Един Џеко осуден на 12 години затвор за воени злосторства

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
186282.jpg


Судот во БиХ го прогласи Един Џеко за виновен за воени злочини против воени заробеници и за воени злочини против цивили сторени во селото Трушина во1993 – та година и го осуди на казна затвор од 12 години.

Џеко е осуден за стрелањето на осум хрватски војници, кои биле заробени од армијата на БиХ.

Имено, во селото Трушина во 1993 – та година при судири се заробени хрватски војници. Осум припадници на ХВО се построени и застрелани, а 16 цивили се убиени на разни локации. Преостанатите цивили, воглавно жени и деца биле заробени во приватни куќи, а потоа биле пуштени да си одат. Во овие настани убиени се вкупно 22 Хрвати.

Тие, шо помисливте на ѕверот(како јас, на пример) кога го прочитавте насловот, извинете. Сте погрешиле
 
Имаше и клип на мрачњак како ги стрелат , али ептен лош квалитет на снимка.
 
^ прати по пораче да видам.
 
Лаже насловот, не е првпат вакво нешто да се види по порталиве. Ако продолжат вака да го иритираат народот ке им донесе грујо закон за интернет портали па ке пиштат после немало демократија.
 
До кога више со овие глупости? Вчера на Канал 5 за време на мега популарната емисија на Драган Вучиќ идеше текст „ВЕСТИ: ДОНЕСЕНА ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА МОНСТРУМ... ОБВИНИТЕЛИТЕ НАПРАВИЛЕ ГРЕШКА“. Незнам више до кога со овие очајни обиди за привлекување на медиумска пажња, исто така и дождот што падна пред некоја недела во Скопје со некои минимални поплави одма вонредни вести, паника #PrayForSkopje...
 
Баш прееска татко ми си ги чита страниците од Фб што искачаат и ми вика Еј Един Џеко обвинет на 12 години затвор и му викам не отварај тоа бе глупости се не е фудбалерот. Значи стварно треба некој закон да се донесе да не искачаат порталиве со некој бомбастични наслови кои немаат врска со реалноста.
 
Чек сеа, да беше фудбалерот немаше да бидат глупости и ќе вредеше да се чита? o_O
Треба во наслов да ви стават дека не е фудбалерот, за да не испаничите, иначе инфаркт ако е фудбалерот.
 
Чек сеа, да беше фудбалерот немаше да бидат глупости и ќе вредеше да се чита? o_O
Треба во наслов да ви стават дека не е фудбалерот, за да не испаничите, иначе инфаркт ако е фудбалерот.
Чек сеа, да не беше името исто ко на фудбалерот никој немаше ни да напише нешто за ова. Овој текст не е скоцкан за жртвите од војната во БиХ, туку за љубителите на фудбалот кои во оваа земја ги има многу. Само го трауматизираат народот со вакви испревртени текстови. Мислам сите несреќи што се случуваат по светов преку извртен наслов го наведуваат читателот да помисли дека тоа се случило кај нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom