Одлично беше. Се од почеток па до крај. На почетокот вртеше диџеј добро рапче. Имаше добри траки од Das efx, Nas, Krs...
После тоа Зад аголот, моментално најактивната рап група кај нас. Одлични беа, нема лош збор за нив. Баш вистинско загревање за тоа што следуваше.
Марчело, Филтери и Исказ. Врв се. За Марчело што и да кажам е веќе слушнато, неам зборови да го опишувам. Посебно ме изненадија Исказ, као прв нивни настап во Скопје. Каков адреналин пука од нив, страшно. Одличен настап имаа, си го направија своето. Публиката позитивно влијаеше на нивната енергичност. Филтери стандард одлична поддршка беа за Марчело. Ненси беше одлична, Министар Лингвиста исто, сите над ниво.
Понос, Позериште, Сузе, Бол и Револт, Један, Краснокалипса, Сунце, Кита, Бубе, Пегла, Лаж, Три Жеље, Куча на промаји и уште многу други песни идеа.
Ми го направи меракот, иако иам замерка за некој песни што не идеа, ама во склоп на сите позитивни околности, некако прогледавме низ тоа.
На крајот имаше време на сите да удоволи и да се слика и потпише со сите што сакавме. Тие што беа, сигурно не се каат.