Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Мислам дека секој македонски филм во најава заслужува посебна тема, едноставно за да се информираме повеќе, посебно ако се работи за вака поголем проект.
Продукциската куќа „Пиреј Филм" од Скопје, во септември ќе започне со снимање на играниот филм со работен наслов „Чекај ме/Сведок" во режија на Митко Панов.
Играниот филм со работен наслов ,,Чекај ме/Сведок'' ќе се снима на локации во Македонија, Хрватска и Ирскa. Станува збор за aкциона драма во која еден млад приправник од Хаг (Ејдан Тарнер) доаѓа на Балканот со намера да приведе сведок (Бруно Ганц) во процесот против офицер осомничен за злосторства за време на војните во СФРЈ. Но како да му се влезе во трага на еден осаменик без адреса и лични исправи, "штитен" од легион на доброволци и по која цена?
Бруно Ганц како Хитлер во „Downfall
Меѓу главните улоги во овој игран филм ќе се појави и Бруно Ганц веќе докажан и со цврсто изградена репутација швајцарски актер, познат по своите улоги како Дамиел во „Wings of Desire", како Адолф Хитлер во „Downfall" и Професор Рол во „The Reader". Во толкување на главните улоги ќе му се придружи и Ејдан Турнер, актерот од Ирска кој ѝ е препознатлив на публиката како џуџето Kили во триологијата ,,The Hobbit''.
Ејдан Турнер како Kили во ,,The Hobbit“
Извршен продуцент на играниот филм ,,Чекај ме/Сведок'' е Жан Лук Ормиер од Франција, продуцент на повеќе од 40 долгометражни филмови меѓу кои и неговиот прв долгометражен филм ,,Rue Cases Nègres''(Сокакот на шеќерната трска), добитник на наградата Сребрен Лав на фестивалот во Венеција и почестен со Француски Цезар за најдобар прв игран филм.
Филмскиот проект е поддржан од Филмскиот фонд - Агенција за филм на Република Македонија, а како копродукции на проектот „Чекај ме/Сведок", се јавуваат продукциските куќи: ,,Tipi'mages'' од Женева, ,,Samson Films''од Ирска и ,,Mainframe'' од Загреб.
Филмскиот проект е подржан и од Eurimages фондот за поддршка на европскиот филм, основан во 1988 година во кој учествуваат 47 европски држави како членки на овој фонд.
ИЗВОР

Последно уредено: