Прв до врв - планинарска трка на Водно - 1.6.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.535
Поени од реакции
8.300
Веб-сајт
www.flickr.com
На 1 јуни ќе се одржи олимписки ден на Водно со масовна планинарска трка, велосипедска трка и пикник на врвот на планината.

Програма
9.00 Масовен старт на качување од ОУ Кочо Рацин
9.30 Старт за велосипедисти
12.00 Церемонија на доделување награди и прогласување победници
12.30 Пикник и забава со музичка програма, DJ сет и настап на познати музички ѕвезди

Посетителите кои нема да се натпреваруваат ќе можат да пристигнат до врвот на Водно и со жичарницата.

ФБ страна, официјален сајт: http://www.prvdovrv.mk/
 
Може да дојдам на ова со мојот велосипед . Доколку има заинтересирани можеме и од форум да се организираме да одиме на тркава. :)

пс што награди ќе има знае некој ?
 
1. Администратор на Кајгана форум - 1 година
2. Модератор на Кајгана форум - 6 месеци
3. Промена на корисничко име на Кајгана форум - 3 пати
4. Додавање на смајли по желба - 5 нови максимум дозволени
5. 1000 Допаѓања
 
Лоши термини, се поклопува со

MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE: ENTER THE WILDERNESS

https://www.facebook.com/events/1408814879363388/

Спортски настани предвидени за неделата (1јуни):
-MTB tour 1: Манастир-Бешиште-Градешница-Старавина-Зовиќ-Манастир, вкупна должина 49км, total vertical climb 940 метри, 90% off-road
-MTB tour 2: Манастир-Витолиште-Бешиште-Полчиште-Манастир, вкупна должина 42км, 80% асфалт
-road-bike tour: Манастир-Витолиште-Слива-Крушејца-Чаниште-Дуње-Манастир, вкупна должина 105км, total vertical climb 1930 метри,
-планинско трчање: Манастир-Бешиште-Градешница-Старавина-Зовиќ-Манастир, вкупна должина 34км, total vertical climb 1270 метри
-планинарска тура: Манстир-Бешиште-Полчиште-Манастир

стартот на сите спортски настани е предвиден за 10 часот


Велосипедскиот настан „Мариово 2014“ е дводневен вело-настан што ќе се одржи во регионот на Мариово на 31 мај и 1 јуни. Настанот вклучува кампување на отворено во селото Манастир во саботата (31 мај) и две МТБ тури, една road-bike тура, планинско трчање и планинарска тура.
Планирано е оние што се послободни и сакаат да поминат ноќ на отворено да дојдат во петок или сабота (30 или 31 мај) да се запознаат со просторот, да се посети манастирот Свети Никола и околината. Саботата (31 мај) е планирана голема журка на отворено со бенд и диџеи и многу изненадувања.

Стартот на сите спортски активности е предвиден за 10 часот во недела.
И оваа година организаторот добива огромна поддршка од Општина Прилеп.
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници.
Организаторот го задржува правото за измена на рутата и времето во кое било време и истите ќе бидат објавени за време на стартот на натпреварувањето.
Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.
Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.
Информации на телефон 078-400047 Боби
 
1. Администратор на Кајгана форум - 1 година
2. Модератор на Кајгана форум - 6 месеци
3. Промена на корисничко име на Кајгана форум - 3 пати
4. Додавање на смајли по желба - 5 нови максимум дозволени
5. 1000 Допаѓања
Во тој случај да го викнеме @Sungerot Bob на тркава, он со месеци пека за модератор. Ако му се посреќи може и админ да стане. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom