Снегот во САД е дел од воен удар, целта е ширење на нов вид чума

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Снежна бура повторно ги зафати северните предели на Соединетите Американски Држави. Снегот врне неколку дена, а не се топи со недели. Минатата недела се крена неверојатна паника околу лажниот снег кој не се топи како обичниот и на собна температура нему му треба многу повеќе време. Во контакт со силен пламен оган, испушта мирис на пластика. Барем така тврдат жителите на САД кои сето ова го снимале и го прикачувале на Јутјуб. Лажниот снег веднаш го поврзале со ХААРП-системот, односно тајното воено оружје. Многу пробуваа да објаснат дека снегот кога е подлежен на интензивен пламен, од цврста веднаш преминува во гасовита состојба. Но, сепак во овој случај не станува збор ни за тоа бидејќи овој снег не се топи ни на собна температура. Вознемирените граѓани одлучиле работите да ги преземат во свои раце. Снегот го анализирале поединци, но и многу приватни лаборатории низ целата земја, а резултатите покажале дека снегот навистина содржи големи количини на алуминиум и бариум. На Јутјуб каналите се поставува уште една теорија. "Сите микроскопски снимки кои ќе ги видите во видеото ги направив јас. Содржината на секоја фотографија е од смрзнат примерок на снег. Мои блиски извори од владата потврдија дека снегот е лажен дури и пред да им ги испратам овие застрашувачки фотографии" - кажува авторот на видеото. Помеѓу останатото, авторот на видеоснимките кажува дека добил потврден одговор на прашањето "Дали станува збор за воен напад", но податоците околу деталите се чуваат како врвна тајна.
Во него, наводно, се содржани различни полимери, едниот од нив е бела "прекривка" со дупчиња во кои се наоѓаат живи организми како и осиромашен ураниум, чија задача е да ги спои живите организми со неживи предмети, со цел да се создаде нов вид на едноклеточни организми, т.е. наноробот. Во снегот се ослободуваат гасови од метан, затоа облаците понекогаш се зелени, напоменува авторот. Пронајдени се и едноклеточни организми кои споени со полимерите создаваат нано киборг полимер-влакна кои се употребуваат во 3Д-принтерите. Многубројни нано честички се концентрирани во внатрешноста на вештачкиот снег, а пронајден е и радиоактивен бариум како и ГМО-организми pseudomonas sprzingae, кои се користат за создавање на мраз на ниски температури со цел да се уништат посевите. Пронајдени се и дехидрирани човечки крвни зрнца кои се во процес на поделба, со цел да создадат чума или некоја епидемија. Авторот напоменува дека клеточните мембрани на црвените крвни зрнца се отворени и заразени со различни патогени кои служат како преносители на болеста до клетките-домаќин. Се на се, целта е ширење на епидемија. Па така може да се заклучи дека на Америка и се заканува воен напад.

Се е природно според мене,мирни се сите влади на светот,светот е прекрасен и ние живееме во прекрасен свет.Што мислите вие ?

Извор
http://vecer.com.mk/?ItemID=0C9F6E9A23B27242887B149BA268E750
 
tinfoil_hat.jpg
 
tumblr_lcwad9aScj1qzracxo1_1280.jpg
Во ист пост ГМО, ХААРП, 3Д принтери, нанороботи и кемтрејлс. Дали сакаш да кажеш дека сите заговори и наводни тајни операции во последниве 200 години ја имале целта да направат Американците сами на глава да си врнат отровен снег?
Pseudomonas Syringae е бактерија откриена уште во седумдесетите. Years before GMO.
 
Веќе трета зима поминав во Америка и еве моја гледна точка. Сторијава погоре е срање во боја. Како тоа снегот не се топи на собна температура бе? Нема да се стопи секако ако температурата во собата е -10 степени. Тоа што снегот надвор не се топи не е никакво чудо. Еве на пример во Чикаго температурата во Јануари била само 6 дена над 0 степени целзјусови, а во Февруари ниту еднаш досега не била температурата над 0 целзјусови. http://www.weather.com/weather/monthly/USIL0225?month=-1 Пред две години исто имаше снежна бура тогаш снегот што беше збиран на паркинзите не се имаше стопено до крајот на Април.
Фејл на годината: Облаците биле зелени? :eek::facepalm: ма немој да ме јебеш бре. кога и каде? А исто сакам да знам кои се тие научниците овие црнциве од видеото погоре?
Сега влето ќе биди многу жешко па ќе речат дека тоа на небото не е всушност сонце туку ласер кој има за цел да ја истреби целата човечка раса. Адиос
 
Не се топел снегот, а надвор -20. Цела зима е под нулата, од што да се стопи од ветерот? Па и кога видов изворот, да ги прашам во Македонија како се топи снегот? :facepalm:

Облаците се зелени преку неделата, а за викенд знаат и виолетови да станат. Страшна епидемија е на повидок.
 
Не се топел снегот, а надвор -20. Цела зима е под нулата, од што да се стопи од ветерот? Па и кога видов изворот, да ги прашам во Македонија како се топи снегот? :facepalm:


Снегот не се топи ни кога е загрен со упаљач, имаш малце погоре видео....не викам дека има вистина во теорииве, ама чудно е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom