мора да го извадиш грејачот кој е најдоле на една „вланша, но понекогаш оди тешко ако грејачот е раширен,па може и да се искрши при вадење.
1. исклучиго осигурачот за бојлер или од цело купатило.
2. сопри ја водата на вентил.
3. направи си шема на сите доводи-жици-кабли-папучи:Како вадиш,така да потоа пак така ги поврзеш.
4. испуштија сета вода од бојлерот од приклучните црева.
5. оштравија вланшата,сите штрафови на неа.
6 грејачот излегува со се неа,а понекаде и тој сам се вади посебно.
7. спреми една кофа или вангла под отворот на бојлерот.
8. ако не излегува вланшата поради грејачот,потпомогни со некоја хебла или слично.
9. со рака или со нешто друго го вадиш каменецот кои понекогаш е како тесто и го има голема количина.
10.ако има и на грејачот каменец,уклучи го на суво на струја кратко време и тој ќе падне.
11.набави си нов дихтон за вланшата на грејачот.
12 ако купуваш нов грејач,пробај да најдеш од инокс-бел не бакарен,тие помалку ваќаат каменец.
13 секогаш наштелувај го термостатот на помала температура доволна е 70-80 ст.
--------------------
најдобро е ако имаш некое црево па внатре со притисок вода да го испереш цел бојлер[DOUBLEPOST=1394369436][/DOUBLEPOST]
напишав прочитај...абре ти машко си бил,сега прв пат уочив