Дали Исус бил роден во зима?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anicka555
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Да размислиме малку какви биле временските услови во тоа време од годината во Витлеем, местото каде што се родил Исус. Еврејскиот месец кислев (кој одговара на ноември/декември) бил студен и дождлив месец. По него доаѓал месецот тевет (декември/јануари). Тогаш имало најниски температури во годината, а на повисоките места понекогаш паѓал и снег.Месецот кислев навистина бил познат по студеното и дождливо време. Не е никакво чудо што овчарите кои живееле во тој дел од светот воделе сметка тие и нивните стада да не се најдат надвор ноќе кога ќе фатела зима!Меѓутоа, Библијата ни кажува дека овчарите биле на отворено и ги чувале своите стада ноќта кога се родил Исус. Всушност, библискиот писател Лука покажува дека во тоа време овчарите 'живееле надвор и чувале ноќна стража над своите стада‘ близу до Витлеем (Лука 2:8-12). Забележи дека овчаритеживееле надвор, а не излегувале надвор само преку ден. Нивните стада биле на отворено ноќе. Дали е можно да престојувале под ведро небо на едно такво студено и дождливо време кое преовладува во текот на зимата во Витлеем? Не. Значи, околностите поврзани со раѓањето на Исус покажуваат дека тој не се родил во зима.
 
Не мора за секое прашање да се отвора нова тема.
Разгледај го малку подфорумот.
hint: прашања за Христијанството

Доколку целта беше да се реши некаква мистерија, тогаш темава отворија во подфорумот за Мистерии. Или пиши ми ПП, јас ќе ја преместам.

Клуч.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom