Се потрудив малку да направам компарација со еко давачките во Германија и компаративно ако се преслика истиот модел во Македонија, бидејќи цело време споредуваме како било таму, како кај нас во однос на плати...
1. Нето плата Германија - 2054 евра, нето плата Македонија -346 евра, однос 6:1.
2. Таксација во Германија / Македонија - 2 евра / 20 денари по g/km CO2, 2 евра/20 денари за 100сс зафатнина на мотор (бензин), 9,5 евра/100 денари за 100сс зафатнина на мотор (дизел). Возилата со емисија на СО2 помала од 110 g/km се ослободени од СО2 такса.
Веднаш се гледа логиката- кој сака да вози дизел, ќе плати 5 пати поскапо заради типот на мотор како поголем загадувач.Колку поголем мотор, толку поскапо- пример, ако вози дизел со мал мотор 1200цц (СО2 под 110 г/км) би платил 114евра / 1200 денари, а ако вози 2500сс дизел (СО2 250 г/км) би платил 237 евра / 2500 денари + 500 евра / 5000 денари = 737 евра / 7500 денари.
Ете зошто на запад се бараат малолитражни возила со мала потрошувачка и со мала емисија на СО2.
Старите возила по самата логика би плаќале поскапо, заради повисоката емисија на СО2, а уште полошо ако се со поголема зафатнина.