Riverside

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Бидејќи пролетта се наѕира уште вака рано у февруари и оти деновиве константно ме тепаат прогресивни правци, ќе претставам дечки кои верувам заслужуваат тема на овај форум.

Riverside+photo.png

Риверсајд, на нашки кажано, прогресив-рок бенд од Полска создаден 2001ва година од страна на нивниот водечки вокал и човек зад бас гитара Mariusz Duda, заедно со гитаристот Piotr Grudziński и тапанарот Piotr Kozieradzki. Во 2003та години во бендот им се придружи и Michał Łapaj кој ги придружува на сентисајзер. Овие момци освен за прогресив рокот имале љубов и кон металот така што нивните дела се доста карактеристични мешајќи ги овие правци на извонредно ниво.

Riverside+PNG.png

Out Of Myself, нивниот деби албум издаден во 2003 година кој има комбиниран прогресив рок/метал звук. Овој албум и беше доста успешен и како еден од најдобрите прогресив албуми во последните години.


Музиката на Riverside е со големо влијание од други постари бендови. Pink Floyd, Anathema, Opeth и Dream Theater се едни од најголемите виновници за нивната музика. Последните шо ги спомнав, Dream Theater, ја имаа нивната поддршка летото 07' година за нивната турнеја.

Во 05' година нивниот втор албум Second Life Syndrome, 07' нивниот трет студиски албум Rapid Eye Movement, кој е воедно и последен дел од трилогијата Reality Dream Trilogy кој се состои и од првите два нивни албуми.

После оваа трилогија, издаваат албум во живо насловен Reality Dream, составен од изведби од трите досегашни албуми.

Една година подоцна, издаваат нов албум , Anno Domini High Definition, воедно нивни четврти студиски албум.


Последниот нивни студиски албум излезе минатата 2013та година под името Shrine of New Generation Slaves.

 
Ви предложувам да слушнете Lunatic Soul. Проектче на басистот од Риверсајд.
 
Се заебав со бендов од шо го преслушав едно време, абе ептен го преслушав, па таа глупа постапка со која се предозирав ме натера се поретко да ги пуштам во иднина.

Страшен бенд се. Последниот албум слабичок им е, али претходното си грми.

Оваа песничка ми беше омилена.

 
Знаете дека им почина гитаристот пред скоро така? Ваљда нема да свират понатаму, освен ако немаат некоја замена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom