Да е само кровот арно е,гледаш сите ѕидови се испукани,треба комплет да се репарира,најдобар совет сруши ја и изгради си барем две соби,по ќар ќе бидеш.Да се вратиме на кровот,сакаш само да откриеш,и со нови ќерамиди да ја покриеш,или сакаш комплет рушење ќерамиди,граѓа вадење ѕидови комплет?Ако сакаш да го смениш кровот како што треба,пошто гледам е стара куќа,цела граѓа е скапана и трула.Околу,3-4 палети цигли,800-900 кг железо,преку 100 вреќи цемент,2 кубика песок,3-4 кубика граѓа,и околу 1000 и кусур ќерамиди,после за оџакот посебни цигли и башка уште некои ситници,клинци,ова-она.И башка мајсторите колку ќе ти наплатат.Иначе:
1 вреќа цемент е 330 денари,ако земеш поголема количина,имаш попуст може 20 денари од вреќа
1 кубик песок е не повеќе од 1000 денари,башка 100-200 денари за трактористот освен ако немаш ти превоз да си донесеш
1 кг клинци ти е 30-тина денари
1 (една) ќерамида е мислам дека 20-40 денари,зависи каква имаш (Тондах-Винички),Лесковачки
1 цигла исто ти е околу 20-тина денари.
Граѓата и арматурата незнам што пари е.
Се на се,ова е озбилен финансиски зафат,можеби околу 5000-6000 евра кошта гарант и повеќе,пошто испаѓаат многу непредвидени трошкови,мајсторите,пиво,тесли,чекани,мешалици за бетон,кранови итн итн.