Nokia N95

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Nokia N95 е навистина импресивен мобилен телефон и со право се очекува да биде “top high-end” телефон за 2007 година. На прв поглед се забележува иновативниот “double slide” дизајн и релативно малите димензии за мобилен со толку многу карактеристики и нови технологии. Само дел од нив се пет мегапиксели Carl Zeiss оптика со DVD квалитет на снимање видео (30fps), сите можни опции на конекција (USB, Infrared, Bluetooth 2.0 A2DP, quad-GSM, EDGE, WCDMA, HSDPA, WLAN), интегриран чип за GPS навигација, 150MB внатрешна меморија која може да се прошири со microSD картичка до 4GB, и секако - најновото издание на Symbian-S60 3rd Edition Feature Pack 1. Во продолжение ќе ви пренесеме некои првични информации како изгледа користењето на N95 во реални услови, но со напомена дека телефонот е сеуште во прототип фаза и може да претрпи одредени измени до неговото појавување на пазарот кое се очекува крајот на февруари или почетокот на март.

n95_1%281%29.jpg

Прво што се приметува кога ќе се земе во рака е неговата ергономија која обезбедува одлично лежење и маневрирање со телефонот. N95 спаѓа во онаа категорија мобилни телефони што изгледаат помали во однос на нивните реални димензии. Лизгачкиот механизам е квалитетно изработен со двојна позиција на лизгање, нагоре при што се открива нумеричката
тастатура и надолу за користење на мултимедија копчињата. И во двете позиции одлично влегува во лежиштето без простор за луфта и изместување.

n95_3.jpg
Централната позиција ја завзема прекрасниот 2.6 инчен дисплеј кој е навистина фантастичен како во однос на деталите така и во однос на репродукција на боите, осветленоста и контрастот. Под него се позиционирани главните контролни копчиња кои се добро поставени и лесни за користење, посебно големото S60 копче за апликации односно менито. Со релативно благо туркање нагоре се открива нумеричката тастатура која е изработена со мало испакнување за подобар осет и пружа добар отпор при користењето. Иако тастатурата е релативно мала и полоша во однос на N93, со оглед на димензиите во секој случај е подобра од N80 или N73.



На двете страни од телефонот се наоѓаат стерео звучниците кои пружаат изненадувачки добар стерео-звук, можеби најдобар што сме го слушнале до сега на мобилен телефон. Исто така на левата страна се наоѓа 3.5мм аудио приклучок што покрај USB портот укажува на фактот дека Nokia конечно ги напушта нејзините специјални приклучоци и ги прифаќа стандардните што е навистина за поздравување а нам корисниците ни овозможува низа нови можности за конекција. На десната страна од телефонот се наоѓаат копчињата кои се користат во комбинација со камерата – сликање/снимање, зум и галерија.



Камерата, која е 5 мегапиксели и користи Carl Zeiss оптика се наоѓа на задната страна од телефонот и е заштитена со “ring slider” преку кој што се отвора и затвора објективот. Со отворање на објективот се активира камерата и за сликање/снимање телефонот се држи во хоризонтална позиција а копчето за сликање доаѓа одозгора исто како и кај нормалните дигитални камери. Камера апликацијата има бројни подобрувања и нови функции во однос на претходните модели како на пример 4 ISO подесувања, контраст, прецизност и многу друго.



n95_4%281%29.jpg
GPS навигацијата е една од главните карактеристики и новини кај овој мобилен телефон. Новата MAPS апликација овозможува користење на разни мапи, кои што може да се симнат директно на телефонот преку EDGE/3G/WiFi или прво на комјутер па да се префрлат на телефонот. Мапите може да се гледаат и користат во 2D или 3D и за повеќето земји се детални до ниво на улици. Апликацијата овозможува да барате адреси и локации преку името на улицата, GPS локација или поштенски код. Исто така вградениот GPS може да се користи да ја лоцирате вашата моментална позиција и да внесете дестинација до кај што сакате да одите при што телефонот автоматски ќе ви го прикаже најблискиот пат со “чекор по чекор“ инструкции. Друга интересна можност е на пример кога се наоѓате во странство но и во вашиот град да ги прбарувате т.н. “points of interest” односно музеи, театри,споменици, знаменитости, кафулиња, ресторани, дискотеки, хотели, аеродроми итн. При што телефонот автоматски ја лоцира вашата положба и го пресметува најблискиот пат до местото што сте го одбрале исто така со „чекор по чекор“ инструкции како да стигнете до таму. Nokia N95 со својот вграден GPS може да се користи и во кола со гласовни инструкции како да стигнете до вашата дестинација, исто како и кај останатите GPS уреди што се вградени во помодерните автомобили. Интересна карактеристика е и можноста да се испрати смс со точните координати во случај да се загубите или пак ако и примателот на смс пораката има мобилен телефон со GPS да ја пресмета далечината и најбрзиот пат до вас. Навистина можностите за имплементација на GPS базираните локациски сервиси е огромна и се очекува во иднина да биде наредниот хит во мобилната индустрија.



Со извлекување на телефонот надолу се откриваат мултимедија копчињата за напред, назад, стоп, пауза и плеј. Овие копчиња се користат за мултимедија плеерот и во оваа позиција дисплејот се менува во хоризонтална позиција односно “landscape” која е одлична за гледање видео, слушање музикa (3D stereo и преглед на album art) сурфање на интернет или пак преку ТВ-излезот сето ова да го правите на вашиот телевизор односно музички систем благодарејќи на индустриски стандардизираните портови при што не ви требаат никакви дополнителни адаптери освен каблите кои доаѓаат во пакет или дури безжично ако имате компактибилен телевизор или систем.

Аудио излезот е одличен а тука е и можноста за аудио стриминг преку Bluetooth на безжични слушалки или систем. Меѓутоа кога станува збор за видео N95 открива уште една нова апликација а тоа е Видео Центарот. Преку оваа апликација корисниците ќе можат да пристапат директно до низа on-line видео провајдери. Сега за сега на располагање се различни Nokia видеа, RSS видео со можност за регистрирање на сите веб страни што имаат видео новости во форма на RSS и да ви стигаат директно на телефонот како на пример популарните video podcasts. Но тука е само почетокот бидејќи Nokia во соработка со главните видео провајдери на интернет константно ќе ги надополнува видео провајдерите во оваа апликација. Во моментот кога ќе се појави на пазарот се очекува да биде постигнат договор со YouTube, Blip.tv, Soapbox, Google Video и други.

n95_5.jpg


Nokia N95 работи на S60 3rd Edition Feature Pack 1 што е последната верзија на S60 платформата. Она што е ново во ова издание е спојувањето на Services и Web апликациите во еден одличен нов интернет пребарувач кој меѓудругото има поддршка за RSS, Flash, quick access toolbar, и многу друго што сурфањето на мобилен го прави навистина одлично искуство за разлика до сега кога стануваше збор за интернет на мобилен. Нешто што мора да се проба за да се воочи разликата и напредокот. Секако мора да споменеме дека Nokia N95 поддржува и VoIP телефонија што значи бесплатни или драстично поевтини разговори преку интернет секаде каде што може да се закачите на интернет. Ова станува навистина интересно ако се земе во предвид се поголемиот број бесплатни WiFi “hot spots” во Скопје а да не збориме за светот.



На крајот од ова кратко представување на Nokia N95, природно се наметнува фактот дека ова се само некои од најкарактеристичните можности на новиот “мултимедија компјутер“ од Nokia со кое само “загребавме по површината“ на сите негови функции, карактеристики и можности. Секако сите “hi-tech” уреди од последната генерација си имаат своја цена, и тоа прилично висока. Тоа е случај и со Nokia N95 чија фабричка цена изнесува 550 евра на што ако се додаде царина, данок и заработувачката на продавачот реално може да се очекува дека во малопродажба ќе чини од 750 до 850 евра. Некои со право ќе забележат дека е премногу но сепак имајте во предвид дека со Nokia N95 добивате четири уреди -мобилен телефон, дигитална камера, видео рекордер и GPS навигациски уред спакувани во едно, а времето ќе покаже колку успешно ќе ги замени сите нив.
 
ајмо по 820 евра за една недела ке ги имам али само 5 комада од кои 2 веке ми се нарачани.
 
Ко ќе дое 320 евра за една и пол година урачунај ме мене за смена со п910и

Него шо слушам камерата тапа му била зборат по америчкиве форуми...Shutter speed нешо
 
зашто заБога милога би дал 820 евра за мобилен?
Хелоу!
 
Mac)) напиша:
Ко ќе дое 320 евра за една и пол година урачунај ме мене за смена со п910и

Него шо слушам камерата тапа му била зборат по америчкиве форуми...Shutter speed нешо

не бе... баш добри слики вади али на компјутер. Башка Карл Зејс леки не е заебанција... негативно е тоа што кога сликаш во најголема резолуција, блиските работи скоро и не се гледаат. Т.Е. сакам да кажам дека ако сликаш учебник, буквите нема да се гледаат. Ама ако го сликаш учебникот од 10 метри и зумираш ке иде топ. Друго, ако сакаш од блиску да сликаш нешто можеш да си ја намалиш резолуцијата мислам дека има некои 5-6 големини на резолуција...

Иначе очекувајте овој телефон да падне нагло... исто како Нокиа 7650... ви текнува пред 5 години беше 1400/500 евра. Можам да се пофалам дека ја имав јас прв во Македонија, а татко ми после 2-3 недели мое користење му ја продаде на Митко Караѓозов, и пред некој ден татко ми откупи добро сочувана за 1500 денари а ја продадовме за 2500 денари. Така ке биде и со Н95кава... од 800 евра ке падне на 500, па на 400... па на 300 ке седи доста долго време едно година ипол отприлика и после тоа ке неке никој да го откупува оти ке има проблеми со флетот... знаете дуал Слајд... :uvo:
 
Mac)) напиша:
Ко ќе дое 320 евра за една и пол година урачунај ме мене за смена со п910и

Него шо слушам камерата тапа му била зборат по америчкиве форуми...Shutter speed нешо

кога ке дојде за година ипол овој за 400 евра твојот ке кошта 50 евра хаххаа... сите така викаат, али напротив ке видиш дека нокиава за помалце од 4-5 години ке има пониска цена од твојот.
 
smole напиша:
зашто заБога милога би дал 820 евра за мобилен?
Хелоу!

никој не те тера со сила да ги дадеш.
 
јас лично да би бил манијак по мобилни и ако може татко ми да ми овозможи толку пари би си го земал... не за да се праам фраер туку едноставно добар е на рака... башка интересна работа. Порано да имаш било каков мобилен. Збориме за порано - 1998година. Лугето во тоа време што имаа мобилни макар и мобилен од 50 марки се чувствуваа некако посебно.. мокно... исто како сега да имаш Н95 или така нешто.
 
Mac)) напиша:
А извини на шо би ги дал?

На све освен на скапн мобилен на кој ќе му падне цената

Канон 400Д
Лаптоп
слингбокс
ЛЦД проектор
акци/ја/ии

Башка џабе што има DVB-H tuner што знаци дека ќе моеш да глеаш ТВ само у Албанија,Сингапур,УСА,Италија,Виетнам и Кина.
А и ГПС е мн потребна направа у Македонија, земено во обѕир дека е мн голема а и може да се симнат мапи.:baeh:
 
Еј браво апарат ќе земеш на тоа не паѓа цена :pos:

Ја земав апарат самсунг 3,2 мега пред три години за 18090 а сеа истиот е 7500

Него за другите работи...Нормално ти дека ако си у таа класа која купува н95 ќе ги имаш сите тие работи досеа
 
Mac))Него за другите работи...Нормално ти дека ако си у таа класа која купува н95 ќе ги имаш сите тие работи досеа[/QUOTE напиша:
1. некои од тие работи и незнаеш што значат

2.A ти у која класа си? Напуфкани копуци шо мислат дека ако тато вчера се "збогатил" со некои мизерни 50-60 000 евра, и по default припаѓаат на некоја "класа"?
Да,класа на турбо-фолкераши кои немаат со што да се идентификуваат па мораат со нешто материално,пошто духовното да го имале немаше и покрај малку зголемениот стандард да се идентификуваат со работи кои се напраени за баш такви како нив.

Заклучок: Не е лесно да се скокне од опинци у чевли.
 
:pos: :pos: Не бе ти знаеш затоа не го зимаш овој телефон :pos: :pos:
И не татко ми мене не ми купува телефони као прво...
Као второ реков дека ќе чекам да падне цена...
Као трето веруј ми нејќеш да расправаш за телефони и техника со мене зашто једино Некрофилиа знае више за мобилни и круша за хардверот

Као четврто кое духовно бе? :pos: :pos: Ја телефонот не го купувам да се фурам...ако е за тоа ќе зеам Nokia 8800 Sirroco која исто е 800 евра (пиши си на гугл срч види го тоа чудо)...Телефонов има 5 мега камера,блиц асален (значи не light него блиц ксенон),има екран од 2,6 инчи и 16 милиони бои на кои асално можам да глеам филмчиња (не дека на мојата п910 не можам),има 4 гига можности за проширување,има и Вифи замисли...

Не верувам дека нафураните копуци би го сфатиле овој телефон баш као шо ти не го сфаќаш :wink:
 
Mac)) напиша:
И не татко ми мене не ми купува телефони као прво...

Туку сам си ги заработуваш со твоето знаење за телефони и техника

Mac)) напиша:
Као трето веруј ми нејќеш да расправаш за телефони и техника со мене

Да, не ми се губи време,а и незнам за што би се расправал со тебе,кога имаш изјави од типот на таа под овој параграф-Еј, јас сум најучен иам дури 17 години и сум самобендисан до к***ц!

Mac)) напиша:
...ако е за тоа ќе зеам Nokia 8800 Sirroco која исто е 800 евра

Ете ти,ако знаеше нешо друго освен Нокиа ќе кажеше Верту,ај да те видам сеа бе мангуп?
Да не случајно си видел како изглеа у живо и колку пари е? Епа прогуглај па ќе видиш! да се изразам ко тебе
Да,и пред да прашаш сум видел све од Верту,и тоа двапати,а ти теши се дека нокиа е најјака и најфраерска.


Mac)) напиша:
(пиши си на гугл срч види го тоа чудо)
Тука веќе се глеам дека со употреба на иронија изнудуваш многу насмеани фаци-поради глупата употреба на истата[/QUOTE]




Сони w7+1gb 7мп (мој)
Wow ксенон-што ли е тоа,се мачка на леб?


Mac)) напиша:
2,6 инчи 16 милиони бои на кои асално можам да глеам филмчиња
на 4 мизерни ГБ ќе се изнаглеаш
иПод 60Гб (мој)

Mac)) напиша:
одличен телефон-за самоодбрана и професионална фотографија - одлично фрлени пари

Mac)) напиша:
има и Вифи замисли
за Wifi а и сите останати бежични (а и жични) телекомуникациски технологии можам лекции да ти држам

Mac)) напиша:
Не верувам дека нафураните копуци би го сфатиле овој телефон баш као шо ти не го сфаќаш :wink:

Јас верувам дека сите го сфаќаат телефонов,пошто баш и нема што да се сваќа околу него,ние не ја разгледуваме ел. плоча (ај стручно да се изразам),али ретко кој ги сваќа луѓето како тебе што ме убедуваат дека може телефон како овој да вреди 800 евра
 
Дечко погрешно те учеле една работа дома изглеа...Паметот не иде со годините :pos: :pos:
Значи ти ако имаш 50 години пообразован си од мене у мобилни автоматски :pos: :pos: :pos:

За тоа со татко ми...само ќе ти кажам...мајка ми ми дава пари :wink:
За 4 гига...Еден филм за Нокиа н95 е 120 мега па сеа ти види...
А за телефонот,апаратот и мп3 плеерот нема проблем...Ја не викам дека Нокиава има више место од еден Ајпод,дека слика боље од Sony апаратчиња или пак дека уствари има боље основни опции (call divert,SmS,MMS итн) од еден еве сони ериксон к750и

Ама да прерачунаме...Сони апаратче 7 мегапиксела 350 евра,Иподче од 60 гига-350 евра,к750и 220 евра...Ија 920 евра све на све
Значи ко шо реков, ако си ти у класа која може да дава 920 евра за овие,нема да ти биде проблем да купиш и н95ка
Ај сеа да идеме уште даље...Кај тоа ќе носиш ти апарат,мобилен плус Ајпод со тебе цело време...Уствари земи скејтерски панталони и тоБ ќе ти биде...
Да идеме даље сакаш...да пресметаме тежини на сите па да споредиме со Нокиа н95?
Да идеме еве уште даље...Симбиан коа ќе добие Ајподот и к750ката сосе апаратчето пиши тука...
Чекај да идам даље...Wifi---шо има везе твоето знаење у Вифи кажи ми со тоа што јас го спомнав?
ајподот има Вифи? Апаратчето случајно да не има? Или па имаш ти к750ка со Вифи? На крај уствари ти ќе даеш поише пари за триве и коа ќе идеш у броз кафе нема да моеш да сурфаш :pos: :pos:
А да не идам даље со podcastingot кој ќе се дешава со вифито---нема да ти треба хард диск од 60 гига за да глеаш филмови

Мислам да ја завршиме дискусијава тука зашто очигледно иаме различни ставови во врска со нокиава но бар се слагаме за ценава...
И јас реков не би давал толку пари за мобилен пошо ги неам ама коа ќе видиш дека фабричка цена уствари му е 550 евра уопште не е скупо ако идеш накај Финска случајно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom