Најдена трага за космичка инфлација, најголемо откритие во модерната физика

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorChete
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
http://www.bbc.com/news/science-environment-26605974

Во инфантилниот период на Биг Бенгот се случила огромна експанзија, и истата експанзија би оставила траги во космосот како последица на гравитациони бранови.
Научници кои работат на проектот BICEP2, тврдат дека пронашле такви траги.

Не се разирам многу во ова поле, може некој подобро да објасно, но како и да е, ова откритие е монументално во полето на настанокот на универзумот.
 
На сите страни има нешто за ова, плус беше најавено предходно дека ќе има пресконференција за да го презентират пронајдокот во физиката. Сигурно е нешто ептен битно. Според тоа што го прочитав, гравитационите бранови даваат директен поглед од времето на инфлацијата (ширење на универзумот во раната фаза, т.е. веднаш по биг бенг, што се случило со брзина побрза од светлината) која се верува дека траела од 10-36 до 10-32 секунди по самиот биг бенг.
 
Јас ова го поврзувам со понатамошни откритија во врска со позаднинското зрачење
Како што Ви е познато во 1964 година Penzias и Wilson , случајно го открија заднинското зрачење кое потекнува од Големиот прасок
Сеуште трајат истежувањата на оваа појава и ова за што јави ВВС е само продолжеток на овие истражувања.
Во мометов се анализира ова зрачење. Се работи за врв на науката и тука ние како лаици слабо можеме да дискутираме
http://en.wikipedia.org/wiki/Cosmic_microwave_background
Еве едно предавање на српско-хрватски јазик од 2002 година во кое се зборува во која насока се движат овие истражувања
http://www.phy.pmf.unizg.hr/~kkumer/articles/korcula02proc.pdf
 
Да, најверојатно е откритие за Нобелова награда. Како што Хигсовиот бозон потврди цела една теорија за тоа како честиците имаат маса, така ова откритие ни потврдува теорија со која се поврзува денешниот Универзум со Универзумот моменти после Големата Експлозија.[DOUBLEPOST=1395169216][/DOUBLEPOST]Еве нешто повеќе за ова, преведено :)
 

Attachments

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom