Велосипед возат само 1,4 отсто скопјани

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
http://emagazin.mk/велосипед-возат-само-14-од-скопјани/

Велосипед возат само 1,4 отсто скопјани, другите трпат метеж

D9D41E61FB59E84A916246F65338E8BC.jpg


Прво и најважно, кога на работа доаѓам со велосипед, не се нервирам поради густиот сообраќај во Скопје. На тој начин и двојно штедам - не плаќам за бензин и за паркирањето, кое стана неизбежен и висок трошок во центарот, и главата ми е мирна од казните на пајакот. Возењето на две тркала ми доаѓа и како добра рекреација, бидејќи на работа цел ден седам, вели 52-годишниот Петар Јовановски, кој од велосипедот, како главно превозно средство, се разделува само во најстудените зимски денови. Од својот дом во Kисела Вода до центарот, каде што работи, стасува за 10 минути, што е неспоредливо побрзо отколку со автомобил.

Бројките кажуваат с`

Ако се суди според сообраќајната студија за Град Скопје, Петар е еден од малкутемина жители на метрополата што редовно го користат овој евтин и еколошки превоз. Според таа студија, 30 отсто од патувањата во Скопје се реализираат со јавен превоз, а само 1,4 отсто со велосипед. И покрај тесните грла и сообраќајниот метеж, кој не важи само во шпицовите, автомобилот и понатаму им е омилено превозно средство на скопјани. Доказ за тоа е што само на раскрсницата кај Судска палата, како една од пофреквентните, дневно поминуваат 80.000 до 90.000 возила во сите насоки.

Со вакви навики и бројки станува појасно зошто главниот град се соочува со големо, а зимно време и енормно аерозагадување, кое порано или подоцна ни се одразува на здравјето. Податоците од истражувањата во рамките на Локалниот еколошки акционен план на Град Скопје покажуваат дека загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот изнесува 36,8 отсто, во споредба со останатите извори на загадување - индустрија, домаќинства, енергетика и други - а емисиите на стакленички гасови од транспортот учествуваат со 10 отсто во вкупните емисии на стакленички гасови. Емисиите на јаглероддиоксид на патник во полн автобус се 10 пати помали во споредба со емисиите по еден патник во автомобил.

Патеки има, но се узуприрани

Според прелиминарните пресметки, во Скопје по булеварите има мрежа од велосипедски патеки долга над 60 километри и мрежа покрај Kејот на Вардар од двете страни, долга 20 километри.

Со кусиот коментар „авантуристичко“, Бојан Рантеша од движењето „Kритична маса: На точак“ објаснува зошто малкумина скопјани се решаваат секојдневно да го користат велосипедот.

- Возењето велосипед во Скопје не е толку опасно, колку што е некомфорно. Патеките, за кои погрешно се мисли дека се само за велосипедистите, а всушност се и за инвалидите во количка и за други лица со загрозено движење, се узурпирани и нефункционални поради паркираните возила, билбордите, бандерите, контејнерите... Нема алтернатива, па се вози на улица, каде што е близок контактот со автомобилите. Нивните возачи се себични, не оставаат простор и за другите, па луѓето не се чувствуваат безбедно и се откажуваат од велосипедот. Огромен напредок ќе биде ако само постојните патеки се направат функционални - вели Рантеша.

Се развиваат нови

сообраќајни концепти

Во Градот Скопје истакнуваат дека последниве години се разработува нов пристап за развој на сообраќајните концепти, со кои треба да се унапредат ефикасноста, безбедноста и мобилноста на сите учесници во сообраќајот, но и да се подобри заштитата на здравјето на граѓаните и на животната средина.

Главен проект е пробивање и проширување на булеварската магистрална мрежа и изградба на брзи кружни раскрсници, како и почнувањето на изградбата на подземна сообраќајница покрај Вардар. Се смета дека нивната реализација ќе помогне за поголем проток во сообраќајот, зголемување на безбедноста, намалување на емисијата на штетните гасови, забрзување и зголемена употреба на јавниот превоз. Една од мерките е изградба на велосипедски патеки, изнајмување и користење на велосипедот како рекреативно, но и како превозно средство. Во завршна фаза е комплетирањето на велосипедската патека на левиот брег на Вардар, а во целост е завршена патеката на десниот брег.

- Освен тоа, Град Скопје со проширувањето на булеварите, со реконструкциите на улиците и на тротоарите секогаш прави услови за непречен велосипедски сообраќај. Освен просторните услови, правиме напор и со изнајмување велосипеди да обезбедиме услови за стандардизирање на велосипедот како превозно средство - велат надлежните.

Соња Kазиовска



Франција ќе плаќа за одење на работа на две тркала

Франција со повеќе мерки ќе ги поттикнува своите граѓани повеќе да користат велосипед и најверојатно ќе им плаќа на тие што со него ќе одат на работа. Весникот „Фигаро“ пишува дека министерот за сообраќај Фредерик Kувилије го промовира националниот план со кој се фаворизира возењето на две тркала, особено од дома до работа, а слоганот „метро, работа, кревет“ ќе биде сменет со „велосипед, работа, кревет“. Фирма од Стразбур ја прифатила иницијативата и на вработените им обезбедила бесплатен паркинг за велосипеди, заштитни елеци и кациги, алат за поправка и кабини за туширање. Во Белгија ваквата иницијатива е прифатена во 1997 година и километар поминат со велосипед се плаќа по 21 цент.
 
Одамна, одамна немам фатено точак да возам,едно добри 3/4 години,баш периодот со факулетот кога почнав , го запоставив тотално .... Школо,дома и така цело време,ми влезе навика со автобус да одам само .... до населба да појдам,до пазарче,до другари, автобус сега,а порано шибав нормално со точак и за 15 минути ме фаќаше само до таму ..... :)
 
Не знам од каде им се бројкиве и колку се точни не навлегувам во тоа. Но од кога е почнато „Kритична маса: На точак“ забележувам се повеќе луѓе кои користат велосипед како алтернативен превоз од она што го нуди градот. Не зборам само за оној ден кога се собираат и возат низ Скопје, туку мислам на користење на велосипед од точка А до точка Б секој ден.
Еден од нив сум кој во текот на пролетниот и летниот период користам велосипед.
Пред некој ден односно во четвртокот од Ѓорче до Зелено пазарче избројав 24 љубители на велосипед. Ми влева надеж дека постепено ќе успееме и повеќе да користиме. Но паралелно градот мора да работи на инфрастркутурата потребна за велосипедистите и отстранување на оние кои паркираат автомобили каде што не им е местото.
Има делови од Скопје каде на сред патека иако е обележана е поставен билборд или канта за ѓубре. Сообраќајната култура на возачите но и на велосипедите мора да се менува. (пропуштање, предност, почит едни кон други).
 
Последно уредено:
Има делови од Скопје каде на сред патека иако е оболежна е поставен билборд или канта за ѓубре. Сообраќајната култура на возачите но и на велосипедите мора да се менува. (пропуштање, предност, почит едни кон други).
Дефинитивно. Треба самите да си ги искорениме прво комплексите и тогаш ќе биде супер за сите.
Бидејќи низ градов бројот на некултурните велосипедисти е право пропорционален со оној на некултурните возачи на моторни возила.
 
А има и такви,посебно старциве,има тротоар празен,а тој вози у лента и тоа не се тргаат на страна,туку шиба мајсторот,мисли вози точак со 100 коња...и уште кога ќе ставиш на тоа тресењето на рацете и шантра лево-десно...
 
Единствена причина што не возам толку точак е што ми е страв да не се враќам пешки дома.
 
Единствена причина што не возам толку точак е што ми е страв да не се враќам пешки дома.
Мене ми е страв да не се враќам во Брза Помош.
 
Мене ми е страв да не се враќам во Брза Помош.

ептен е заебано така искрено,се сеќавам,изгребав колено паѓајќи од точак ,па ненормално пече додека вртиш или пак вртиш и ланец ти паѓа ,па мора да го вратиш назад,а лом ќе се напраиш целиот со уље ..... или пак најлошото , ти се дупне гума, влечи го од место до дома ко будала те гледаат .... целиот испотен ,влечеш 100 кила точак со дупната гума ..... кој хорор сум го доживувал .... :place:
 
Точна си е бројкава, во споредба со минатото бројот е зголемен ама сепак е малку, народ попрво ќе трпи гужви, смрдеи, компири и се разно него да си се вози со точак и да си штеди.
Веќе неколку години секој ден сум на точак 20+ км, се качив пред некој месец во автобус после тоа воопшто не ми се влегуваше, златен точак си реков...
Сега па, кога ќе видиш има секаков народ, на некого не му се вергла секој ден до работа сака да си кулира во кола, или да му биде топло во зима (што врска си нема, најдобро време за возење е во зима), него на точак да биде, така да секој со своето. :)
 
Буквално или сум на точак, или во подрум.Во автобус не сум се качил со години.Инаку и кога идам во град со кола.точакот ми е
внатре во кола. Знам блиску низ центар каде да паркирам бесплатно,потоа градот го вртам со велосипед, тоа е оние денови кога мислам нешто повеќе да пазарувам,па ми треба и колата.Инаму ретко ја возам,за работа или во град никако. Ретко возам по патеките.
Па и да сакаш не можеш од паркирани возила. А и од ископани-исечени патеки поради некој довод и така оставено со години.
-------------------
Порано кога немавме,за да возиме точак,одевме во луна парк,си плаќаш карта и возиш во круг 2 минути.Кое задоволство.
Или го крадевме од чале,стариот Рог и го возевме под рам, а потоа ако кажат комшиите се знае,вадење кајшот од панталони.
 
Јас би рекол 1.4 % од граѓаните на Република Македонија дека возат точак.
Проблемот е во тоа што ние сме класа луѓе барем така си мислиме (а сите низ дома крпиме од месец за месец) и си прибираме, понижување е таков мангуп или некоја си така наречена самоназначена пи.ка ти утре да ја видиш со точак. Луѓето низ метрополите ширум Европа (барем кај шо сум видел) нон-стоп си го тераат точакот и ги има во ептен голем процент а замислете која плата ја земаат тамо, ние кутри сироти уште пак прибираме по мое ова е проблемот.
Возам точаче го терам нон стоп, работа, за на фудбал, до банка, до маркет, сметководство, до аптека, до на тренинг речиси секаде, заштедуваш време, стигнуваш побрзо, по лезет ти е, заштедвиш пари.
Си го терам точачето бе шо ми мојте :D
 
Последно уредено:
и јас на лето сум со точак ама не е така лесно ко што е пишано во статијава. Паркирани сегде (не по нивна вина), гуски и говеда што не пазат на пешачки и ќе те соберат, опасност да ти го здрпаат точакот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom