што значи сертификат за прием на средства од странство ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lale123
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Возраст
55
Сакам да земам кредит од физичко лице од странство и да го исплатам на триесет месечни рати. Лицето има моја сметка со IBAN i SWIFT од мојата банка.
Untitled.png
Дали овој документ гарантира нешто ?
Ви благодарам на советите.
 
Значи дека некој сака да ти дрпне 115 евра. Го познаваш лицето од странство преку кое би го земал кредитот?
 
Хм ,хм не сум чул,нит дознавам на ваков начин на кредитирање ,но мене ми личи на лихварска или нешто како типот на макро ??? А го познаваш типот од странство или го најде во интернет ??
 
Знаци за превара:

1. Доаѓа од афричка земја Бенин
2. Не знаат математика што секој лихвар треба да ја знае наизуст (320,91 x 30 = 9627,3 а не 7320,91)
 
Од кога у африка пишат сертификати на српски?:D Бенин е држава у африка,а ова на српски.на гугл нема нишо за овај џејмс.гарант некоја превара е за да ти земат пари.
 
Сакам да земам кредит од физичко лице од странство и да го исплатам на триесет месечни рати. Лицето има моја сметка со IBAN i SWIFT од мојата банка.
Прегледај го приврзокот 83476
Дали овој документ гарантира нешто ?
Ви благодарам на советите.

Гарантира, дека ќе се обидат да ти ја испразнат сметката.
Давај им и понатаму податоци... Преиспитај се се' што си им дал до сега и колку од тие работи се твои лични податоци. Обрати се во агенцијата за заштита на лични податоци и побарај совет како да се заштитиш и дали постои ризик да те оштетат со податоците кои си им ги дал до сега.
 
И иди одма во банка затвори ја сметката види да не направиле штета.

П.С После ова части едно пиво и фати книгата да учиш да не паѓаш на вакви превари за мали деца.
 
A.... шо кој кур има Министерство за правда на Бенин да дава кредити???
Види што податоци си дал и бегај подалеку, извести МВР и тоа...
Не приметуваш дека нешто смрди тука?
 
Не па и печатите доле не се многу фејк...

Уште ли бе има луѓе што се лажат по овие работи?
 
1016177_714305908619672_825718331_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom