Почнува реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковце
Од Клечовскиот мост, Кумановско, денеска почнуваат активностите за реализирање на проектот „Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце“.

На свеченоста по повод започнување на работите за реализирање на железничкиот проект ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија, почнувајќи од Куманово преку Бељаковце, Крива Паланка до Деве Баир, односно до границата со Република Бугарија.
http://alfa.mk/News.aspx?id=72284#.UxNgxs5ew44
Наместо автопат, кон Бугарија ќе градиме експресен пат
Одлуката од пред две години и официјално се потврдува од Јавното претпријатие за државни патишта. Наместо планираниот автопат што требаше да ги поврзува Скопје и Софија, патниот Коридор 8 кон Бугарија ќе се надградува на ниво на експресен пат, со по две коловозни ленти во секој правец. Јавното претпријатие објави оглас за изработка, дополнување и прилагодување на проектната документација за државниот пат А2, на потегот Ранковце – Крива Паланка. Нејзиното комплетирање е влезено во Годишната програма за работа на оваа институција. Со ова промената на стратегијата за изградба на пат од понизок ранг се реализира и на дело.
* Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка
Во согласност со владината стратегија за развој на патната инфраструктура, реконструкцијата и надградбата на овој патен правец ќе се одвива во периодот 2014-2015 година, ако не се добијат прифатливи услови за концесија на целата делница од Романовце до Крива Паланка. Приоритет е ставен на делот од Ранковце до Крива Паланка бидејќи коловозот на оваа делница е во многу лоша состојба. За најмногу 18 месеци треба да се изготви проектната документација, по што би следувал градежниот зафат. Изработката на проектот е проценета на 30 милиони денари, без вклучен ДДВ. Одлуката за тоа која компанија ќе го изработи ќе се донесе на 22 април, датум кој е вметнат во објавениот оглас како краен рок за доставување на понудите и за нивно официјално отворање.
build.mk
За четири години од Кичево до Охрид ќе се патува по автопат

Само еден ден по стартот на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, започна реализацијата и на вториот крупен проект преку подигнатиот кредит од кинеската Ексим банка. Во присуство на премиерот Никола Груевски, кинескиот амбасадор во земјава, министри и пратеници, кај кичевското село Извор денеска беше поставен камен – темелникот на автопатската делница од Кичево до Охрид, вредна 374 милиони евра. Механизацијата на кинеската „Синохидро Корпорација“ во наредните четири години ќе го гради овој капитален проект на три места истовремено, за да се овозможи навремено завршување на работите. Премиерот Груевски во своето денешно обраќање рече дека автопатот Кичево – Охрид како дел од паневропскиот Коридор 8 е највисоката инфраструктурна инвестиција во Македонија во последните 50 години.
Должината на трасата изнесува 57 километри. Изработениот проект предвидува изведба на две коловозни ленти и една помошна лента за застанување за секој правец и зелен средишен појас. Автопатот ќе минува низ тежок планински предел и по неговата должина ќе има 22 мостови вијадукти, 7 армирано – бетонски мостови, шест надпатници и 13 подпатници. Еден од најзначајните инфраструктурни објекти кој треба да се реализира е тунелот „Пресека“ со вкупна должина од 1.990 метри. Домашните градежни компании ќе извршат минимум 49% од вредноста на предвидените работи. Притоа, најмалку 51% од ангажираните работници на градилиштето ќе бидат македонски граѓани. Во согласност со потпишаниот договор, кинескиот кредит е со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени.
Долж целата траса ќе се постави модерна опрема за безбедност во сообраќајот: заштитна ограда, звучни и други сигнални уреди. Максималната дозволена брзина ќе биде ограничена на 120 километри на час. Со денешното започнување на изградбата на делницата Кичево – Охрид, вкупниот број на километри автопат коишто во моментов се градат во земјава се искачи на 132 километри, вклучувајќи ги делниците Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица.
http://www.build.mk/?p=33010