Избор на средно училиште

  • Креатор на темата Креатор на темата vizzix
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 мај 2013
Мислења
115
Поени од реакции
68
Годинава завршувам основно. Просек: Одличен секоја година.
Сакам да се запишам на школа за графички дизајн или ако има некое училиште каде што се изучува интернет бизнис (како што се курсевите за Adsense, PPD, PPV, PPC, CPA...)
Можам да учам во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Штип па ако знаете нешто во наведениве градови препорачајте ми. Фала :)
 
еми ајде да не одам средна?
Тоа ти е најпаметно оти никој од книга аир не видел,парите што ќе ги дадеш за школо и книги ти се џабе фрлени пари,наместо тоа подоцна можеш да ги инвестираш во некој свој бизнис,а за тоа време да изучиш занает;).Остај ти од владата што излегуваат со транспаренти инвестирај во образовaнието со тоа инвестираш во себе:pos:Они така се заебале на времето и сега сакаат и тебе да те заебат:DИнаку јас од искуство ти кажувам иам факултет завршено,но кога ќе ми текне колку пари имам инвестирано во моето образование со тие пари и сите титули кога би ги продал куќа ќе изградев,остај тоа кога дојдов првпат на работа бев како од небо паднат,ништо од тоа што ми го предавале не ми помогна,додуша пола и повеќе од тоа веќе го имав заборавено оти после 4 години се запослив откако завршив, теорија и пракса нема врска едно со друго чедо.
 
А шо праиме што средното е задолжително, и ако не тргне во прва година навреме неговите ќе треба да платат дебела казна од својот краток џеб? :) И да, до некаде у право си, оние кои учеле гимназија на пример не виделе аир, а оние кои учече стручно? Знам многу луѓе кои се вработија само со ССС (средна стручна спрема), но знам и такви кои и со магистерска уште спијат на тоа уво дека партијата ќе им најде работа.
 
А шо праиме што средното е задолжително, и ако не тргне во прва година навреме неговите ќе треба да платат дебела казна од својот краток џеб?
Добро ако запримети мојот пост повеќе се однесуваше на факултетот и додека пишував цело време мислев на факсот,значи на периодот после основно и средно итн..многу пари се трошат на факс а тоа се џабе фрлени пари според мене.
 
Во општествко каде ти се пропагира дека образобанието никаде не те води (особено средното) е продукт на летаргична утепана у поим дезориентирана генерација која е лесна за манипулација.
 
Годинава завршувам основно. Просек: Одличен секоја година.
Сакам да се запишам на школа за графички дизајн или ако има некое училиште каде што се изучува интернет бизнис (како што се курсевите за Adsense, PPD, PPV, PPC, CPA...)
Можам да учам во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Штип па ако знаете нешто во наведениве градови препорачајте ми. Фала :)
По набројаниве градови претпоставувам си од Велес(пошо е у центарот на набројаните) али како и да е , ние сме мала држава и нема точно баш за тоа , ако планираш да продолжиш понатаму со факултет поточно информатика бидејќи е најблиску со интернет бизнисот :) мој совет ти е да одиш гимназија или пак информатичко во твојот град(повеќе сум за гимназија за да ги немаш тие проблеми со математиките што ги имав јас бидејќи учев економска средно а отидов на финки - смер е-технологии :), сепак твое е да одлучиш.
 
Годинава завршувам основно. Просек: Одличен секоја година.
Сакам да се запишам на школа за графички дизајн или ако има некое училиште каде што се изучува интернет бизнис (како што се курсевите за Adsense, PPD, PPV, PPC, CPA...)
Можам да учам во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Штип па ако знаете нешто во наведениве градови препорачајте ми. Фала :)
Од средна школа не очекувај многу. Не знам дали кај нас има такво нешто специјализирано за дизајн, интернет бизнис. Мој совет ти е запиши се во средно што го бие глас дека е најтешко, реално тоа што ќе го учиш во средно можеби никогаш нема практично да го употребиш ама работната навика ќе ти остане за цел живот како адут.

П.С Исто така контактите од средно/факултет ќе ти бидат од корист.
П.С2 На факултет веќе имаш сигурно избор за специјализација
 
Средното училиште не те спрема за буквално ништо што ќе учиш или правиш понатаму, оди си каде што ти се другарите/ките, да си поминете убо сите заедно дур сте малди да се будалите, сега од средно бравари се запишуваат за пилоти, заеби и дизајн и се, ако знаеш нешто подобри се, ако не гледај туториалс и учки Фотошоп ова она, нема место на светов каде ќе те научат нешто за кое што треба желба и талент, такви работи не се учат.
 
Не ги слушај овие батка. Ја би ти препорачал гимназија. Причината ми е пошто 14 годишна возраст е рана за да се одлучиш строго што сакаш да правиш во животот. Плус така најлесно ќе стекнеш основни знаења од сите области. Нормално, се зависи од тебе. И ја сметам дека образованието кај нас е срање, али ти индивидуално ако си го вложиш трудот ќе си стекнеш убава основа. Па здравје после на факултет ќе се специјализираш на тоа што најмногу ти иде, кога ќе си размислуваш позрело и ќе имаш стекнато повеќе искуство (од сите области, не само од учење, збориме дружење и со пријателите, едноставно добар провод во тој период од животот).

Ако се одлучиш за гимназија, можеме да дискутираме кај можеш најдобар прогрес да праиш :)
 
Годинава завршувам основно. Просек: Одличен секоја година.
Сакам да се запишам на школа за графички дизајн или ако има некое училиште каде што се изучува интернет бизнис (како што се курсевите за Adsense, PPD, PPV, PPC, CPA...)
Можам да учам во Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Штип па ако знаете нешто во наведениве градови препорачајте ми. Фала :)
Нема такво средно школо.

Ама пошто си 14 години, и којзнае колку ќе ти се сменат плановите натаму у животот, најдобро би ти било запиши си се у гимназија. У колку построга, толку поарно.
Имаш у трета година избор нешто као смерови, и ќе можеш да си ги учиш предметите шо ги сакаш повеќе, ама пак не си многу специјализиран, т.е. ако избереш општествено хуманистичка насока можеш да студираш на безброј различни факултети, дури и на тие шо не ти се као препорачани од насоката, у случај да ти се сменат плановите, нели.

А тоа шо сакаш да го учиш, шо го спомна, на интернет безброј туторијали имаш, гледај видеа на јутјуб, читај книги, читај списанија, дружи со кул луѓе.
 
Се сложувам со @UpaDown
Кај нас е таква ситуацијата што, мора да се запишеш во гимназија доколку сакаш да изучуваш такви работи. Па дури и во економско средно да се запишеш, тоа нема да го учиш.
Истото ќе ти биде и за факултет.
Средното и Факултетот (формалното образование) ќе те научи ЗОШТО тоа е така, додека неформалното (организации, вонредни курсеви курци палци...) ДАЛИ треба да биде така.

Затоа на човек му е потребно и формално и неформално образование. Формалното помини го, но не се посветувај највеќе кон него. Сега за тебе е рано - учи си да си бркаш просек за после на факс да те примат државна, а после посветувај се на она што ти е најбитно.
И доколку си при пари, гледај неформалното образование да го посетуваш.
 
кажете некои средни училишта во скопје каде што нема математика... му треба на братучедми нешто ... и слушнав на телевизија нешто за отварање на спортски гимназии на телевизија... знае ли некој нешто за тоа? поздрав!
 
Јас се запишав економско имавме математика во прва и втора,ама само во Деловен секретар и Правeн техничар (во Прилеп) :);)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom