Како е постапката на електронска регистрација на фирма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Brilliant
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво,

Во интернет пронајдов некој информации ама незнам дали се комплетни. Дали поминал некој низ таа процедура (сигурно постои човек :) ) и сака да го сподели неговото искуство овде, би помогнал огромно!

Побарав и најдов следно:

Доколку едно лице сака да регистрира фирма во Република Македонија, а тоа сака да го стори по електронски пат, цената ќе биде нула денари.

Доколку сака тоа да биде во хартиена форма, цената за регистрација на фирма останува иста како досегашната, односно 2.300 денари плус останати трошоци.
Кои се тие останати трошоци и колку чинат?
Дали можат тие документи да се испечатат на домашен принтер и да не се плати ништо?


Регистрацијата на фирма по електронски пат ќе ја прави овластен сметководител, којшто ќе биде во директен контакт со лицето кое сака да ја регистрира фирмата, а притоа нема да плати ниту еден денар.
Мора тој овластен сметководител да биде истиот и кој ке ги врши сите понатамошни фактури на фирмата? И, сериозно, 0 денари???

Ве молам коментирајте или додајте поточно.
..ви благодарам!
 
Гледам дека никој не ти одговара, најверојатно нема никој ниту да ти одговори па ќе ти кажам јас што знам бидејќи скоро се распрашував за ова.
Навистина е цената 0 денари по електронски пат ако сакаш да регистрираш и не мора да биде овластениот сметководител и понатамошен сметководител.
Прашав за хартиена форма и ми побараа околу 100 евра. Со тоа што целата работа си ја работи сметководителот.
Ако пак сакаш сама да си регистрираш фирма во хартиена форма на тие гореспоменати 2300 денари додај уште толку за трчање по документи и ќе си завршиш работа.
Мој совет ти е да пробаш по електронски пат да регистрираш фирма. Еве овде има се што ти е потребно, ако нешто не ти е јасно, имаат и email и телефон за контакт.
http://e-submit.crm.com.mk/eFiling/redefault.aspx
 
@Acohipmk До некаде си во право, само има неколку работи кои не се точни.
@Brilliant Да, со измените на ЗТД се воведе електронската регистрација на трговски друштва (ДОО, ДООЕЛ и ТП) како единствена опција за регистрација на истите и истата се врши за 0 денари (навистина). Хартиена форма како опција повеќе не постои, незнам кој ви побарал пари, можда поодамна сте се распрашувале или тој не бил информиран.
Електронски фирма можеш да регистрираш на 2 начини. Едниот е да се обратиш кај регистрационен агент, што уствари е сметководител што има добиено овластување од ЦР, да врши регистрација на трговски друштва и тоа за 0 денари. Поентата зошто сметководителот би имал интерес да ти ги спрема сите документи и да ти ја истера целата постапка бесплатно е во можноста самиот тој да те придобие како иден клиент и да ти води сметковотство на фирмата. Список со вакви регистрациони агенти, со нивни контакт информации можеш да најдеш тука. Регистрациониот агент во никој случај не смее да ти побара пари.
Доколку не сакаш да користиш регистрационен агент, постои втор начин на кој можеш да регистрираш фирма електронски, пак за 0 денари, односно самиот да си ја истераш работата, меѓутоа потребно е да имаш набавено дигитален сертификат, што уствари претставува твој личен електронски потпис, со кој ќе ги потпишуваш документите потребни за основање на трговско друштво. Овластени издавачи на вакви сертификати ти се Т-home и АД КИБС. (во првиот случај сметководителот потпишува за тебе со неговиот дигитален сертификат). Исто така потребно е да си креираш кориснички налог (профил) на страната на ЦР. Преку тој профил ги прикачуваш документите кои претходно дигитално ќе ги потпишеш и електорнски ги праќаш до ЦР.Упатство за креирање имаш тука. Потпишувањето е едноставно и се прави или во Word ili Acrobat reader. Упатство за потпишување имаш тука.
Документите потребни за регистрација можеш да ги најдеш тука. Ова се теркови, ќе треба да внесеш само лични податоци. Решение за регистрирана фирма самиот одбираш дали сакаш да добиеш во електронска форма или во хартиена да си го подигнеш на шалтер во ЦР.
Ако се решиш сам да си ја тераш постапката, овозможена ти е телефонска подршка. Ако нешто не е јасно, повели, ќе пробам да ти помогнам.
 
За сите форми на регистрација на фирма обратете се директно на е-маил на mark2fil@gmail.com или на телефон 072/614-685 или во канцеларија на улица Емил Зола 6, локал 3, Скопје, Кисела Вода. Регистрацијата трае 12 часа.

Линк до локацијата:
1. https://www.facebook.com/AccountantCertiffied/info/?tab=overview
2. https://markfiltaxsolution.wordpress.com/about/
3. https://www.google.com/maps/d/u/0/viewer?mid=zAw2zE0NhLEU.kVV4ojVaeX7c
4. https://www.google.mk/maps/@41.9853...=124.42514&pitch=0!7i13312!8i6656?hl=en&hl=en

Регистрацијата е бесплатна!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom