- Член од
- 23 март 2014
- Мислења
- 1.471
- Поени од реакции
- 1.242
- Возраст
- 42
На Скопје ќе му се случи најголемата журка на 26 април (сабота) во специјално адаптираната Метрополис арена, со обезбеден простор и за седење и за стоење, Прљаво Казалиште и Владо Јаневски на Скопје ќе му понудат една сосема поинаква журка.
Во предизборниот молк, наместо да молчиме, гласно да ги пееме најголемите хитови на регионалните ѕвезди Прљаво Казалиште и непоправливиот чаирски романтичар Владо Јаневски.
„Марина“, „Ми плешемо“, „Ту ноч кад си се удавала“, „Мој бјели лабуде“ на една страна и „Од овој ден“,„Црно Тиквешко“, „Чаирска романтика“, „Евергрин“на друга, ќе бидат идеална комбинација различни генерации да живеат една иста сабота и да бидат дел од оваа незаборавна журка која што ја очекува македонската метропола.
Влезниците од денес, се пуштени во продажба на стандардните продажни места во Скопје: Пола Југотон, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, како и низ локалните трафики и продажни локации низ државата.
Цената за да таа една вечер од една иста сцена ги слушате хитовите на Прљаво Казалиште со кои што растеше цела Југославија, како и стиховите на Владо Јаневски на кои што се вљубуваше половина Македонија, се со ексклузивна цена од 350 денари.
Организаторот најавува концертен спектакал кој што нема реприза, со времетраење од нешто повеќе од четири часа. На сцената нема да се појават само легендарните Прљаво Казалиште и Владо Јаневски. Во најава се спомнуваат и специјални гости кои што ќе ја збогатат оваа најголема журка.
Наместо да броите гласови, бројте познати рефрени. Оваа година, на предизборниот молк во Македонија, Скопје ќе биде најгласно, на најголемата журка закажана за 26 април во специјално адаптираната Метрополис арена.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Последно уредено: