Дарко Рундек и Карго Оркестар во Прилеп - 10.05.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.650
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
11438760434d663a2648d80699907044_orig.jpg

Музичкиот херој на некогашната југословенска сцена Дарко Рундек на 10ти мај во Дом на културата “Марко Цепенков“ - Прилеп, со почеток во 20:30 часот пред прилепската публика ќе одржи во придружба на неговото Карго Трио.

Бендот во октомври минатата година објави нова песна Midnight Calypso, со која на публиката и најави дека може да очекува нов албум во блиска иднина, а дотогаш, последно издание на групата останува албумот „Плави авион“, кој излезе во 2010 година.

Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.

Прилепчани ќе имаат вистинска прилика во интимна атмосфера да ги слушнат старите хитови на Хаустор но и новиот материјал на овој неуморен музички номад кој воодушевува со секоја изведба.



Продажни места:
  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат, MPM PRESS, Гоги Драчево, Универзална Сала - Скопје,
Цена:130 денари

Шо значи за премалку пари ја имате можноста да го уживате чоеков со остатокот од составот. Во Скопје чинам е на 9-ти мај, но ја отворам темава затоа што во Прилеп се реткост ваквите настани, па нагласокот го ставам на доживувањето кое не очекува во Прилеп. Јас одам обавезно, за вас не знам :)
 
Озбилно е толку карта? :eek: Или грешка некоја?
 
Ko за паралела, пред едно лето настапуваа на Котор Арт - ЦГ, за разлика од сите манифестации кои просечна им беше по 10-15 евра, овие беа за 5, што за таков стандард беше џабе. За ова посекако ќе го посетам.
 
Ај ако има пак од форумот екипа за овој настан може да договориме нешто ( или за Скопје или за Прилеп ) како за концерот на Архангел.
 
Бев на нивна клупска свирка во Скопје,во Хавана,мислам дека беше 2008 или 2009. Беше фантастично. Уште повеќе што, месец подоцна гостуваа пак во Универзална на Офф Фест и пак го распродадоа концертот без проблем...

Кој може нека не ги пропушта :) Јас земам „засил“ за во Скопје.

П.С. Кога ми кажа брат ми дека ќе дојделе во Прилеп мислев се зафркава.
Браво за потегот.
Порано ваквите клупски свирки (во Медуза или во театар) беа редовни (на пример, ЕКВ, во последните денови од своето постоење), да се надеваме дека ова е само почеток. :)
 
Уште некој ден :)

 
И јас одвај го чекам петок :)
 
Darko bese ekstra i vo Skopje , vo Univerzalna na 09 maj
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom