dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.365
Пошто добив благослов од wot, еве ви тема за филмовите кои што поголемиот од дел со душа ги чека да ги изгледа или во кино или пред монитор/ТВ. Како и многу години претходно филмовите што се очекува да направат најмногу пари ќе излезат во пролетно-летниот период, но сепак за разлика од минатото последниве години неколку франшизи/три-кватрологии се почесто излегуваат во зимскиот период.
Во продолжение на воведниов пост ќе се запознаеме со неколку филмови кои што се очекува да жарат,палат,збарат и ќарат на бокс-офисот низ светот. Секако има и уште многу филмови кои што се во листата на најочекувани годинава, но бидејќи има лимит на карактери при еден пост нивното споменување ќе го оставам на вас.
Почнуваме со буквален blockbuster (хехе гедит? block..buster? busting blocks? because blocks=bric...forget it)
Овој анимиран филм излезе уште во Фебруари и буквално издоминира на бокс-офисот. Хуморот на овој филм е насочен и кон помладата и кон постарата публика а сето тоа комбинирано со симпатичната CGI анимација е вистинскиот рецепт за добар забавен филм за секого. Секако дефинитивно помага тоа што во овој филм можат да се видат најголемите херои на сите вермиња како Супермен,Бетмен,Грин Лантерн, Нинџа Желкинте,Американскиот кошаркарски дрим тим, Вондер Воман и многу останати. За жал во овој филм ги нема Карадај и Фатмаѓул, но продолжение на овој филм е закажан за 2017 па можеби хероите од нашите ТВ станици ќе добијат улога во продолжението на овој филм. Овој филм е достапен и на пиратираните страници така да сите вие што немавте можност да го погледнете овој филм во кино салите еве ви можност да го погледнете ова Анимирано постигнвуање. (sidenote: Има шпекулации за некаков си Нинџа Желки Лего спин-оф во 2016)
Марвел како и секоја година така и оваа доминира на бокс офисот, затоа и не е изненадување што продолжението на Captain America:The First Avenger е #1 на светскиот бокс офис засега. Ова филмско остварување беше хит помеѓу критичарите и фановите, многумина дури и го нарекоа најдобар филм во Марвел универзумот до сега. Во филмот може да ја видите Скарлет Јохансон во кожна облека како и останати небитни работи. Овој филм за многумина е храбар потег од страна на Марвел бидејќи е своевиден политички трилер со супер херојски елементи за разлика од останатите Марвел филмови кои што и не беа толку многу down to earth
После ребутот на Спајдермен франшизата од пред 2 години ни доаѓа нов филм за нашиот омилен тинејџер каснат од пајак- Спајдермен. Овој филм до сега има добиено половични критики. Сепак тоа не го спречи да стигне до 680+ милиони на светскиот бокс-офис до сега. Овој филм од фановите на Марвел филмскиот универзум и не доби многу позитивни критики поради тоа што многумина од тие фанови сметаат дека правата за филмовите за Спајдермен треба да ги добие Марвел а не Сони (како што е тоа случај во последниве години). Од друга страна пак повеќето од Спајдер-фановите сметаат дека The Amazing Spider-man 2 е најдобар Спајди филм досега. Дали е тоа навистина така останува да дознаете кога ќе излезе торент за овој филм, или пак да отидете во кино и да го погледнете The Amazing Spider-Man 2.
Од франшизата на филмови што ни ги донесе омилените ликови како Жан Валжан со зулуфи, Пикард во количка и Гандалф со метална капа ни доаѓа нов блокбастер во кој што мутантите патуваат назад низ времето за да го сменат минатото. Ова е најскапиот филм за супер херои на сите времиња, а со популарна актерска екипа сигурно се надева дека ќе стигне до добра бројка на бокс-офисот и до добри рецензии меѓу фановите и критичарите. Овој филм можете да го погледнете во моментов низ кино салите во Македонија, а торенти би можело да се очекуваат при крајот на летото. SPOILER ALERT: Марти Мекфлај не се појавува во филмов.
Третиот дел од квадрологијата базирана на три книги ни пристига во кината при крајот на Ноември, а во неа ќе го видиме почетокот на разврската за дистописката драма базирана на бестселер книгите со истиот наслов. Во овој дел ќе видиме....работи што ги знаат луѓето што ја прочитале книгата. Јас не сум еден од нив, затоа ќе треба да почекаме до ноември да видиме дали и овој дел на The Hunger Games ќе биде успешен како и неговите претходници. Овој филм ќе биде сосема поинаков од претходните знаејќи како заврши вториот дел на оваа трилогија од 4 дела, дали поинаковото ќе биде и подобро или тимот што победува сепак не треба да се смени ќе дознаеме на крај на годината или при крајот на следната (зависи каде и како ќе го гледате филмот)
Филмот за кој што во следниот период ќе се зборува многу поради тоа што ни следи трејлер за истиот ќе може да се погледне во светските кино сали во Декември. Овој филм претходно беше именуван како There and back again во меѓувреме беше сменет во The Battle of the five armies, бидејќи кажувајќи ни што ќе се случи во филмот во самиот наслов е подобро од оригиналниот наслов. Во овој филм ќе дознаеме како завршила авантурата на Билбо и конечно ќе дознаеме дали змејот ќе го убие Билбо при самото тоа или не, бидејќи пред ова нема никакви филмови што би ни помогнале да дознаеме за неговата иднина. Овој филм ќе биде последен од сагата на филмови на Толкен (после трилогијата Lord of the rings и двата претходници на третиот филм базиран на книгата The Hobbit), а фановите на дешавките од Среднатаземја сигурно нетрпеливо го чекаат овој филм.
Е па тоа беше тоа, се надевам дека не сум поминал некој лимит на карактери при пишувањето на овој пост ако не ќе скратиме некое филмче и ќе го постираме во нов пост за да соберам повеќе лајкови.

- The Lego Movie

- Captain America:The Winter Soldier

- The Amazing Spider-Man 2

- X-Men: Days of Future Past

Од франшизата на филмови што ни ги донесе омилените ликови како Жан Валжан со зулуфи, Пикард во количка и Гандалф со метална капа ни доаѓа нов блокбастер во кој што мутантите патуваат назад низ времето за да го сменат минатото. Ова е најскапиот филм за супер херои на сите времиња, а со популарна актерска екипа сигурно се надева дека ќе стигне до добра бројка на бокс-офисот и до добри рецензии меѓу фановите и критичарите. Овој филм можете да го погледнете во моментов низ кино салите во Македонија, а торенти би можело да се очекуваат при крајот на летото. SPOILER ALERT: Марти Мекфлај не се појавува во филмов.
- The Hunger Games:Mockingjay-Part 1
Третиот дел од квадрологијата базирана на три книги ни пристига во кината при крајот на Ноември, а во неа ќе го видиме почетокот на разврската за дистописката драма базирана на бестселер книгите со истиот наслов. Во овој дел ќе видиме....работи што ги знаат луѓето што ја прочитале книгата. Јас не сум еден од нив, затоа ќе треба да почекаме до ноември да видиме дали и овој дел на The Hunger Games ќе биде успешен како и неговите претходници. Овој филм ќе биде сосема поинаков од претходните знаејќи како заврши вториот дел на оваа трилогија од 4 дела, дали поинаковото ќе биде и подобро или тимот што победува сепак не треба да се смени ќе дознаеме на крај на годината или при крајот на следната (зависи каде и како ќе го гледате филмот)
- The Hobbit: Battle of Five Armies