macedon89
Провокатор по вокација
Кога бев прва година на факултет по предметот Анатомија многу ми помогнаја видеата Acland's Video Atlas of Human Anatomy и иако ги гледав пиратски, си ветив дека со првата плата обавезно ќе ги купам 6-те ДВД-ја
.
Исто така на YouTube редовно гледам видеа кои би ми помогнале и на факултет, но и за ширење на моите знаења од други области. На оваа страна се назначени топ 100-те едукационални канали на YouTube и имам субскрибција на неколку од нив. Можам да кажам дека најдобри канали ми се CGPGrey, CrashCourse, SciShow, Veritasium и други кои обработуваат различни теми како Физика, Математика, Историја, Хемија итн. Исто така има и многу канали за учење странски јазици, свирење инструменти, програмирање итн.
Сакам да наведам дека постои и страна Coursera каде има предавања од професори од многу познати универзитети низ цел свет и според нив бесплатно се здобивате со врвно знаење кое ќе ви го подобри животот како на вас, така и на вашето семејство и на околината.
Колку во Македонија луѓето почнуваат да се пренасочуваат од класичните методи за учење кон Едукационални Видеа и дали некогаш видеата би ги истиснале книгите.
Доколку некој гледа вакви видеа наведете кои се вашите омилени канали/страни/видеа.