Средства за чистење во домаќинството

Член од
22 април 2005
Мислења
1.339
Поени од реакции
505
Според вас, кое средство е најдобро за чистење по дома? Паркети, ве-це, плочки, прозори и сл?
 
images
:D :D
 
Последно уредено:
Сода бикарбона, вински оцет 9% и 3% хидроген... Природно, без отрови и неверојатно ефикасно.
 
Според вас, кое средство е најдобро за чистење по дома? Паркети, ве-це, плочки, прозори и сл?
Ајакс и Доместос.

Сода бикарбона, вински оцет 9% и 3% хидроген... Природно, без отрови и неверојатно ефикасно.
Од ова цело правиш комбинација? Нема некоја страшна хемиска реакција од ова? И што се чистиш со ова?
 
Ајакс и Доместос.


Од ова цело правиш комбинација? Нема некоја страшна хемиска реакција од ова? И што се чистиш со ова?

Не, не комбинација, туку зависи за што. На пр. за фуги на плочки, за мувла или дамки на када супер е 3% хидроген.
За славини, мијалници и сл. оцет и сода бикарбона. Прво со прскалка прскам оцет, потоа ставам сода и оставам... на крај само бришам со сунѓерче и тоа свети. На ист начин чистам и шпорет, рерна, мијалник во кујна...
За перење во машина, во делот за прашак се става помалку прашок од обично, и се додава сода до саканата количина. Во делот за омекнувач слободно ставете бел 9% оцет-алиштата мирисаат на чисто и свежо, ама не на и оцет. Може да се стави и сосема малку омекнувач, чисто за дополнителен мирис, инаку меки се алиштата и без него. Јас со употребата на овие средства почнував по малку, со правење проби и навистина се изненадив колку хемикалии користиме непотребно дома (а со тоа и ги дишеме).
Инаку, за хем. реакција-кога ќе се додаде сода врз оцетот, почнува блага реакција, се прави пена, ама не е ништо страшно. Плус, содата му доаѓа како абразив, убаво го надополнува ефектот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom