Дали снимаат камерите на семафорите ?

  • Креатор на темата Креатор на темата vXa
  • Време на започнување Време на започнување

vXa

Член од
1 март 2009
Мислења
126
Поени од реакции
35
Здраво на сите.
Веќе сме 2014 година, а камерите на раскрсниците беа поставени негде 2010/11. Сега ме интересира дали има некој добиено казна или сеуште не функционираат ?
 
За Тетово чув дека функционираат овие сега што ги поставија на централниот кружен тек и оние на првиот кружен тек после подвожњакот на влез за градот.
 
Видео од крајот на 2013 година, со иста порака како претходното од 2012 ПРЕДУПРЕДУВАМЕ, на самото видео може да се видат возила со различни таблици, така да снимаат насекаде
 
Во ред, ако снимаат. Ама дали испраќаат казни или уште се оние предупредувачки ?
 
Не испраќаат казни нит нешто превземаат посериозно. Знам другари ги исклучија семафорите и блокираа сообраќај, после ги најдоа ги начека алфа ова она им вика јака фора ама да не ви се повтори нешто и ништо казна не им даде...
 
Значи никој нема ништо слушнато за некој да добил казна поради тоа што бил фатен на камера ?
 
Хахаха, абе не е проблем тоа, туку проблемот е што веќе е сторен прекршок, па ме интересира дали на некого му има стигнато казна од камериве или сеуште не се во функција :)
 
Хахаха, абе не е проблем тоа, туку проблемот е што веќе е сторен прекршок, па ме интересира дали на некого му има стигнато казна од камериве или сеуште не се во функција :)
Испрскај ги таблиците со лак за паркет и не те фаќа никаде ниедна камера.
На време да си ги испрскал таблиците немало да имаш сега проблем
 
Да, на еден комшија му стигна само предупредување писмо до МВР со се ЦД од снимката како паркира на место каде е забрането.
А ден предтоа имало голема сообракајка на тоа место, па можеби од тогаш ги пуштиле.
Ова во Скопје.
 
За опомена знам дека ги имаа пуштено. Имаше и видео во 2013 од прекршоци, ама сите беа со опомена или воопшто не им имало стигнато. Мора некој од вас да сторил прекршок во изминатиов период (недела, месец) и да каже дали му има стигнато.
 
^па мораше пари да се исперат и на тој начин
 
Јас како што знам, досега на никој му нема стигнато казна. А мислам дека камерите се поставени само во случај на незгода, да се види кој ја предизвикал и втората функција им е во случај на грабеж, убиство и сл. да се следи сторителот на каде се движи. Ама викам чекај да прашам за секој случај да не му има на некој стигнато, ама според одговориве овдека најверојтано не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom