Германски факултет во Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата Nokia789
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
1
Возраст
30
Дали следниов Германски факултет во Бугарија е добар? Под добар подразбирам како прво дали може на факултетот да се стекне знаење а како второ колку е признат во Европа. Не сакам да се запишам на странски факултет а на крај да испадне дека на нашите факултети како што се ФЕИТ и Машинскиот факултет може да се стекне повеќе знаење и да се попризнати во Европа (јас како што слушнав и ФЕИТ и Машинскиот факултет се признати во Европа). Еве ја веб страната на факултетот:
http://fdiba.tu-sofia.bg/?hl=bg
а еве ја и страната на универзитетот на кој припаѓа овој факултет:
http://www.tu-sofia.bg/index.html
 
Едно нешто ќе ти кажам од искуство: не се замарај за тоа кој факултет каде е признаен или кој е подобар. Знаењето не се стекнува на факултет, туку знаењето се стекнува дома. На факултет професорите само ќе те посочат т.е. ќе ти дадат preview. Не очекувај некој таму да ти тура со инка во глава. Ако имаш доволно желба и мотив, од "google" можеш да научиш три пати повеќе и да знаеш 3 пати повеќе од некој одреден студент. Сега сите завршуваат факултет и сите имаат диплома од негде, но се истакнуваат тие што стварно имаат знаење. А тоа зависи само од тебе, а не од факултетот.
 
Сите дипломи издадени во Бугарија од акредитирани институции се 100% признати во
Европската унија.

Колку знаење ќе добиеш зависи од тебе самиот. И MIT да завршиш, може никакви знаења да немаш.

Општо земено универзитетите во Бугарија нудат подобро образование од соодветните во Република Македонија и што е најважно поголеми можности и подобра реализација. Карактеристично за овој факултет е дека имплементира целосно германскиот образовен систем. Обуката исто така се спроведува целосно на германски.

Гугл може да ти даде знаење, но образование не може да ти го даде. Гугл не може да замени еден образовен систем.
 
Дали следниов Германски факултет во Бугарија е добар? Под добар подразбирам како прво дали може на факултетот да се стекне знаење а како второ колку е признат во Европа. Не сакам да се запишам на странски факултет а на крај да испадне дека на нашите факултети како што се ФЕИТ и Машинскиот факултет може да се стекне повеќе знаење и да се попризнати во Европа (јас како што слушнав и ФЕИТ и Машинскиот факултет се признати во Европа). Еве ја веб страната на факултетот:
http://fdiba.tu-sofia.bg/?hl=bg
а еве ја и страната на универзитетот на кој припаѓа овој факултет:
http://www.tu-sofia.bg/index.html
Друже еден искрен совет......знаење на ФЕИТ не постои.....послушај некој кој го минал тој пат....нема враќање назад да знаеш....запиши се на факултет во Германија ако можеш....прво, ке научиш нов јазик, второ со тој факултет во Германија веднаш се вработуваш а всушност работиш и печалиш и додека студираш ако сакаш де....На таков факултет во Германија ке стекнеш и практично и теориско знаење.....Постави си го прашањето, што ке правиш кога ке дипломираш на ФЕИТ во Македонија...да ти кажам дека најверојатно е келнер, продавач, и да не пишувам натаму....Се би дал да сум на твое место со сегашново размислување...Со среќа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom