Зависи колку половен, татко ми прво возеше Даф, па имаше стално ситници за поправање, додека мислам за камион поскап и најретко шо се продава е Мерцедес, а татко ми моментално вози негов Ман 19.403 презадоволен е , можда троши 2-3 литри повеќе од Сканиата ама е така многу поефтин за одржување, Сканиата има најниска потрошувачка ама доста скапи делови а и стално излегуваат ситни дефекти. Сепак мислам дека МАН е најефтин за одржување и строго препорачувам рачен мењач... Волво е супер само има скапи делови. Знам пред 1 година еден во Гевгелија беше купил Сканиа еуро 5 супер и ја гледа еден србин и вика
- Ма све је то лепо само кад би било Сканиа добар камион звао би се Мерцедес.
За наши стандарди препорачувам Мерцедес или Ман, а Ивеко или Рено у камиони не ги рачунам, ако почнува со тој бизнис и ако му е прв камион никако да не зема Волво.
Строго препорачувам МЕРЦЕДЕС или МАН, пошто ќе купува половен камион и јасно дека ќе излеваат ситни дефеци, ама кај Манот и Мерцедесот се најретки дефеците, најмногу делови има за нив и најефтини се. Знам на Манот слаба страна му е бравата што е смешно да се каже како маана, и обично сите си ставаат тастер за секој случај да не останат на патот.