Iron Maiden на Калемегдан парк – 17.06.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата izesaki
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 мај 2012
Мислења
26
Поени од реакции
44
Возраст
44
MAIDEN-FBC-FINAL.jpg
Со голема гордост Ви најавувамедека Iron Maiden,ќе одржат свое„headline show“ на 17 јуни на Калемегдан, во рамките на нивната„Маiden England“турнеја. Овој огромен музички спектакл ќе биде прв open air концерт на големиот британски бенд во Србија после нивното гостување во Белград во 1981 година! Калемегдан парк како дел од Белградската тврдина која има историско значење, а се наоѓа во центарот на Белград претставува совршена локација за сите „Maiden“ фанови за стопроцентно Iron Maiden - доживување.


По повод белградското шоу, легендарниот фронтмен Bruce Dickinsonдаде своја изјава:

„Не можеме да дочекаме да го донесеме во Белград „Maiden England“ шоуто, посебно поради фактот што станува збор за таква спектакуларна и историска локација како што е Калемегдан! Секогаш сакаме да свириме во Србија, затоа што фановите се неверојатни и знаеме дека секогаш сме добредојдени. Иако „Maiden England“ турнејата во голем дел е базирана на турнејата „Seventh Son of the Seventh Son“ од 1988 година, сет листата за 2104 година ќе биде малку изменета за да се опфати целиот период од ‘80 - тите, што значи дека многу од песните ќе ги изведуваме за последен пат во живо! Се разбира, носиме запрепастувачко осветлување, нова поставка на бината, разни инкарнации на Eddie, многу пиротехника и сите оние возбудливи работи кои фановите ги сакаат најмногу. Само што овој пат ќе славиме уште повеќе, бидејќи овој концерт претставува завршница на едно големо поглавје и навистина планираме тоа да биде вечер која сите на Калемегдан никогаш, ама баш никогаш, нема да ја заборават!“.

Специјални гости на ова шоу ќе бидат шведскиот метал бенд „Gohst“.

Продажбата на влезниците стартува преку глобалниот „Iron Maiden – fan club“ точно во 10 часот на 25 февруари, а регуларната продажба стартува еден ден подоцна на 26 февруари преку глобалната мрежа на Eventim. Влезниците ќе се продаваат по следните цени и категории: 4500 динари за FAN PIT, 3500 динари ПАРТЕР 1 и 2990 динари за ПАРТЕР 2.


За Македонија, цените адаптирани во денари ќе можете да ги најдете на сајтот на продажната мрежа на www.kupikartizase.com.


Легендарниот менаџер на групата Ron Smallwoodдаде и дополнително објаснување за значење на годинешното гостување во Србија, кое претставува завршеток на „History of Maiden Tours“ проектот, составен од три огромни светски турнеи, со кое се комплетира трилогијата:

„Maiden England“турнејата наиде на неверојатно добар прием ширум светот и како што знаат фановите, базирана е на трилогијата од нашите ДВД изданија од осумдесеттите. Фановите ќе имаат прилика за последен пат во кариерата на Iron Maiden да чујат некоја од песните во живо, со таа разлика што во 2014 година малку ќе ја измениме сет листата, со цел подеднакво да бидат застапени сите три изданија, со еден исклучок од 90-тите, фановите добро знаат за што станува збор.“

Оваа година го означува последниот дел од „Maiden England“ турнејата, која започна во јуни 2012 година во Северна Америка, продолжи во Европа, а подоцна и во Јужна Америка, вклучувајќи го и концертот во Рио де Жанеиро за кој беа распродадени 90.000 влезници во само неколку часа! Истата година бендот постави нови рекорди, на стадионот „Estadio Nacional“ во Чиле свирејќи пред 60.150 фанови, па пред 95.000 луѓе во англискиот „Donington park“ - 25 години после нивниот прв настап на најголемата рок сцена на британскиот остров, што беше и рекорден 5 – ти пат да бидат водечки бенд на гигантскиот „DownloadFestival“! Кога ќе заврши оваа турнеја на овогодинешниот јубилеен 40-ти „SonispehereFestival“ во Кнебворт, шоуто ќе биде видено од преку два милиони фанови ширум светот, што докажува уште еднаш дека „Мејдени“ не планираат да ја прекинат триумфалната низа од цели три децении на самиот врв на метал музиката.

Ваша,
Авалон Продукција
 
IRON MAIDEN:: 17.06.2014 ::КАЛЕМЕГДАН, ПАРК ::БЕЛГРАД

Цена на влезниците во Македонија за најголемиот „open – air“ спектакл во целиот регион:

ПАРТЕР 1 – 1600 денари

ПАРТЕР 2 – 1900 денари

ФАН ПИТ – 2450 денари

Преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com
 
:D Ќе треба да пишуваме на две теми паралелно :P Еден по друг ден во близина се, епа луѓе може да бирате :)
 
Случајно некој дали има фан пит карта за продажба пошо еве пред две недели се потрошиле....
 
Има уште карти за ова?
 
Некој шо купил карта за Iron, а сеа се предомислува? Ако се наоѓа некој таков нека пише слободно, а останатите нема потреба да коментираат без везе ;)
 
Imam ja edna vleznica, ja kupiv pred edna nedela ama od doma ne me pustaat da odam...Demek imalo nesto kako "Ne odi tamu droga klavet vo drogite" :( Ako ti treba kje ti ja dadam, ok pozz.
 
Ako si ja kupil od pred edna nedela znaci za parter e ne e za fan pit. Nisto od biznisot, ja barav za fan pit. ok pozz
 
Ја јасно ви пишав. Ако нема потреба не коментирајте, очигледно никој не ме разбрал..
 
Некој шо купил карта за Iron, а сеа се предомислува? Ако се наоѓа некој таков нека пише слободно, а останатите нема потреба да коментираат без везе ;)
Па во Југотон нема ли веќе карти? Обично за вакви концерти има до последен ден таму.
 
За загревање погледнете го концертот на Maiden на Rock am Ring

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom