НаТочак

  • Креатор на темата Креатор на темата whatto
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не си разбрал @Ne_sum_ja
Пак ќе повторам, само сублимиран заклучок: Однесувањето на рајата зависи од тоа како се спроведуваат законите. Ако не се спроведуваат казните за непочитување на законите, рајата нема да ги почитува законите.

Толку е едноставно. И сам пишуваш како законите не се спроведуваат. Да се спроведуваат целосно и без исклучоци, секој еден па и најголемиот ќутук сељачиште - бргу ќе се научи да ги почитува законите. Се разбира, после неколку последувателни казни кои убаво ќе го изгорат по џебот.

Заради тоа неспроведување на законите од полицијата, овде тоа „каубојско однесување“ е општо прифатено и нормално.
Заради тоа спроведување на законите од полицијата во западните држави (кои ги земаме за пример), таму тоа „каубојско однесување“ не е прифатено ниту нормално.


Без закони, нема ред. Толку е едноставно.
 
Апел од организацијата #НаТочак за учесниците во сообраќајот.
 
Пет илјади нови паркинг места за велосипеди ќе бидат изградени во близина на железничката станица, каде веќе има постоечки 10 000, а се покажале како недоволни. :)

"Суштината на планот на Ван ден Берг за циркулација на сообраќајотбила делење на центарот на градот на 4 секции. За возачите тоа би значело дека е невозможно да се оди од една во друга секција. Тие би требало да прават круг околу центарот на градот, додека, пак, велосипедитите би можеле да се движат слободно по патеки наменети токму за нив. Возењето со автомобил би одзело прилично повеќе време, а патувањето со велосипед би била далку побрза опција на транспорт."

"Во 1977 година, сообраќајниот план бил имплементиран речиси преку ноќ. Биле поставени стотици нови знаци за еднонасочни улици и за промени на насоките. За една ноќ центарот на Гронинген станал недостапен за автомобили. Следното утро хостеси со цвеќе ги поздравувале збунетите возачи на автомобили, делејќи им летоци каде се објаснува новиот план и ситуација."
 
НаТочак предлага: Вака може да изгледа улицата „Цветан Димов“ во Чаир

123620272_3397090537025401_7597390203510807506_o.jpg



море лајк тхис
123620272_3397090537025401_7597390203510807506_o.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom