Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
armin06 напиша:canavaro emerson dojdoa
na dobar pat se diara i esli kol
za kaka roben i cesk se pregovara
Па редно е тоа да се деси,3 години во вода паднаа....добро е што конечно земаа добар централен дефазивец....можеби еден од најдобрите моментално Фабио Канаваро.....плус и Емерсон за средина е супер.....ама мислам дека згрешија што не го земаа и Замброта....како замена за Р.Карлос....ама готово си отиде чоекот во Барса....глеам нешто и Диара пак почнаа да го поврзуваат за Реал...супер ако дојде за во средина.....а Ешли што знам овој играч од никогаш не сум го сакал.....ама они си знаат...според мене најубаво за лева бековска позиција ке беа Фабио Аурелио(ама отиде во Ливерпул),Дел Хорно(изгледа ке иде во Валенсија) или пак Гросо(ама Интер го зема)....а за Кака,Робен и Фабрегас мене лично не ми се верува да ги дадат...ама останува да видиме...кој и да го земат од овие ке биде супер за екипата....ама според мене најпотребен сега им е Робен....им фали едно експлозивно крило како него...башка лево игра...кај што немаат некој стандарден играч за таа позиција....и така па ке видиме уште кој се ке дојде во Реал летово...се надевам нема да трошат пари за плус напаѓачи,имаат доста им се нека зајакнат одбрана и средина малце......не дека не е јака ама фали освежување малце.....:wink:asterix_m напиша:Е оваа годна Реал ке биде сериозен конкурент за 1 место во примера а можеби и ЛШ, бидејки ке го нема Милан
Е да и него го земаа......armin06 напиша:dojde rud van nistelroy aj so sreka
ТРЕТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА "КРАЛСКИОТ КЛУБ"
Ван Нистелрој три години во Реал Мадрид
Холандскиот напаѓач, Руд ван Нистелрој, доцна синоќа потпиша тригодишен договор со екипата на Реал Мадрид, а неговиот трансфер во "Кралскиот клуб" изнесува 15 милиони евра. Тој е трето засилување во летниот преоден рок за најтрофејниот клуб во Шпанија, откако пред неколку дена потпишаа Фабио Канаваро и Емерсон, а колега во белиот дрес ќе му биде поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам. Се уште останува чудно како Алекс Фергусон се согласи да го продаде својот најдобар голгетер од минатата сезона, имајќи предвид дека неколку пати изјави дека нема шанси тој да си замине за помалку од 18 милиони евра, а претходно веќе одби две понуди од Реал Мадрид за Ван Нистелрој. Во текот на денешниот ден, репрезентативецот на Холандија треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе биде официјално претставен на новинарите и симпатизерите на клубот.
Ван Нистелрој дојде во Манчестер Јунајтед во 2001 година од ПСВ Ајндховен за, тогаш рекордни во англискиот фудбал, 28 милиони евра, а оттогаш, на 219 официјални натпревари за "црвените ѓаволи" постигна 150 гола. За него, летово беше заинтересиран и Баерн Минхен, но "баварците" на крајот останаа со празни раце.