Не сакав, ама засакав

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Кое е она јадење кое некогаш не сте можеле да го поднесете, не ви било вкусно, гадно ви било....., па подоцна сте смениле мислење за него, па го додадовте како дел од вашата искрана?


Јас порано од се највеќе што не сум сакал бил гравот, се додека еден ден не пробав кај баба ми грав, па од тогаш се до ден денес гравот е дел мојата исхрана.
Истото беше и со кравјиот кашкавал..... чим го пробам ми се гадеше, се додека не почнав да го употребувам како дел од сендвичите како растопен кашкавал.

:)
 
Како бе не сте можеле да јадете грав? :D
Јас се сеќавам ептен како мал, не сакав печурки. Не дека ги имав пробано, не ми изгледаа добро, а и името беше малку застрашувачко.
Сега ги обожавам луѓето што не сакаат печурки! :) Многу добар додаток се во исхраната, некогаш и јадам онака без ништо.
 
мезалк, како мал неможев ни мирисот да го поднесам. Сега го обожавам, штом почнав со леб да го мацам тој сосот.
 
Ми текна друго :D

Чкембе чорба, мезал'к, боранија, пита со праз
 
Мортадела, порано не можев да ја смислам, само од името ми се повраќаше:вонзем:
 
Печурки, уште не скроз, ама полека ми стануваат ок.
 
Пача или пифтија :pipi:
И јас нејадев пача, се додека не ја пробав како мезе со чашка убава домашна (ладна) ракија :нинџ:
Сега ве прочитав и ми текна...... и јас како мал се гадев од пачата, посебно од тоа белото/проѕирното што е..... ама сега од пачата се си јадам, сега за нејзе викам.... мераци :):love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom