Големи поплави, вондредна ситуација во Србија и Босна и делови на Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Awake
  • Време на започнување Време на започнување

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Локација
Скопје
Само што се огласи и премиерот Груевски во врска со оваа ситуација. Гледам дека понудил било што што е во нивните односно нашите можности да помогнеме, што е реално за поздрав.

За тие што не знаете, во Србија има наврнато просек околу 150 литра вода на m2, а во некој места таа бројка достигнува и до 200 литра на m2 за време од 30 до 40 часа. Поголемиот дел од Србија е под вода, војската и полицијата се повикини да помогнат.

До сега како што знам, илјадници нивни граѓани се евакуирани, многу се останати и без кров над глава. Целата оваа поплава има однесено и многу жртви. Пуштете јутуб, ќе го видите и Белград како е закрчен, замислете како е во оние не толку развиени места. Однесени се цели мостови, патишта, куќи итн. .. сликите ме потсеќаат на Индонезија пред 10 години.

Првa на помош се јавила Руската федерација и вечерва на аеродромот во Ниш ќе слета првиот од повеќето нивни авиони кој ќе бидат пратени составени од екипи за спасување и многу ресурси (храна/вода/топла облека).

poplave.jpg
 
И во делови на Босна е истата ситуација, прогласена е вонредна состојба.
Ако продолжи вака дождот, ќе биде и полошо. Веќе повеќе од месец константно паѓа дожд, премногу е.
 
Теоретичарите на глобални заговори би го поврзале ова со неодамнешното одбивање на Србија да се приклучи кон санкциите кон Русија и присуството на HAARP постројката близу Белград.
 
Господ да не чува и нас и сите од ова.

Страшно е, страшно.

Но ако ова продолжи со ова темпо, по србите ние сме следни, тоа ме заплашува.
 
Последно уредено од модератор:
Ова недела Србија и Турција беа најнесреќни држави..
 
Може ќе им текне на нашите да ги прочистаТ и прошират каналите и изградат нова канализација, да не потонеме у лајна. Преку вакви примери гледаме колку нашите градски “татковци“ си го работат мандатот.
Зошто во Виена нема поплави, затоа што градеа армирани валови и систем на канализација уште во 19 век.
 
не сум теоретичар на заговор ама ако си ги поврзе човек работите, србите минатата година имаа гнасни пожари и горештини, после имаа смрзнато зимо кое ги завеа луѓето по автопати и слично, а кај нас зимата млака, сега поплави , летово којзнае кој ѓаол ќе ги тресне
 
Значи добро е што живеам на 1400 м надморска. !!!

Еве вака ај како кајганаши да напраиме некоја иницијатива и да помогнеме некако ако треба и автобуси па да идеме да помагаме.
 
Може ќе им текне на нашите да ги прочистаТ и прошират каналите и изградат нова канализација, да не потонеме у лајна. Преку вакви примери гледаме колку нашите градски “татковци“ си го работат мандатот.
Зошто во Виена нема поплави, затоа што градеа армирани валови и систем на канализација уште во 19 век.
Има доста примери од скопската околина каде што има нон стоп поплави. Имено колку и да има акции за чистење на каналите, жителите пак си фрлаат ѓубре на ангро, таму низ цела година и кога ќе дојдат поплави, плачат и покажуваат поплавени подруми на тв.
True story.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom