Еве и неколку фотографии од стара Струмица.
Плоштадот на Струмица во 70тите години , од ова зеленило сеа нема ни 10 % останато , се е бетон.
Баба Лина.

Струмичанката која ги има преживеано 2те светски војни , почина лани на 104 годишна возраст.
Пазарот во Струмица во далечната 1926 година. Денеска на тоа место е малиот парк , одма до собранието. Ако забележите на сликата има растоварено песок , неколку дена после сликата биле поставени темелите на собранието на општина Струмица.

Во тоа време струмичанецот Ристо Тунев имал пилана таму некаде блиску , и кога почнала градбата на собранието засадил Јавор во средината на пазарот. Тој јавор стои до ден денес и мислам дека е најголемото дрво во Струмица , има обем околу метар ипол.
Старата чаршија во Струмица во времето на 2та светска војна.
Струмица неколку дена по ослободувањето на Македонија од Турците. Сликата била поставена на транспарент по повод прослава на ослободувањето на Македонија.
Стариот пазар во Струмица пред изградбата на Глобал.
Струмица од 8500 метри висина.
