Црни точки во видот (eye floaters)

  • Креатор на темата Креатор на темата galaxy
  • Време на започнување Време на започнување
G

galaxy

Гостин
Овие летачки заматувања на стаклестото тело се последица на појава на депозити внатре во окото со различна големина, облик, конзистенција, индекс на прекршување на светлото и со различна подвижност.

Floaters.png
floaters_flashes.jpg

Можат да бидат од ембриолошко потекло или стекнати по дегенеративни промени на стаклестото тело или мрежницата (ретината) на окото.
Гледањето на вакви заматувања познато е под името myiodeopsia.
Окото ги забележува овие заматувања заради сенката која овие депозити ја прават врз мрежницата, а можат да се појават во видното поле како поединечни или повеќе бројни.
Се прикажуваат во облик на точкести, кончести творби кои забавено лебдат пред очите.

(volador)-eye-floaters.jpg

Најспецифичен облик на заматување е познат под името Muscae volantes (летечки мушички) кои се во облик на ситни дамки како летечки мушички. Присутни се кај повеќето луѓе, а нивната појава се должи на безначајни структурни остатоци присутни во стаклестото тело на окото од феталниот развој.

Симулација

(Ќе дополнам наскоро)

Повеќе тука
http://goo.gl/RRQuZ
http://youtu.be/w3ZYnPpP1CA
http://en.wikipedia.org/wiki/Floaters
 
Лее од коа сакав да идам на очно да видам што е ова, мислев халуцинирам нешо :pos:
Пс. Се лечи?
 
Јас иам една на левото око, ми се појави пред година дена.

Пс. Се лечи?
колку што знам јас не, ама со тек на време се привикнуваш на точката (во мојот случај) и не ја приметуваш многу многу :pos:
 
Ја мислев нешо трипам, а некад и си се заигрувам си ги летам :LOL:
Ахахах а досега најсериозно мислев оти само јас си играм со чудата... додуша не ни сакав да знам што се :/
 
и мене ми се појавуваат вакви мушички понекогаш (бар тогаш ги приметувам) а најчесто на дневна светлина , ако е јако сонцето а јас немам очила за сонце. Инаку не ми сметале а и ретко ми се појавуваат па не сум бил на лекар, па ако има некој да ми каже дали е нешто сериозно да си знам дали да идам на лекар или не :)
 
Овие „мушички“ вообичаено се присутни од самото раѓање. Значи луѓето ги имале во текот на целиот живот. Свесни за нив стануваат тогаш кога имаат некое друго посериозно наршување кои им го нарушува видот.
Кога ќе ги забележат стануваат сигурни дека овие им се резултат на болеста на окото иако почнуваат да ги забележуваат само заради тоа што обрнуваат повеќе внимание на гледањето.

Не се препорачува третман.
Иако може да се изведе Vitrectomy кај посериозните случаи.
 
Да ти пикаат железа во окото :eek:
 
благодарам што одгатна уште една мистерија за мене.
 
Сега се уфурав и почнаа да ми се причинуваат :/
 
и мене ми се појавуваат вакви мушички понекогаш (бар тогаш ги приметувам) а најчесто на дневна светлина

погледни кон некоја силна светилка и затвори ги очните капаци, ако така ја глеаш точката, дефинитивно е флоатер (многу ми е глуп називов мушичка)... пошто понекогаш се дешава да се причинуваат од многу замор на окото, па со тек на време се губат, ама тие не се гледаат вака на силна светлина.

Глеам сите си кажавте како си играте, па ај и јас. Коа сум у друштво на кафе или кај било, интересно ми е да им го местам (флоатерот) на чело, ептен смешно ми делува, па си се смеам сам ко фрик некој.:eek:
 
Првпат слушам/никад не ми се случило.
 
ne se toa floaters. zboruvas za nesto drugo
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom