Половни камиони -избор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikolov82
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 октомври 2012
Мислења
224
Поени од реакции
70
Локација
Виница
Здраво
Земи DAF, пффф само Volvo, абе какво Volvo, Man ти е најдобра машина.....

Значи прашањето е половен камион сака да купи братучед ми - и толку од критериумите.
Според Вас кој прави најдобри камиони и што е најисплатливо како половен камион.

Поздрав
 
Само Сканија друго ништо. Татко ми има и сканији и мерцедеси. Од сканијите е презадоволен, мерцедесите внатре се покомпактни со поголем простор ама трошат повеќе нафта од сканијата. Волвото според мене многу кварови има, човек што познавам зема на ново и послем година и пол го продаде зошто се појавува многу кварови. За ивекото го бие лош глас поради фактот што се многу поефтини како возила и луѓето мислат дека поради тоа нешто им фали. Ама сосема напротив се покажаа како многу издржливи. Познавам многу луѓе што возеле преку 20год ивеко и поминале преку милиони километри и уште се задоволни од возната состојва на тие камони. Другите марки не ги познавам баш добро.
Само знај дека Сканија, Мерцедес и Волво се поскапи од другите зошто тие три марки се како бмв,ауди,мерцедесот во автомобилската индрустрија.[DOUBLEPOST=1393880052][/DOUBLEPOST]И само од странство нека го купи зошто луѓето што продават во Македонија камионите ги продават поради тоа што нешто им фали, а во странство луѓето ги мењат камионите на секој 5-6 години.
 
Последно уредено:
Зависи колку половен, татко ми прво возеше Даф, па имаше стално ситници за поправање, додека мислам за камион поскап и најретко шо се продава е Мерцедес, а татко ми моментално вози негов Ман 19.403 презадоволен е , можда троши 2-3 литри повеќе од Сканиата ама е така многу поефтин за одржување, Сканиата има најниска потрошувачка ама доста скапи делови а и стално излегуваат ситни дефекти. Сепак мислам дека МАН е најефтин за одржување и строго препорачувам рачен мењач... Волво е супер само има скапи делови. Знам пред 1 година еден во Гевгелија беше купил Сканиа еуро 5 супер и ја гледа еден србин и вика
- Ма све је то лепо само кад би било Сканиа добар камион звао би се Мерцедес.
За наши стандарди препорачувам Мерцедес или Ман, а Ивеко или Рено у камиони не ги рачунам, ако почнува со тој бизнис и ако му е прв камион никако да не зема Волво.
Строго препорачувам МЕРЦЕДЕС или МАН, пошто ќе купува половен камион и јасно дека ќе излеваат ситни дефеци, ама кај Манот и Мерцедесот се најретки дефеците, најмногу делови има за нив и најефтини се. Знам на Манот слаба страна му е бравата што е смешно да се каже како маана, и обично сите си ставаат тастер за секој случај да не останат на патот.
 
Колку буџет има на располагање братучедот ? Каде и што планира да вози ?

1. Волво. За почетник во транспортот е таман. Сервис има тука ако затреба, (а нема многу да му треба).
2. Сканија. Кралот на патиштата. (СА ТРА е сервис за Сканија кај нас, но ептен тазе се).

Ман, Мерцедес Даф, Рено... Ивеко да не спомнувам :D Не би ги препорачал... Сме ги имале повеќето марки, речиси нови (или чисто нови) купени... Така да, или сканија или волво :)
 
Razmisluva za Man do kaj 15 000 evra od germanija. Po zapadna evropa razmisluva da vozi.
 
Последно уредено:
Razmisluva za Man do kaj 15 000 evra od germanija. Po zapadna evropa razmisluva da vozi.
Тоа значи еуро 3/4... Ман (ама нека земе со рачен мењач) или Мерцедес Актрос 1843 :) ... па пиши после тоа за што се одлучил..... И ако во некој случај се мисли за Сканиа, да не зема R во никој случај.
 
DAF XF 95 кое е вашето искуство?
за кој даф мислиш ? еуро 3 или еуро 5 ?... Еуро 5ката на околу 700-800 илјади км максимум почнува да меша вода и улје, тоа им е маана на сите 5ки, а за 3ката мачка у вреќа :D зависи кој го возел
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom