_152241.jpg

20240603_215727.jpg

20240603_144811.jpg
 
Последно уредено:
Јас сум момeнтално Португалија , Алгарве-Албуфеира.

Рај , да одмориш мозок , нема галама , асален народ , ноќниот живот не е толку застапен , има разнооразни тури.
За тие 30+ одлична можност за одмор.

Не си утнал @ManUtdChampions
Од твојов пост ми испадна да отидам Алгарве.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom